Светата великомаченичка Недела

Денес е празник посветен на Светата великомаченичка Недела. Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и бездетни. Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога, воздржувајќи се од сѐ што прават разузданите деца. Кога порасна, прекрасна во телото и во душата, навалија многубројни просци, но таа сите ги одбиваше, велејќи дека е вереница на Господ Христос и дека ништо не сака, освен…

повеќе...

Преподобен Сисој Велики

Денес е празник посветен на Преподобен Сисој Велики. Родум Мисирец и ученик на Св. Антониј. После смртта на својот голем учител Св. Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви. Свети Сисој се подвизуваше шеесет години во пустината и беше како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што…

повеќе...

Наоѓање на моштите на Светата девица Јулијанија

Наоѓање на моштите на Светата девица Јулијанија Ќерка на Олшанскиот кнез. Умрела околу 1540 година, како девица на шеснаесет години. Двесте години по нејзината смрт копачи на нов гроб крај големата црква во Киевската лавра наидоа на моштите на оваа Света девица, а тие беа сосема цели и нетлени, како штотуку да заспала. Од моштите се јавија многубројни чуда, но и самата Јулијанија повеќепати им се јави на некои. Едно такво видение имаше и прочуениот Петар Могила.

повеќе...

Преподобен Атанасиј Атонски 

Преподобен Атанасиј Атонски  Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители. Рано остана сираче, но по Божја Промисла го зеде некој војвода, го одведе во Цариград и го даде да ги изучува науките. Заради својата кроткост и смиреност им беше миленик на врсниците. Во детските игри тие ќе го избереа овој за цар, оној за војвода, а Атанасиј за игумен. Како некое претскажување… Кога заврши со училиштето Атанасиј (до постригот Аврамиј) се оддалечи во Малеинската пустина, близу Света Гора, каде што се подвизуваше како ученик на прочуениот Михаил Малеин. Желен за…

повеќе...

Свети Андреј, архиепископ Критски и Света Марта

Свети Андреј, архиепископ Критски Роден е во Дамаск од родители христијани. Се роди нем и така остана до неговата седма година. Кога родителите го одведоа во црква и го причестија, тој проговори. Толкава е силата на Божествената Причест! Во својата четиринаесетта година отиде во Ерусалим и се потстрижи во лаврата на Св. Сава Осветен. Со разумот и подвигот ги надмина многумина постари монаси и им беше пример на мнозина. Потоа патријархот си го зеде кај себе за писмоводител. А кога почна да свирепствува монотелитската (едноволничка) ерес – којашто учеше дека…

повеќе...

Преподобен Александар

Роден е во Азија, школуван во Цариград. По завршувањето на школувањето се предаде на војничка служба и стана офицер. Читајќи го Светото Писмо наиде на зборовите: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај с ѐ што имаш и раздели им го на сиромасите, и ќе имаш сокровиште на небото, а потоа појди и врви по Мене“ (Матеј 19, 21). Овие зборови извршија такво влијание врз него, што веднаш продаде с ѐ свое, го раздаде и се оддалечи во пустина. После долготрајни подвизи и трудови за своето очистување, ја востанови Обителта…

повеќе...

Света архиерејска литургија за празникот Свети Андреј Критски

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 17-ти јули (недела), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот Св.Андреј Критски, преп. Андреј Рубљов, преп. Марта. Литургијата ќе биде со почеток во 9.00 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник. WebOhrid

повеќе...

Полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква во Цариград

Во времето на царот Лав Велики (458 г. – 471 г.), на царицата Верина и патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости. Во Назарет отседнаа во куќата на една вдовица Еврејка, којашто во тајна одаја ја чуваше ризата на Пресвета Богородица. Многумина болни и неволни добиваа исцеление за своите маки со молитва и со допирот на таа риза. Галвиј и Кандид ја зедоа Светата риза и ја пренесоа во Цариград, а тоа им го објавија на царот и на патријархот.…

повеќе...

Светите маченици Козма и Дамјан

Денес е празник посветен на Светите маченици Козма и Дамјан. Лекари, бесребрници и чудотворци. Овие двајца Светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат од Бога да ги лечат луѓето и животните од секоја болест и мака, и тоа со едноставно полагање на рацете врз нив. За својот труд не бараа никаква награда, од болниот бараа единствено да поверува во Господ Исус Христос. Наследија голем имот, но го раздадоа милостиво на бедните и неволните. Во тоа време во Рим…

повеќе...

Утре ќе се прска против комарци во Дебрца

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека утре, 14ти јули (четврток), екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците.…

повеќе...