Договор помеѓу Македонија и Словачка за социјално и здравствено осигурување

На 1 декември 2015 година стапи во сила Договорот помеѓу Република Македонија и Словачка за социјално осигурување на основа на кој осигурените лица на едната држава договорничка за време на привремен или за време на постојан престој на територија на другата држава договорничка, можат да користат бесплатни здравствени услуги. Фондот за здравствено осигурување на Македонија потпиша Договор за користење на европската картичка за здравствено осигурување (EHIC) на територијата на Република Македонија за осигурените лица на Словачка кој ќе се применува со стапувањето во сила на Договорот. На основа на Европската…

повеќе...

Договор меѓу Македонија и Словачка за социјално осигурување

Од 1 декември 2015 година стапува на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Словачка Република за социјално осигурување. Со примената на Договорот се регулира стварувањето на правата од осигурување за граѓаните на овие две држави и членовите на нивните семејства. Ова е современ европски договори со оглед на тоа што истиот се однесува на лица, а не на државјани на двете договорни страни и спаѓа во редот на таканаречените “отворени договори”. Истиот содржи одредби за права од пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување, осигурување во случај на…

повеќе...

АХВ потпиша протокол за извоз на замрзнато јагнешко месо на кинескиот пазар

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, со претставници од Генералната администрација за надзор на квалитет, инспекција и карантин на Народна Република Кина, потпиша Протокол за извоз на замрзнато јагнешко месо на кинескиот пазар. Потпишувањето на протоколот се реализира во рамки на бизнис форумот, кој вчера се одржа во Пекинг, како дел од активностите на Владата на Република Македонија за презентација на бизнис можностите за инвестирање во земјава. Официјализирањето на оваа соработка, како што беше истакнато, ќе биде основа за интензивирање на бизнис релациите и продлабочување на трговската…

повеќе...

Потпишан нов колективен договор на Царинската управа

Директорот на Царинската управа и претседателот на Самостојниот синдикат Царинска управа, денес потпишаа нов Колективен договор на Царинската управа. Со Колективниот договор целосно се уредуваат правата, обврските и одговорностите од работен однос на работниците и работодавачот, обемот и начинот на остварување на правата и други прашања од интерес на работниците и работодавачот. Потребата од нов Колективен договор произлезе од измените на Законот за Царинската управа и негово усогласување со Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор, како и донесувањето на нов Правилник за организација на работата…

повеќе...

Потпишана Декларација во Скопје за климатски промени во периодот по 2020 година

Вложување напор за да се постигне правичен, флексибилен, долготраен и инклузивен правно обврзувачки договор за климата по 2020 година, како и посветување кон климатските промени за коишто се потребни итна соработка и акција на глобално, регионално и национално ниво, се дел од обврските во „Декларацијата од Скопје“, која денеска беше потпишана на министерска конференција: „Кон климатскиот самит во Париз 2015, предизвици за државите членки на ЦЕИ“ во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање. Домаќинот на конференцијата, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири во своето…

повеќе...

Груевски: Наш интерес е договорот да се спроведе

Наш интерес и интерес на државата е да се спроведе договорот од Пржино и ние сме посветени тоа да се случи што е можно побрзо, изјави денеска премиерот Никола Груевски. „Сакам да потврдам дека работните групи се во постојана комуникација со олеснувачот. Наш интерес и интерес на државата е да има спроведување на договорот и ние сме многу посветени на тоа колку што е можно побргу да се случи“, изјави премиерот Груевски на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата за последниот извештај на Дуинг бизнис на СБ за 2016 година.…

повеќе...

Претседателот на СДСМ, Заев се сретна со известувачот за Македонија во ЕП, Иво Вајгл

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска се сретна со известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл. „Договорот од 2 јуни / 15 јули мора да биде спроведен, не смее да биде доведувана во прашање имлементацијата на договореното“, е пораката на известувачот Вајгл. Тој ги поздрави заложбите на СДСМ за реализација на договореното во Пржино и за запазување на предвидените рокови за усогласување. Претседателот на СДСМ го запозна известувачот Вајгл за прекршувањето на Договорот со што е оневозможена автономната работа на специјалната јавна обвинителка,…

повеќе...

„Охридско лето“ дел од четирите најзначајни регионални летни фестивали

Деновиве во црквата Св.Дух во Котор, Црна Гора, на иницијатива на меѓународниот фестивал КоторАрт беше потпишана Которската иницијатива, Меморандум за соработка на четирите најзначајни регионални летни фестивали: Меѓународниот фестивал КоторАрт (Црна Гора), Дубровнички летни игри (Хрватска), Фестивалот Љубљана (Словенија) и Охридско лето (Македонија). Спогодбата ја потпишаа Ратимир Мартиновиќ (директор на которАрт Дон Бранкови денови на музика и координатор на сите програми на КоторАрт), Младен Тарбук (интендант на Дубровничките летни игри), Дарко Брлек (директор на фестивалот Љубљана и претседател на Европската асоцијација на фестивали) и Елизабета Јанкуловска (директорка на Охридско лето).…

повеќе...

Македонија ја продлабочува соработката во областа на образованието и науката со Албанија и Косово

Министерот за образование и наука М-р Абдилаќим Адеми, денес потпиша договор за соработка во областа на образованието и науката со Министерот за образование и спорт на Република Албанија, Линдита Никола и со Министерот за образование и технологија на Република Косово, Арсим Бајрами. Договорот е потпишан во рамките на четвртиот министерски состанок „Платформа за образование и обука на Западен Балкан“ кој што се одржува во Валона – Република Албанија, организиран од Европската комисија, каде што учествуваат министрите за образование од земјите од регионот. По потпишувањето , министерот Адеми истакна дека со…

повеќе...

АХВ потпиша Меморандум за соработка со Царинската управа на РМ

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Поповски и директорот на Царинска управа на Република Македонија Наташа Радеска Крстевска денес потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот е поттик за интензивирање на взаемната соработка во делот на контрола на храната од животинско и неживотинско потекло и на производите кои доаѓаат во контакт со храната со крајна цел заштита на економските, трговските, фискалните и општествените интереси на Република Македонија. Со овој документ се дефинира соработката меѓу двете институции за спречување на влез на небезбедни пратки со храна или храна за животни, нуспроизводи…

повеќе...