Од полноќ поскапуваат горивата

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата за половина до еден денар.  Еуросупер БС -98 и Еуродизел поскапуваат за половина денар, додека пак Еуросупер БС – 95 и екстра лесното масло за домаќинство ќе се точат за цена повисока за еден денар. Мазутот ќе поскапе за 0,716 денари за килограм.

повеќе...

Бензинот и дизелот од полноќ поевтини

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе се точат по значително пониска цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.  Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 100,668 $/барел и е за 5,89% пониска од просечната цена на сурова нафта (106,971 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 47,1694 ден/$ и е за 1,79% понизок од курсот на доларот (48,0267ден/$) по кој беа формирани цените.  Референтните цени на нафтените…

повеќе...

Дизелот поскап за половина денар

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цените на бензините остануваат непроменети, информираат од Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на Еуродизел ќе изнесува 70,50 денари за литар. За половина денар се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава за 59 денари за литар. Малопродажната цена на  ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 82,50 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС одн 98 октани 84 денари за литар. Не се менува и цената на мазутот М-1 НС која изнесува 42,471 денар за килограм.

повеќе...

Бензинот и дизелот поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ, бензините поевтинуваат за 1,50 денари, односно за 2 денари за литар, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.   Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 83,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 85 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1,50 денари и ќе чини 71 денар за литар.   Намалување за 1,50 денари има и кај Екстра лесното масло за домаќинство чија цена ќе изнесува 59,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,598 ден/кг  и ќе изнесува 43,005 ден/кг.…

повеќе...

Повторно поскапување на нафтените деривати

Цените на горивата, од ноќеска на полноќ повторно се зголемуваат, бензинот за 2,5 денари, додека пак дизелот за половина денар, соопштуваат од Регулаторната комисија за енергетика. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 84,00 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 85,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 0,50  ден/лит, и ќе  изнесува 71,50 ден/лит. Како што соопштуваат од РКЕ, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 0,50  ден/лит така што сега ќе  изнесува 60,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за…

повеќе...