Нова поддршка од MOK во насока на развојот на џудото во Македонија

За потребите на Џудо федерацијата на Македонија, Македонскиот олимписки комитет, во соработка со Меѓународната џудо федерација (ИЏФ), го ангажираше ИЏФ експертот, м-р Габриел Сапта (Белгија), кој е ангажиран на период од една година, да престојува во Македонија и да работи на унапредување на Националната џудо структура во Македонија. Финансиските трошоци за ангажманот на ИЏФ експертот се во целост обврска на МОК и ИЏФ. Веќе овој викенд (14 и 15 Јануари), во Кавадарци, ИЏФ експертот, Габриел Сапта ќе ги презентира новите правила во џудото, донесени од страна на ИЏФ, а и…

повеќе...

Одржан меѓународен турнир во џудо „Миоки опен“

Викендов во малата сала од СЦ „Борис Трајковски“ свечено беше отворен 6-от меѓународен турнир во џудо „Миоки опен“, во организација на Џудо клубот „Миоки“ од Скопје, а по повод Меѓународниот ден на џудото. На натпреварот учество зедоа џудисти во три старосни категории во вкупно 50 тежински категории. Покрај екипите од Македонија, учество зедоа 37 клубови и 402 натпреварувачи, како и екипи од 12 балкански држави: Бугарија, Грција, Турција, Русија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Македонија. Турнирот го прогласи за отворен директорот на Агенцијата за млади и…

повеќе...

Катерина Николовска учествува на Европскиот Џудо Куп „ДУБРОВНИК 2015“

Најдобриот македонски џудист, Катерина Николовска во периодот 16-18 Октомври ќе учествува на Европскиот Џудо Куп “ДУБРОВНИК 2015“ кој е во организација на Европската Џудо Унија. Претходно, Катерина освои златен медал на „ДРОБЕТА“ џудо купот во Романија, учествуваше на Европскиот куп во Белград и напорно се подготвуваше на престојните активности преку кои треба да обезбеди учество на ОИ РИО 2016. МОК е единствената институција во Македонија која во целост веќе две години ги финансира сите активности на нашиот најдобар џудист (потврдено од Меѓународната Џудо Федерација). Се надеваме дека Катерина Николовска ќе…

повеќе...

Џудистите со сребрен медал на Балканското првенство во Грција

На Балканското првенство за кадети кое се одржа во Ксанти – Грција во периодот од 13-15 јуни 2014 година, во категоријата до 48 килограми во женска конкуренција Блерина Сефери се закити со сребрен медал. Неколку години наназад нашите спортисти освојуваат медали од Балканските првенства во сите возрасни категории. Горан Мицкоски селектор на кадетската репрезентација на Македонија во џудо изјави:  “Сите репрезентативци достојно ги бранеа боите на Република Македонија и спортски докажаа дека се на исто рамниште со своите врсници од сите балкански земји. Им честитам за прикажаните борби, за желбата…

повеќе...