Преподобен Симеон Столпник – Почеток на црковната година

Преподобен Симеон Столпник Родум Сириец, од родители селани. Во својата осумнаесетта година побегна од родителите и се замонаши. Се предаваше себеси на најтешки подвизи, понекогаш постејќи по четириесет дена. Потоа се предаде на особен подвиг: имено, деноноќно сотеше на столб, во непрестајна молитва. Неговиот столб најпрво беше висок шест лакти, потоа му подигнаа еден од дванаесет, па од дваесет и два, па од триесет и шест, и најпосле столб висок четириесет лакти. Мајка му Марта двапати доаѓаше да го види, но тој не ја примаше, туку од столбот ѝ рече:…

повеќе...

Празник на појасот на Пресвета Богородица

Празник на појасот на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија. Овој ковчег никогаш не се отвараше, с ѐ до времето на царот Лав Мудриот (886 г. – 912 г.). Сопругата на Лав, царицата Зоа, душевно се разболе, и според некое таинствено видение посака врз неа да го положат појасот на Пресвета Богородица. Царот го помоли патријархот, па…

повеќе...

За муслиманските верници денес започнува четиридневното празнување на Курбан Бајрам

Со утринска молитва и ритуалното принесување на курбанот – жртвата, која симболично го претставува приближувањето кон Бога, денес муслиманските верници го започнаа четиридневното празнување на Курбан Бајрам. Градоначалникот Никола Бакрачески со дел од своите соработници, присуствуваше на настанот на кој беа принесени 10 глави – жртва за празникот, а месото солидарно беше поделено на повеќе од 300 семејства од социјално ранливи категории. Во оваа прилика Бакрачески, честитајќи го празникот истакна: „Овој ден ги покажува солидарноста и сомилоста како универзални вредности и ние како заедница која се стреми за искрен соживот…

повеќе...

Инфоден за програмите на Унијата: Креативна Европа-Култура, Европа за граѓаните, Хоризонт 2020 и Еразмус +

Ве известуваме дека Министерството за култура, во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 13 септември 2016 година, со почеток во 10 часот, во Центарот за конференции и студии при НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје организира „Инфоден за програмите на Унијата: Креативна Европа, Европа за граѓаните, Хоризонт 2020 и Ерзамус +“. Целта на настанот е да бидат информирани потенцијалните корисници за можностите што ги нудат овие програми на Европската Унија. Инфоденот е наменет за професионалците од…

повеќе...

Честитка од Заев за Курбан Бајрам: Да дејствуваме за заедничко добро!

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во чест на големиот празник Курбан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до сите граѓани кои го празнуваат. „Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам на Вас, на членовите на Исламската верска заедница, на граѓаните од исламска вероисповед и на сите кои го празнуваат, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз. Духовната сила што ја носи овој голем празник нека биде силен поттик за секого, посилен од секогаш, да застане зад вредностите…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод празникот Курбан-бајрам

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод верскиот празник Курбан-бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија. „Почитуван реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи, Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија, да Ви го честитам празникот Курбан бајрам. На овој празник, верниците од исламска вероисповед принесувајќи жртва – курбан го прославуваат приближувањето на човекот кон Бога. Овој ден е присетување на Ибрахимовата…

повеќе...

Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод Курбан Бајрам

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески по повод верскиот празник Курбан-Бајрам упати честитка до сите охриѓани и граѓани на Република Македонија од исламска вероисповед. „Дозволете ми во овие празнични мигови, да Ви го честитам големиот празник Курбан Бај­рам, со желби да Ви донесе многу радост, благосостојба и мир во ва­ши­­те домови ,љубов и грижа за најблиските. Прославувањето на празникот нека донесе хар­мо­нија во човечките односи, и нека нé потсети на големото значење на меѓусебната доверба, разбирање,дијалог и толеран­ција ка­ко суштински услови за мир и соживот, среќа и општа благо­сос­тојба во нашето…

повеќе...

Муслиманите го слават Курбан Бајрам

Муслиманите имаат два празника: Фитр Бајрам (Рамазан Бајрам или Еид Ал Фитр) и Курбан Бајрам (еид ал адха). Празниците во исламската религија немаат само свечена димензија, туку суштината на празникот и неговата филозофија е многу поголема. Исламските празници следуваат откако ќе се заврши одредена задача или обврска. Фитр бајрам (еид ал фитр) следува по завршувањето на месецот Рамазан, односно на крајот на една важна задача во овој месец: обврската за постење, еден од столбовите на исламот. Додека, Курбан Бајрам се прославува во текот на извршувањето на петтата исламска должност Хаџ.…

повеќе...

Светите Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски

Светите Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски Александар учетсвуваше на I Вселенски Собор во Никеја, наместо престарениот патријарх Митрофан, когошто потоа го наследи. Kога некои философи сакаа да се препираат со него за верата, на едниот од нив му рече: „Во името на мојот Господ Исус Христос ти заповедам да замолкнеш!“ И во тој миг философот онеме. Со својата молитва и на Ариј тој му го прекина животот. Се упокои на возраст од деведесет и осум години, во 340 година. Свети Јован Постник управуваше со Црквата во времето на злиот…

повеќе...

Одбележан Светскиот ден за прва помош

Под мотото „Првата помош за и од децата” волонтерите на Црвен крст Охрид заедно со волонтери на Црвен крст Зеволде и Националниот здравствен сервис (НЗС) од Холандија денес на Градскиот плоштад во Охрид го одбележаа Светскиот ден за прва помош. На еден од поставените пунктови, парамедиците на Црвен крст Охрид и НЗС од Холандија презентираa сложени техники на извлекување на повреден од возило и укажување на прва помош и реанимација со најсовремена опрема и средства, додека на друг пункт најмладите волонтери на Црвен крст Охрид ги покажуваа стекнатите основни знаења…

повеќе...