Светиот Архангел Гавриил

Денес е празник посветен на Светиот Архангел Гавриил. Тој е благовесникот на воплотувањето на Синот Божји. Еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји. Му го јави на Захарија раѓањето на Св. Јован Предвесник и самиот за себе рече: „Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога“ (Лука 1, 19). Неговото име, Гавриил, значи маж – Бог. Зборувајќи за Благовештение Светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде Оној што ќе се роди од Пречистата Дева. Ќе биде значи…

повеќе...

8ми април – Меѓународен ден на Ромите

Осми април е Меѓународен ден на Ромите. Ромите живеат во сите земји на Европа. Според проценките на современите истражувачи, нивнито број во Европа се движи помеѓу 12 – 15 милиони. Од нив околу 70% жиеват во земјите од источна и југоисточна Европна. Најголем број на Роми има во Романија, Унгарија, Бугарија, Словачка, Чешка, Русија, Србија Грција и Македонија. Ромите потекнуваат од Индија и самите меѓу себе се нарекуват Роми (Ром, Рома) или пак Синти (Синто, Синтура). Самото име има ознака на етничка припадност, меѓутоа се користи и за значењето маж.…

повеќе...

Свето Благовештение – Благоец

Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. се смета за тежок празник, некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благоец, прв Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица и.т.н. Поради тоа што Благоец е благ ден тогаш, се верува дека и раната не боли па на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Во Гевгелиско ушите ги дупеле рано наутро уште додека не јаделе за да не добијат краста… Со…

повеќе...

Спомен на чудото во Печерскиот манастир и Преподобен Јаков Исповедник

Спомен на чудото во Печерскиот манастир Двајца другари, Јован и Сергеј, се побратимија пред иконата на Пресвета Богородица во овој манастир. Јован беше богат човек и имаше петгодишен син Захарија. Јован се разболе и пред смртта својот син го предаде на старателство кај Сергеј, на кого што му остави на чување прилично количество злато и сребро, со тоа што да му биде врачено на Захарија кога ќе порасне. Но кога порасна Захарија, Сергеј одрече дека примил било што од умрениот Јован. Тогаш Захарија му побара да се заколне пред истата…

повеќе...

Ќе се служи света литургија по повод празникот Благовештение на Пресвета Богородица

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 7ми април (петок), во катедралната црква „Св. Софија“ – Охрид, со почеток во  08:30 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Благовештение на Пресвета Богородица“, на светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Светиот свештеномаченик Василиј

Светиот свештеномаченик Василиј Презвитер анкирски. Под царот Констанциј трпеше многу од аријанците. Во тоа време се прочу како голем ревнител на Православието и вистински пастир на словесното стадо во Анкира. Потоа кога на престолот стапи Јулијан Отстапник и почна гонењето на христијаните, Василиј јавно го изобличуваше тоа ново нечестие и ги утврдуваше своите луѓе во верата. За ова беше фрлен во затвор. Кога дојде царот Јулијан во Анкира, го изведоа пред него Василиј и царот почна да го наговара да ја остави Христовата вера, ветувајќи му почести и богатство. Василиј…

повеќе...

По повод Денот на Аутизмот дел од Општинската зграда беше осветлена во сино

Во знак на одбележувањето на на 2ри април, Меѓународниот ден на свесноста за аутизам, синоќа дел од зградата на Општина Охрид, беше осветлена во сино. Сината боја е заштитен знак за грижата на лицата со аутизам и потсетник за зголемување на јавната свест за инклузија на овие лица во општественото живеење. Втори април се одбележува како светски ден од 2008 година. Воведен е со одлука на Генералното собрание на ОН, а Македонија се вклучи во одбележувањето од 2010 година. Датумот 2 април е избран во 2007 година од страна на…

повеќе...

Свети Тома, патријарх Цариградски

Свети Тома, патријарх Цариградски Живееше во времето на царевите Маврикиј и Фока, кога патријархуваа Св. Јован Постник и Киријак. Св. Јован ја забележа неговата ревност и неговото големо благочестие и го возведе во чин на сакелариј (намесник) на Патријаршијата, а по смртта на Киријак го избраа за патријарх. Во негово време се случи еден необичен настан. Кога еднаш одеа во литија со крстови, крстовите почнаа сами од себе да се колебаат и да се удираат еден од друг. На ова се зачуди сиот народ. Кога патријархот дозна и се увери…

повеќе...

Свети Јаков, епископ и Исповедник

Свети Јаков, епископ и Исповедник Не се знае ни местото на неговото раѓање ни местото на неговото епископство. Се знае само дека ги исполнил Христовите заповеди, подвизувајќи се многу во пост и во молитва и дека во времето на Копроним претрпел големи беди од иконоборците: глад, затвор и секакво подбивање. Најпосле Му ја предал својата света душа на Бога, Кому верно Му послужил во овој живот. Живеел и страдал во 7 век.

повеќе...

Отслужена света литургија за празникот Недела на Света Марија Египетска

Денес, во Петтата недела од Великиот пост – Недела на преп. Марија Египетска, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Љупчо Симиџиески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

повеќе...