Преподобниот маченик Андреј

Денес е празник посветен на Преподобниот маченик Андреј. Христијански свештеник роден на Крит. Во времето на гонењето на иконите се покажа како голем поборник на иконопочитувањето. За да го изобличи злочестивиот цар Копроним за неговото иконоборство, Св. Андреј отиде во Цариград. Еден ден царот беше во црквата на Св. маченик Мамант. Андреј влезе во црквата, застана пред царот и јавно пред сите го укори: „Подобро ќе беше цару да си ги гледаш војничките работи и да управуваш со народот одошто да Го гониш Христа и Неговите слуги.“ За ова Св.…

повеќе...

Светиот пророк Осија

Светиот пророк Осија Син Веириин од племето Исахарово. Живееше и пророкуваше 800 години пред Христа. Неговите боговдахновени зборови се наоѓаат во неговата книга составена од четиринаесет глави. Му упати многу укорувања на Израилот и на Јуда за идолопоклонството, пророкуваше за казната Божја за гревовите, ја прорече пропаста на Самарија и на Израилот заради богоотстапништвото, а и милоста Божја кон Јудиното колено. Го прорече укинувањето и престанокот на старозаветната жртва и доаѓањето на Господ и богатството на даровите коишто Он ќе ги донесе со Себе на земјата. Живееше до длабока старост…

повеќе...

Вторник неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 1 ноември (вторник), Празникот на сите светци е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

повеќе...

Свети литургии за празниците Св. Константин Кавасила и Св.Прохор Пчински

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31ви октомври (понеделник), во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ – Охрид, со почеток во 08.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.ап.и ев.Лука и Св. Констанин Кавасила“. На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј (едноцрквие). На 01ви ноември (вторник), во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“, Плаошник – Охрид, со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преп.Прохор Пчински и прен.на мошти на Св.Јован Рилски“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско…

повеќе...

Отворен ден за прашања поврзани со мозочниот удар

Во рамките на своите активности во делот на здравствено-превентвната дејност, а како поддршка на активностите на Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“ од Охрид, насочени кон одбележување на Светскиот ден за борба против мозочен удар и спроведување на кампањата МОЗОЧНИОТ УДАР Е ИЗЛЕЧИВ, Црвен крст Охрид и Здружението „Мозочен удар“ организираат јавен настан – Отворен ден за сите прашања, поврзани со мозочниот удар, каде преку советување за третманот и рехабилитација на лица кои доживеале мозочен удар, како и презентирање на ризик фактори и мерки за превенција и заштита…

повеќе...

Светите славни Четириесет Битолски преподобномаченици

Светите славни Четириесет Битолски преподобномаченици Bо времето кога Османлиите тргнале да го завладеат Балканскиот полуостров, градот Битола (нарекуван уште и Манастир поради бројноста на црквите, манастирите и скитовите) бил голем и добро утврден град. Животот во него прилегал на Црква Божја, а најголема скапоценост, пак, било бројното монаштво, сместено низ многуте манастири и скитови, внатре и надвор во неговата околина. Но општото зло што ги снашло христијaнските земји на Балканот во втората половина на XIV век, не го одминало ни овој, не малку значаен град. Имено, откако османлиските војски без…

повеќе...

Преподобниот маченик Лукијан, презвитер антиохиски

Преподобниот маченик Лукијан, презвитер антиохиски Роден е од благородни родители во Самосат во Сирија. Во младоста стекна мошне широко светско и духовно образование. Овој маж беше познат по ученоста и по подвижничката строгост на животот. Откога го раздаде својот имот на сиромашните, се издржуваше од своите поучни дела и од тоа се хранеше како од некое ракоделие. Ѝ направи на Црквата мошне голема услуга со тоа што според еврејскиот текст поправи многу места од Светото Писмо коишто еретиците сходно на своето изопачено учење ги беа расипале. Заради ученоста и духовноста…

повеќе...

Преподобна Параскева (Петка) – Петковден

Денес се слави празникот посветен на Преподобна Параскева (Петка) –  Петковден. Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови…

повеќе...

Светата великомаченичка Злата Мегленска

Денес е празник посветен на Светата великомаченичка Злата Мегленска. Родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имаа уште три ќерки. Света Злата беше кротка и побожна девојка, мудра со Христовата мудрост и златна не само по име туку и по богобојазливото срце. Еднаш кога излезе по вода, ја фатија некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа. Кога еден од нив ѝ нудеше да се потурчи и да му биде жена, таа храбро му одговори: „Јас во Христа верувам, само за Него знам…

повеќе...

Во четврток отворен ден на АХВ во Охрид

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, во четврток во Охрид (Подрачна единица на Агенцијата за храна и ветеринарство – Општина Охрид ), ќе одржи Отворен ден за компаниите и граѓаните од Охридско – Струшкиот регион. Отворениот ден ќе се одржи од 12,00 до 15,00 часот и на него заинтересираните ќе можат да остварат непосредни средби со претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, да се запознаат со надлежностите и работата на институцијата, да добијат стручна помош во остварувањето на права од областа на безбедноста на храната и храната за…

повеќе...