Светата маченичка Антуса и другите со неа

Денес е празник посветен на Светата маченичка Антуса и другите со неа. Ќерка на богати но незнабожни родители од Селевкија во Сирија. Кога дозна за Христа, Света Антуса со сето срце поверува во Него, тајно појде кај епископот Атанасиј и тој ја крсти. На Крштението ѝ се јавија Божји ангели. Потоа отиде на подвиг во пустина, зашто не смееше да се врати дома кај родителите. Се подвизуваше во пустината дваесет и три години. Душата Му ја предаде на Бога додека клечеше на молитва на еден камен, под којшто заветуваше да…

повеќе...

Светите маченици Агатоник, Зотик и другите со нив

Денес е празник  посветен на Светите маченици Агатоник, Зотик и другите со нив Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера христијанин. На заповед од царот Максимијан, царскиот намесник луто ги гонеше христијаните. При тоа гонење во некое место Карпин го фати Свети Зотик, ги распна на крст неговите ученици, а самиот Зотик го доведе во Никомидија, каде што ги фати и ги врза уште и Агатоник, Принкипс, Теопрепиј, Акиндин, Северијан, Зенон и многу други. Сите цврсто врзани ги поведе во Византија, но патем од рани и изнемоштеност испоумреа Светите Зотик,…

повеќе...

Денот на независноста неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 8 септември 2016 година (четврток), Денот на независноста е неработен ден за граѓаните на Република Македонија.  Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на независноста.

повеќе...

Светиот пророк Самуил

Денес е празник посвете на Светиот пророк Самуил. Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот. Живееше илјада и сто години пред Христа. Роден е во племето Левиево, од родителите Елкан и Ана, во местото Рамат или Ариматеја, каде што подоцна се роди и благообразниот Јосиф. Бездетната Ана со солзи го измоли Самуил од Бога и штом наполни три години Му Го посвети на Бога. Самуил живееше во Силоам крај ковчегот на заветот, а кога имаше дванаесет години имаше вистинско откровение од Бога за казната што му претстои на домот на…

повеќе...

Светиот свештеномаченик Филип, епископ Ираклиски, со свештеникот Север и ѓаконот Хермес

Светиот свештеномаченик Филип, епископ Ираклиски, со свештеникот Север и ѓаконот Хермес Се мисли дека беа Словени. Му служеа на Бога во Тракија, каде што беа предадени на маки. Кога незнабожците јурнаа да ја запалат христијанската црква, Филип храбро му рече на нивниот старешина: „Мислиш дека Бог е затворен во карпите? Он живее во срцата“. Храмот го разорија, а книгите ги запалија и овие свештеници ги одведоа во Едрене, каде што после робија и маки беа исфрлени полуизгорени во реката Марица. Со нив загинаа маченички уште триесет и осуммина христијани. По…

повеќе...

Преподобен Јован Рилски

Денес е празник посветен на Преподобен Јован Рилски. Овој голем подвижник и светилник на Православната Црква се роди близу Софија во местото Скрина, во времето на царот Борис. Се роди од бедни и благочестиви родители. По смртта на родителите се замонаши и се оддалечи во една дива гора и таму во една пештера почна да се подвизува. Овде претрпе многу напади од демоните и од луѓето, од разбојници и од своите роднини. Потоа се пресели на Рилската Планина и се насели во едно шуливо дрво. Се хранеше само со трева…

повеќе...

Светиот маченик Мирон, презвитер

Светиот маченик Мирон, презвитер бил свештеник во некое место во Ахаја, од богат и угледен род, по природа благ и кроток, богољубив и човекољубив. Во времето на царот Декиј, а на денот на Рождеството Христово, јурнаа незнабожците на црквата, го извлекоа Мирон од службата и го ставија на маки. При мачењето во огнот му се јави ангел Господов и го поткрепи. Потоа почнаа да му ја сечат кожата на ленти, од главата до нозете. Маченикот дофати една од овие ленти од својата кожа и со нив го удри мачителот-судија в…

повеќе...

Преподобен Илија Калабриски

Преподобен Илија Калабриски по потекло Грк и настојател на манастирот Меликук во Калабрија, во Јужна Италија. Во времето на иконоборството на Исток многумина источни монаси пребегаа со иконите во Калабрија. Со време во Калабрија многу се распростре монашкиот живот. Калабриските монаси се одликуваа со голема ученост и со голема строгост на животот. Едно време во Калабрија имаше толку многу православни монаси и манастири, што ја споредуваа со древниот Мисир. Православна Калабрија подоцна низ вековите потпадна под охридските архиепископи. Преподобен Илија се упокои во Солун, во 903 година.

повеќе...

Преподобен Јоаким Осоговски

Преподобен Јоаким Осоговски се подвизуваше во втората половина на 11 век на Осоговските Планини, на местото наречено Сарандопор во една пештера. На тоа место подоцна подигна црква еден друг подвижник, Теодор од Овче Поле, на кого Свети Јоаким му се јави во сон. Од моштите на преподобен Јоаким потоа низ вековите се случуваа многубројни чуда.

повеќе...

Неракотворната икона на Господ Исус Христос

Во она време кога Господ го проповедаше Евангелието и исцелуваше секаква болест и мака кај луѓето, во градот Едеса на брегот на реката Еуфрат живееше кнезот Агар, сиот прокажан од лепра. Тој чу за Христос, исцелителот од сите болести и неволји, па испрати некој иконописец Ананија во Палестина со писмо за Христос, во коешто го молеше Господ да дојде во Едеса и да го исцели. Во случај Господ да не може да дојде, му нареди кнезот на Ананија да го иконописа Неговиот лик и да му го донесе, верувајќи дека…

повеќе...