Во Охрид ќе се гради Дом за стари лица

Охрид конечно ќе добие дом за стари лица. Почетокот на крупниот проект денеска беше официјализиран со потпишување договор за соработка помеѓу градоначалникот Никола Бакрачески и сопствениците на АД „Илинден“ од Струга, Кристина Трајковска- Костеска и Радован Трајкоски, кои на површина од 8 425 м2 во местото викано Галеш во населбата Даљан ќе го градат домот за стари лица. „По одржаното јавно наддавање на општина Охрид за отуѓување градежно земјиште , градежната компанија АД „Илинден“ од Струга е избрана за најповолен понудувач и на површина од 8 425 м2 ќе го…

повеќе...

Оглас бр. 02/2015 за прибирање на понуди за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема

Врз основа на член 79-81 од Законот за градење („Сл.весник на РМ“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13,163/13, 28/14,42/14, 115/14 и 149/14) член 34 од Статутот на општина Охрид и Одлуката за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2015 год. бр. 07-4189/44 од 30.12.2014 год. („Сл.гласник на општина Охрид бр. 17/2014) Градоначалникот на Општина Охрид објавува: О Г Л А С Б Р. 02/2015 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ЛОКАЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА…

повеќе...

Современи комунални возила за ЈП „Охридски Комуналец“

Пет најсовремени специјални комунални возила ќе добие ЈП „Охридски Комуналец“. Почетокот на оваа крупна инвестиција поддржана од Светска Банка, значајна за подигнување на степенот на јавните комунални услуги во градов , денес беше официјализиран со потпишување договор помеѓу градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и Мухамер Џенгис од компанијата ЕРКА БМЦ, што беше избрана за најдобар понудувач. Градоначалникот Никола Бакрачески, непосредно пред потпишувањето на договорот истакна дека по јавниот повик на општина Охрид од тројцата пријавени понудувачи, ДПТУ „ЕРКА БМЦ 2007“ од Охрид, „Еко Клуб“ од Битола и „Карго макс Македонија“…

повеќе...

Потпишана Програма за пристојна работа 2015-2018

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес се обрати на потпишувањето на Меморандум за разбирање за имплементација на Националната програма за пристојна работа. Во своето обраќање Спасов укажа дека Владата на Република Македонија, цврсто опстојува на стратешката определба за создавање на услови за пристојна работа и достоинство на трудот, заедно со социјалните партнери во рамки на конструктивниот социјален дијалог,имплементирајќи ги меѓународните стандарди со кои се надградува системот и се создаваат нови можности за сите, за поквалитетен живот. „Република Македонијa има долгогодишна соработка со Меѓународната организација на трудот и…

повеќе...

Склучен договор со фирма од Холандија за воспоставување на редовен авиопревозник во Република Македонија

Министерството за транспорт и врски склучи договор со фирмата „InterVISTAS Consulting B.V“ од Холандија како најповолен економски оператор за изработка на физибилити студија за можноста за формирање, односно воспоставување на национален (редовен) авиопревозник во Република Македонија. Предвидениот временски период за изработка на студијата е 4 месеци во кои избраниот економски оператор треба во рок од 60 дена да ја изработи и заврши I –та Фаза од Студијата. Доколку Студијата од I –та Фаза покаже физибилност, компанијата има обврска во рок од дополнителни 60 дена да ја изработи и заврши и…

повеќе...

Потпишан Договор за социјално осигурување меѓу Македонија и Албанија

Министерот за труд и социјална политика на Република Македонија Диме Спасов и министерот за социјална сигурност и млади Ерион Велиај денеска потпишаа Договор за социјално осигурување меѓу двете земји, со кој треба да се регулираат односите во областа на социјалното осигурување и остварувањето на правата од осигурување за граѓаните и членовите на нивните семејства. Договорот содржи одредби за права од пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување, осигурување во случај на повреда на работа и професионална болест. „Преку примената на Договорот ќе се овозможи усогласување на националните законодавства, еднаков третман на…

повеќе...

Постигнат договор меѓу Владата и СОНК

Министерството за образование и наука и СОНК постигнаа согласност за повеќе теми кои во изминатите месец и половина беа предмет на, како што велат двете страни, интензивен и конструктивен дијалог, кој резултира со денешното усвојување на взаемно прифатлива спогодба, врз основа на која во следниот период ќе се иницираат измени во законските и подзаконските акти. Екстерното тестирање како процес за проверка на знаењето на учениците и на објективноста на оценувањето на наставниците и останува да се имплементира како механизам за зголемување на квалитетот на образовниот систем во земјата. Социјалните партнери…

повеќе...

Потпишана Спогодба за за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце – Прешево

Во рамките на денешната заедничка седница на Владите на Република Македонија и Република Србија оддржана во Скопје, министерот за транспорт и врски, г-дин Миле Јанакиески и Потпретседател на владата и министер за сообраќај, градежништво и инфраструктура, Зорана Михајловиќ ја поптшиаа спогодбата за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце – Прешево. Спогодбата има за цел поедноставување на извршувањето на граничните процедури и скратување на временскиот период на задржување на возовите на граничниот премин во железничкиот сообраќај. Оваа Спогодба ќе придонесе за скратување на времето на задржување на возовите…

повеќе...

Потпишан тригодишен договор со „Визер“ за финансиска поддршка за воведување на нови авионски линии

Министерството за транспорт и врски го потпиша договорот со нискобуџетната авиокомпанија „Визер” за финансиска поддршка за воведување на нови авионски линии од аеродромот Александар Велики во Скопје и од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид за период од 2015 до 2018 година. Имено согласно договорот, Визер во месец јуни ќе воведе директни линии за пет нови дестинации до европските градови од аеродромот Александар Велики во Скопје и тоа до: Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен и тоа два пати неделно. Од аеродормот Св. Апостол Павле од Охрид, авиокомпанијата ќе воведе…

повеќе...

Македонија, Србија, Унгарија и Кина потпишаа договор за царинска соработка

Македонија, Србија, Унгарија и НР Кина потпишаа договор за заемна царинска соработка. Договорот го потпишаа денеска во рамки на Третиот состанок на шефовите на влади на Кина и на земјите од Централна и Источна Европа. Договорот предвидува царините на сите четири земји да соработуваат во делот на размена на информации и документи, како и да се признава царинењето и постапката од другите царини и да ја продлабочи соработката. Целта на документот е да се поддржи регионалната и меѓународната трговија и да се создаде позитивна клима за стопанствата и граѓаните за…

повеќе...