Честитка од Груевски по повод празникот Рамазан Бајрам

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до Поглаварот на Исламската заедница во Република Македонија, Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи. Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од моето лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам. Бајрамските празнувања од секогаш биле можност да ги потенцираме вредностите кои ги носат големите празници и воопшто вредностите кои се темел на исламската, но и на повеќе други…

повеќе...

Муслиманите го слават Рамазан-бајрам

Рамазан е најсветиот месец во исламот во кој е објавен Куранот во 610 година. Празникот Рамазан-бајрам се слави по завршувањето на светиот месец. За цело време на светиот месец се држи строг пост. Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистување. Во исламската религија Рамазан е светиот месец кој е деветти во лунарната година и секоја година се поместува за 10 дена наназад. Самиот празник е строга должност – фарз на секој муслиман. Самиот ден кога се слави Бајрам започнува со Рамазан-бајрамска молитва, потоа се оди на гробишта…

повеќе...

Преподобен Наум Охридски Чудотворец

Денес е празник посветен на Преподобен Наум Охридски Чудотворец. Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што…

повеќе...

Светиот апостол Јуда

Еден од Дванаесеттемина. Син на Јосиф и Салома (но не Саломија Витлеемска), а брат на Јаков, братот Господов. Со Салома, ќерката на Ангеј (син Варахиин, Захариев), Јосиф дрводелецот имаше четири сина: Јаков, Јосија, Симон и Јуда. Овој Јуда понекогаш се нарекува и Јуда Јаковов, по брат му Јаков, којшто е попрочуен од него. Своето послание Свети Јуда го почнува вака: „Од Јуда, слуга на Исуса Христа, брат Јаковов.“ Иако и тој можеше да се нарекува брат Господов колку и Јаков, тој тоа не го правеше од смирение и срам, зашто…

повеќе...

Светиот маченик Леонтиј

Беше римски војвода во финикискиот град Триполис, во времето на царот Веспазијан. Родум од Елада, „растолит, снажен, крепок и храбар во битките.“ Царскиот намесник Адријан испрати еден одред војска за да го фати Леонтиј, зашто Адријан им беше јаросен противник и гонител на христијаните. Старешината на тој одред, Ипатиј, по пат се разболе од лута треска, па одредот мораше да го забави својот од. Една ноќ му се јави ангел Божји на Ипатиј, велејќи: „Ако сакаш да бидеш здрав, возвикни трипати кон небесата ти и сите твои војници: „Боже Леонтиев,…

повеќе...

Светите маченици Мануил, Савел и Исмаил

Браќа по тело, Персијанци, од татко незнабожец и мајка христијанка. Крстени и воспитани во христијански дух. И како христијани беа високи чиновници кај царот Аламундар. Беа испратени кај царот Јулијан Отстапник да ги водат преговорите за утврдување на мирот меѓу персиското и грчко-римското царство. Царот Отстапник приреди некаква скверна свеченост за идолите во Халкидон. На таа свеченост царот и големците им принесуваа жртви на идолите. Персиските пратеници отсуствуваа од таа прослава. Царот ги повика и им нареди и тие да земат учество во свеченоста, да им принесат жртви на боговите.…

повеќе...

Вечерна богослужба и света литургија за празникот Св. Наум Охридски

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 2-ри јули(сабота), во манастирот „Свети Наум Охридски“ – Охрид со почеток 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св. Наум Охридски“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. На 3ти јули(недела), со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Петрови пости

Со понеделникот од Неделата на сите Светии започнува постот на светите Апостоли, востановен според црковното празнување на споменот на светите првоначални Апостоли Петар и Павле. Траењето на постот е различно и зависи од периодот на празнување на Пасха. Тој започнува во понеделникот на сите Светии, чија дата е подвижна, а завршува на 12 јули. Најголемо траење на периодот на Петровиот пост е шест недели, а најмалку една недела. Овој пост е востановен во чест на светите Апостоли, кои со воздржание и молитва се подготвувале себеси за проповед на Евангелието низ…

повеќе...

Света Ана и нејзиниот син Јован

Како сираче земена во куќа на големци и како посвоенче однегувана и воспитана таму. Бидејќи добродетелна девојка, овој големец ја омажи за неговиот син. Кога умре старецот големец, навалија роднините врз неговиот син да си ја остави жената од ниско потекло и да се прежени за некоја којашто може да му прилега со богатството. Но синот на големецот се боеше од Бога да го направи ова и не сакаше. Гледајќи го мажот во раздор со роднините, Ана го остави тајно и побегна на некој далечен остров, каде што немаше жива…

повеќе...

Верниците масовно се упатуваат кон манастирот „Сите Светии – Си Свети“ во Лешани

Верниците вечерва масовно се упатуваат кон манастирот „Сите Светии – Си Свети“ во Лешани, по повод празникот посветен на Сите Светии, во народот познат како Сисвети. Голем број верници го посетија манастирот, палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа. Манастирот „Сите Светии“ кој се наоѓа во Лешани, во областа Долна Дебрца, Охридско е единствениот манастир во Македонија кој е посветен на сите светии. По повод празникот утре ќе биде отслужена и света литургија. За многу години!

повеќе...