Честитка од претседателот Иванов по повод еврејскиот празник Пасха

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод големиот еврејски празник Пaсха, упати честитка до г-ѓа Берта Романо-Николиќ, претседател на Еврејската заедница во Република Македонија, како и до сите припадници на Eврејската заедница во Република Македонија. „Почитувана г-ѓo Романо-Николиќ, Ми претставува особена чест и големо задоволство, Вам и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија да Ви го честитам претстојниот празник Пaсхa, денот кога се прославува ослободувањето на Евреите од египетското ропство. Еден од најголемите еврејски празници, празникот Пaсхa во себе ја содржи пораката за слобода, правда и…

повеќе...

Наумоски: Животниот простор на човекот на планетата Земја се повеќе се стеснува, се загрозува и загадува

„Планетата Земја е нашиот секојдневен дом независно дали ние се раѓаме, растеме, образоваме, работиме, се рекреираме или одмараме.“- вели во своето обраќање екологистот, дипломиран инжинер агроном и експерт по аграр и екологија, Лазо Наумоски. „Животниот простор на човекот на планетата Земја се повеќе се стеснува, се загрозува и загадува ги губи основните својства за квалитетен простор за живеење и опстојување во една одредена животна средина. Колку повеќе човекот сакал да ја промени животната средина, толку повеќе ја обременува земјината топка со разновидни деградациони промени кои бараат брзо решавање односно санирање на негативните процеси…

повеќе...

Со низа активности во Охрид ќе се одбележи Денот на планетата земја

Црвен крст Охрид ќе го одбележи 22 април, Денот на планетата земја со низа активности. Во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ на просторот пред седиштето на Црвениот крст децата што ја следат Бреинобреин програмата, заедно со возрасните волонтери од Програмата за грижа за стари лица ќе засадат садници кои ќе ја симболизираат поврзаноста на генерациите преку екологијата и хуманоста. Исто така, најмладите волонтери на Црвен крст Охрид ќе ги изразат своите размислувања и пораки за заштита и зачувување на здрава животна средина преку цртање на плочникот пред Црвен крст Охрид.…

повеќе...

Свети Георгиј Исповедник

Заради големата добродетел што ја стекна со долготраен подвиг, Георгиј беше избран за митрополит митиленски. И светителот управуваше со словесното стадо ревносно и мудро до својата старост. Но кога настана гонењето под Лав Ерменин, којшто ги ништеше Светите икони, овој свет старец беше повикан од царот во Цариград на собор на епископи којшто требаше, според желбата на царот, да го уништи иконопочитувањето. Но Георгиј не само што не направи според желбата на злобниот цар туку со некои храбри епископи стана во заштита на Светите икони. За ова беше исмеан и…

повеќе...

Упокоение на Св. Методиј Солунски – Св. Евтихиј патријарх Цариградски

Роден е во Фригија од благочестиви родители. Татко му беше офицер. Еднаш момчето Евтихиј се забавуваше со своите врсници, а нивната игра се состоеше во тоа што секој го запишуваше своето име на карпата и покрај името оној чин којшто според насетувањето ќе го добијат во животот. Кога дојде на ред Евтихиј, тој напиша: „Евтихиј патријархот“. Во неговата триесетта година стана игумен на еден амасиски манастир. А кога имаше четириесет години, амасискиот митрополит го испрати наместо себеси на Петтиот Вселенски Собор. На Соборот тој заблеска како пресветла ѕвезда меѓу отците…

повеќе...

Најмладите од ОУ „Григор Прличев“ се вклучија во акцијата „Садница плус“

По повод Денот на дрвото, денес учениците од Основното училиште „Григор Прличев“, Охрид, на одделенските часови се вклучија во одбележувањето преку акцијата „Садница плус“. „Целта на оваа ација беше секој ученик да засади семе и на тој начин, без да се попречува воспитно -образовниот процес, учениците да се вклучат. Засадувањето беше интересно и поучно за учениците, а посебен интерес покажаа најмладите.“- велат од училиштето.

повеќе...

Свети Марко Исповедник, епископ Аретусиски (во Сирија)

За неговото страдање известуваат Св. Григориј Богослов и блажениот Теодорит. Според тие извештаи Марко разурнал некој незнабожечки храм во времето на царот Константин и многумина ги превел во христијанската вера. Но кога на царскиот престол седна Јулијан Отстапник, со отпаѓањето на овој цар од верата во Христа и некои аретујски граѓани се одрекоа од Христа и се вратија во незнабоштвото. Сега тие се кренаа на Марко затоа што им го разорил нивниот храм, па побараа или да им изгради храм или да им плати некоја поголема сума пари. Бидејќи старецот…

повеќе...

Преподобен Јован Пустиник

Син на една христијанка Јулијана во Ерменија. Уште како момче ја остави мајка му и побегна во пустина. Сиот пламтеше од љубов кон Господ Христос. Во пустината најпрво се предаде на раководство на духовникот Фармутиј, којшто толку се беше удостоил кај Бога што ангел Божји секојдневно му носеше леб. По извесно време младиот Јован се оддалечи и се повлече во осаменост. Се спушти во еден сув бунар и внатре помина цели десет години во пост, молитва и бдеење. Св. Фармутиј му носеше од ангелскиот леб и му даваше да јаде.…

повеќе...

Преподобниот маченик Евстратиј Печерски, Преподобен Исихиј Ерусалимски и Преподобен Иларион Нови

Преподобниот маченик Евстратиј Печерски Беше многу богат, но заради љубовта Христова го раздаде сиот имот, стапи во Печерскиот манастир и се замонаши. Кога Половците завојуваа на Киев во 1097 година, го ограбија манастирот, многумина христијани и монаси ги убија, а Евстратиј со уште неколкумина верни го продадоа во ропство на некој Евреин во градот Корсун. Овој Евреин ѝ се потсмеваше на христијанската вера и ги принудуваше христијаните да преминат во еврејската вера. А тие, кога видоа дека нема друг излез, решија самите себеси да се усмртат со глад, но од…

повеќе...

Светата маченичка Матрона и Преподобен Јован Проѕорлив

Светата маченичка Матрона како сиромашна девојка беше слугинка во куќата на еден Евреин во Солун. Жената на Евреинот постојано ѝ се потсмеваше за нејзината вера во Христа и ја наговараше да се одрече од Него, а да оди во синагогата. Но кротката Матрона ништо не ѝ одговараше на својата госпоѓа, а тајно Му се молеше на Господ Христос. Еднаш Еврејката дозна дека кришум од неа Матрона отишла в црква, па сета во гнев ја запраша зошто не отишла во синагогата туку в црква. Матрона ѝ одговори: „Затоа што во христијанската…

повеќе...