Свети Ирон и светите маченици: архиѓаконот Лаврентиј, папата Сикст и другите со нив

Свети Ирон Христијански философ. Го спомнува Св. Григориј Богослов во своите книги. Мирно се упокои и се пресели кај Господ. Светите маченици: архиѓаконот Лаврентиј, папата Сикст и другите со нив Кога загина папата Стефан (2 август), на негово место беше поставен Свети Сикст, којшто беше роден како атињанин, најпрво беше философ, а потоа го прими христијанството. Во тоа време римските епископи гинеа еден по друг, така што да се стане епископ во Рим значеше да се биде предаден на смрт. Царот Декиј беше решен да го уништи христијанството и папата…

повеќе...

Светиот апостол Матиј и Светиот маченик Антониј

Светиот апостол Матиј Родум од Витлеем, од племето Јудино. Му беше ученик на Свети Симеон Богопримец во Ерусалим. Кога Господ излезе да проповеда за Царството Божјо, тогаш и Матиј им се придружи на оние што Го љубеа Господa, зашто и самиот од сесрце Го љубеше, со сладост ги слушаше Неговите зборови и ги гледаше Неговите дела. Во почетокот Матиј беше прибројан кон Седумдесеттемина помали Христови ученици, но по воскресението на Господ, бидејќи местото на Јуда којшто Го предаде беше испразнето, апостолите со жрепка го избраа Матиј за еден од Дванаесеттемина…

повеќе...

Светите маченици Тријандафил и Анастасиј

Денес е празник посветен на Светите маченици Тријандафил и Анастасиј. Тријандафил беше родум од Загора, а Анастасиј (Спасо) од Радовиш, од струмичката епархија. Обајцата беа Словени, обајцата млади и прости луѓе. Но, љубовта Христова им беше помила од светот и од животот. Животот го дадоа, но Христа не Го изневерија. За Христовата вера пострадаа од Турците, и тоа Тријандафил во Цариград 1680 година, а Анастасиј во Солун, 1794 година.

повеќе...

Света литургија по повод празникот Преображение на Господ Исус Христос

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 19ти август во црквата „Свети Ѓеоргиј“ – Струга, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преображение на Господ Исус Христос“ со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско кичевски г. Тимотеј. Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Света мироносица Саломија, Преподобен Козма евнух и Преподобен Антониј Римјанин

Света мироносица Саломија Мајката на Светите апостоли Јаков и Јован. Жена на Заведеј, а ќерка на праведниот Јосиф. Му служеше на Господ за време на Неговиот земен живот и се удостои да биде меѓу првовесниците на Неговото воскресение. Преподобен Козма евнух Монах од лаврата Фаранска. Многу учен во Светото Писмо. Толку ги ценел делата на Св. Атанасиј Велики што му велел на својот ученик: „Кога ќе слушнеш некој збор од книгите на Свети Атанасиј, ако немаш хартија запиши го на рака.“ На старост дојде во Антиохија кај патријархот Григориј (+584г.)…

повеќе...

Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

Православните христијани денес го слават Свети Стефан – летен. Кога злите Евреи го убија со камења Свети Стефан, го оставија неговото тело да го изедат кучињата. Но Промислата Божја сакаше поинаку. Телото на маченикот лежеше на отворено место под градот два дена и две ноќи, а втората ноќ дојде Гамaлиил, учителот на Павле, а потаен ученик на Христа, го зеде телото, го однесе на својот имот во Кафаргамала и овде во една пештера го погреба чесно. Во истата пештера Гамалиил го погреба и својот пријател Никодим, којшто плачејќи над Стефановиот…

повеќе...

Верниците масовно се упатуваат кон пештерната црква „Св.Стефан“

По повод празникот „Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан“ и манастирската слава на манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, вечерва во манастирската црква „Свети Стефан“, се служеше празнична вечерна богослужба. На богослужбата присуствуваа голем број верници од Охрид, околните места, кои палеа свеќи и се молеа за здравје, среќа и благосостојба. Утре во истоимената црква ќе се служи света божествена литургија, со почеток во 8:30 часот. Инаку, Манастирот се наоѓа лево од патот што води од Охрид кон Свети Наум, во истоимената населба. Сместен е во ретко убав…

повеќе...

Седумтемина Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар (Богородичен пост)

Денес е празник посветен на Седумтемина Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар (Богородичен пост). Сите пострадаа за чистата Израилска Вера од царот Антиох, од едни наречен Епифанос (просветлен), а од други Епиманис (безумен). Заради големите гревови во Ерусалим, особено заради грабањето колу архиерејската власт и злосторствата извршени при тие грабања, Бог допушти голема беда на Светиот град. Антиох сакаше да им го наметне елинското идолопоклонство на Евреите по секоја цена и сѐ вршеше во тој правец. Таа негова мисла ја помагаа и некои вероломни архиереи и други старешини ерусалимски.…

повеќе...

Пренос на моштите на Свети Климент Охридски

Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, кај што му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Во Охрид Свети Климент му подигна црква на Св. Пантелејмон.…

повеќе...

Вечерна богослужба и света литургија по повод празникот Св.Стефан

По повод празникот „Пренос на моштите на Св. архиѓакон Стефан“ во манастирот „Св. Стефан“ – Охрид утре (недела) со почеток во 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба. На 15ти август (понеделник) со почеток во 8:30 ќе се служи света божествена литургија. По тој повод манастирот Св.Стефан ги повикува сите православни верници на заедничко прославување на манастирската слава.

повеќе...