Со низа активности ќе се одбележи 7ми ноември – Денот на ослободувањето на Охрид

Општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борци од народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија организираат низа активности по повод 72 години од ослободувањето на градот Охрид. 07.11.2016 г. (понеделник) 10.00 часот Oбраќање на претставници на Општина Охрид и ОО Сојузот на борците од НОАВМ и полагање цвеќе – Спомен- парк на Револуцијата 10.30 часот Кратка програма на децата од ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ и полагање свежо цвеќе пред Споменикот на Јасна Ристеска (с. Рамне) 11.00 часот Полагање свежо цвеќе: – Споменик на паднатите борци (Градски гробишта) – Споменик на Петре Пирузе…

повеќе...

Св. апостол Јаков, брат Господов

Денес е празник посветен на Св. апостол Јаков, брат Господов. Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел на Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го за свој брат. Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели својот дел со Него. И затоа се нарекува брат Господов. Од почетокот Му беше приврзан. Според преданието тој и во…

повеќе...

Свети Игнатиј, патријарх Цариградски

Син на царот Михаил Рангава. За патријарх дојде после Св. Методиј во 846 година. Во 858 година го симнаа од престолот и го пратија во прогонство. На негово место стана патријарх првиот царев секретар, Фотиј. Но кога на царскиот престол дојде Василиј Македонецот, тој повторно го врати Св. Игнатиј на патријаршискиот престол. Св. Игнатиј управуваше со Божјата Црква со голема ревност и мудрост. Го изгради манастирот на Св. Архангели, во којшто се упокои во Господ во осумдесет и деветтата година од неговиот живот на земјата.

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“ по повод Денот на ослободувањето на Охрид

По повод претстојниот празник, 7ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец” беа вонредно ангажирани на расчистување на спомен обележјата и спомениците. „Беше уреден просторот кај спомениците во Градскиот парк, споменикот на Петре Пирузе (Основен суд-Охрид), споменикот на Јасна Ристеска (с. Рамне), споменикот на Мите Богоески (кај средното економско училиште) и Спомен паркот на револуцијата.“– информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

повеќе...

Свети Иларион Мегленски

Свети Иларион Мегленски Роден е од угледни и побожни родители. Неговата бездетна мајка долго Му се молеше на Бога да ѝ даде едно дете и по нејзините молитви ѝ се јави Пресвета Богородица и ја утеши со зборовите: „Не тагувај, ќе родиш син и тој многумина ќе обрати кон светлоста на вистината.“ Кога Иларион имаше три години, од неговите усни непрестајно се слушаше песната: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот!“ Добро школуван, тој се замонаши во својата осумнаесетта година и основа манастир со типикот на Св. Пахомиј. Трновскиот архиепископ Евстатиј во…

повеќе...

Преподобниот маченик Игнатиј

Преподобниот маченик Игнатиј Од Ески-Загора во Бугарија, од онаа славна Загора којашто на Црквата Божја ѝ даде многубројни свети подвижници и маченици. Се подвизуваше во Скитот на Свети Јован Предвесник на Атон. Драговолно им се предаде на Турците на мачење заради Христа . Го обесија во Цариград на 8 октомври 1814 година. Моштите му се чудтворни. Неговата глава се чува чесно во манастирот на Св. Пантелејмон.

повеќе...

Преподобен Прохор Пчински и Преподобен Јован Рилски

Преподобен Прохор Пчински Бидејќи се молеше за тоа, Бог му го покажа местото на неговиот подвиг. Тоа место беше на брегот на реката Пчиња. Свети Прохор се подвизуваше таму до старост и до својата смрт. Само Едниот Бог знае за сите негови подвизи и искушенија што ги претрпе во текот на овој живот. Но според неговите мироточиви мошти и безбројните чудесни исцеленија, коишто и денес не престанаа, може да се суди за големината на Божествената благодат што му ја подари Бог за неговите големи страдања. Свети Прохор се упокои и…

повеќе...

Светиот апостол и евангелист Лука

Денес е празник посветен на Светиот апостол и евангелист Лука. Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Ерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, Св. Лука беше вбројан меѓу Седумдесеттемина апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус (Лука 24). По слегувањето на Светиот…

повеќе...

Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан

Денес е празник посветен на Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан. Едни од оние коишто се именуваат со ова име мирно се упокоија на 1 ноември. Другите беа каменувани во Рим на 1 јули, а овие третите беа од Арабија и под денешниот датум за нив станува збор. По занимање беа лекари, но кога ја примија Христовата вера ги исцелуваа болните со името на Исус Христос. Заради ова чудотворно лечење за нив се расчу на сите страни. Злобните незнабожци ги фатија и ги одведоа пред кнезот Лисиј во градот…

повеќе...

Лазар Четиридневниот 

Главното празнување му е на 17 март и на Лазарова Сабота во Чесниот Пост. Под денешниот датум се празнува преносот на неговите мошти од островот Кипар во Цариград. Царот Лав Мудриот изгради храм на Св. Лазар во Цариград и неговите мошти ги пренесоа таму во 890 година. Кога после близу илјада години го откопаа Лазаровиот горб во градот Китија на Кипар, најдоа мермерна плоча со натпис: „Лазар Четиридневниот, пријател Христов.“

повеќе...