Претседателот Иванов со честитка по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија. „Почитувани сограѓани, Денеска се одбележува Денот на создавањето на албанската азбука. Овој ден се смета за еден од клучните настани за себеидентификација и за промовирање на албанската национална мисла. Идентитетот на народот тесно се поврзува со континуитетот на традицијата. Унифицирањето и стандардизирањето на азбуката е еден од основните елементи со кои се гради културолошката и колективната свест. Негувајќи го јазичното и…

повеќе...

Одбележан Денот на албанската азбука во ОУ „Братство-Единство“

22 ноември – Ден на албанската азбука, е еден од најважните денови во историјата на албанскиот народ. На 22 ноември, 1908 година се одржа Битолскиот Конгрес, еден од најважните политички, културни, научни, јазичн и образовни настани за албанскиот народ. Денешната албанска азбука е резултат од повеќе вековна работа, процес кој траеше околу 4 векoви и заврши на 22 ноември, 1908 година со работата на Комисијата на Битолскиот Конгрес. Битолскиот Конгрес им даде крај на неколку различни ориентални и латински азбуки кои создаваа културна и образовна анархија за албанскиот народ. Од…

повеќе...

Преподобна Матрона Цариградска

Денес е празник посветен на Преподобна Матрона Цариградска. Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека и под името Вавила стапи во машкиот манастир на Св. Васијан во Цариград. Но бидејќи мажот ѝ непрестајно трагаше по неа, таа беше принудена да смени многу места, како Емеса, Синај, Еусалим, Бејрут и најпосле повторно дојде во Цариград. Се замонаши кога имаше дваесет и пет години, а се подвизуваше седумдесет и пет години. Живееше вкупно сто години и кога се упокои…

повеќе...

Отслужена литургија за празникот Собор на Св.Архангел Михаил во манастирот Св. Наум

Денес на празникот Собор на светиот Архангел Михаил и другите бесплотни Сили, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоерејот Никола Христоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

повеќе...

Собор на Свети Архангел Михаил

Денес се прославува светиот Архангел Михаил и останатите небесни сили. Празник познат како Собор на небесните сили. Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето во ангелите гледаа богови, други иако не ги сметаа за богови ги нарекуваа создатели на сиот видлив свет. Лаодикискиот помесен собор којшто се одржа четири или пет години пред I Вселенски Собор, со своето 35 правило го отфрли поклонувањето на ангелите како…

повеќе...

Преподобен Лазар Галасиски

Преподобен Лазар Галасиски Над куќата во којашто е роден се јави столб од светлина. Од своето село Магнезиј отиде на поклонение на Светите места во Ерусалим и таму се замонаши во манастирот на Св. Сава Осветен. По десет години се насели во гората Галасиска и се подвизуваше како столпник. Беше чудотворец за време на животот и после смртта. Царот Константин Мономах многу го уважуваше. На старост се пресели во вечноста, на крајот од 9 век.

повеќе...

Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски

Денес е празник посветен на Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски. Кога блажениот патријарх Александар лежеше на смртна постела, ужалените верни го прашуваа кого го остава зад себе за архипастир на словесното стадо Христово. Болниот патријарх им рече: „Ако сакате да имате патријарх којшто ќе ве учи и ќе ви блеска со добродетел, изберете го Павле, а ако сакате да имате само убав човек и однадвор украсен, изберете го Македониј“. Народот го избра Павле. Но ова не им беше право на аријанските еретици ниту на царот Констанциј, којшто во тоа време…

повеќе...

Светиот великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц

Денес е празник посветен на Светиот великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц. На овој ден се празнува преносот на моштите на Св. Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април. Пред смртта Св. Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот, кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во…

повеќе...

Светите Козма и Дамјан

Денес е празник посветен на Светите Козма и Дамјан. Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка. По смртта на татко им нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И Бог ѝ помогна, та нејзините синови израснаа како две слатки овошки и како два светилници на светот. Беа научени на лекарската вештина и бесплатно им помагаа на болните не толку со лекови колку со името на…

повеќе...

Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј

Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј Роден е во Костурската епархија од родителите Мартин и Параскева. Работејќи со овци Јаков се збогати и со тоа предизвика завист кај својот брат, којшто го наклевети кај Турците како да нашол некое скриено богатство закопано во земја. Јаков побегна во Цариград, каде што повторно се збогати. Еднаш му беше гостин на некој турски бег. Турците јадеа месо, а Јаков постеше. Тогаш му рече оној бег: „Голема е вашата христијанска вера“. И раскажа дека неговата жена била умоболна и дека после сите…

повеќе...