Изложба на фотографии на Фото клуб „Охрид“ во просториите на „Охридско Лето“

Вечерва во просториите на „Охридско Лето“, во рамките на активностите за одбележување на празникот Свети Климент Охридски беше отворена 15-та традиционална изложба на Фото клуб „Охрид“. Како дел од годинашното празнување, во низата на бројните културни содржини, љубителите на уметноста имаа прилика да уживаат во фотографската уметност на 10 тината автори чии фотографии од денес па во наредните два дена ќе бидат изложени просториите на Фестивалот.  Претседателката на Советот на Општина Охрид Гордана Коњановска која ја прогласи изложбата за отворена, рече дека зад секоја слика има 15 години ентузијазам и…

повеќе...

Во Охрид отворена фотографска изложба по повод Денот на Европската територијална соработка

„Ние припаѓаме овде – Животот, луѓето и природата во прекуграничната област“, е насловена фотографската изложба што денес се отвори во Центарот за Култура „Григор Прличев“, а по повод  Денот на Европската територијална соработка. „Чест ни е што го одбравте Охрид  за одржување на овој настан, бидејќи нашиот град е во првите во Република Македонија каде се промовира и имплементира транс граничната соработка, преку реализирањето на проектот за заштита на Охридското езеро. Во овој момент општина Охрид аплицира на неколку проекти од ИПА програмата: Water–net промоција на водно богатство и изградба…

повеќе...

Изложба на слики, графити, скулптури „Ликовен Карван 2013“ – утре во Центарот за култура

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, утре, четврток со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики, графити, скулптури „Ликовен Карван 2013“, тема за 2013 – Убавините за Љубовта. На изложбата ќе бидат презентирани дела од 30 автори од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Унгарија, Германија и Америка. Изложбата претходно беше во Струга, а после Охрид ќе оди во Кавадарци, Велес, Куманово, Скопје и Белград.

повеќе...

„Звукот на светлината“ – трета самостојна изложба на охридскиот фотограф Петар Боев

Во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“, која годинава по шести пат се одржува низ општините во Македонија, под наслов „Звукот на светлината“, синоќа  познатиот охридски фотограф Петар Боев ја одржа својата трета самостојна изложба на фотографии. На промоцијата воведен збор одржа академскиот сликар Славко Упевче, преку кого на изложбата  беше присутно и охридското уметничко сликарство како поддршка на фотографијата како уметност. Присутните ги поздрави и домаќинот, фотографот Петар Боев кој го изрази задоволството и честа што оваа трета изложба има можност да ја претстави повторно пред своите сограѓани, охриѓани.…

повеќе...

Изложба на академскиот сликар Коста Батев, утре во Центарот за култура

Утре, 23 август 2013 година во Изложбениот салон на НУ Дом на култура „Григор Прличев“ во 19:00 ч. ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Коста Батев. Изложбата ќе ја отвори програмскиот координатор академскиот сликар Славко Упевче. Костадин Батев роден 1979 г. во Струмица, Р.Македонија. Средно учулиште завршил во УПУ „Лазар Личеновски“ – Скопје 1997 г. Во 2004 година дипломира на ФЛУ отсек сликарство со графички дизајн во класата на Проф. Вело Ташовски. Член на ДЛУС од 2000 год. Во дескриптивното сликарско искуство, се насетува намерата за дирекна комуникација на човекот со човек.…

повеќе...

Утре ќе биде отворена групната изложба „Тромбоза“

Во организација на Центарот за културен проток „Артерија“ во сабота на 17-ти август во Sunny Lake Hostel – Охрид, ќе биде отворена групната изложба „ТРОМБОЗА“ со почеток во 21:00 часот. Ќе бидат изложени слики, графики, фотографии, објекти и инсталации. Создавањето крвен засирок што не може да се „раствори“ се нарекува тромбоза. Тромбозата се јавува кога постои: стаза (застој, забавена циркулација на крвта), оштетување на ендотелот (внатрешниот слој) на крвните садови, се јавува и при посета на журки од типот на Аца Лукас, Саша Матич и компанија, како и таложење на…

повеќе...

ДЛУМ – меѓународна изложба Ex Libris графики минијатури на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток од 20:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, мал изложбен салон на репертоарот на Охридско лето е „Длум“ меѓународна изложба, екс либрис графики минијатури. Меѓународната Екс либрис изложба е графичка изложба на која учествуваат 45 автори од повеќе земји од светот како и домашни автори со повеќе од 80-тина дела Екс либрис графики минијатури. Изложбата досега беше отворена во галеријата на Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје и во галеријата при Националниот театар во Гевгелија. Поставувањето на ваков вид на графичка изложба…

повеќе...

„Траги“ – изложба на скулптури од Сретен Милатовиќ

Во Националната Установа Центар за култура „Григор Прлилев“-Охрид утре, 20 јуни со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена Изложбата на Скулптури од Сретен Милатовиќ од Никшиќ, Црна Гора, со наслов „Траги“. Проектот е реализиран со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

повеќе...

Меѓународна изложба на фотографии – „Еколошка вистина 2013“

Синоќа во Куќата на Робевци, по повод 5 јуни, Меѓународниот ден на животната средина, беше отворена интернационална, таканаречена кружна изложба на фотографии, насловена како “Еколошка вистина 2013“. Куриозитетот на овој уметнички потфат, е што тој истовремено со одржува во пет различни градови од регионов: Нова Горица – Словенија, Бања Лука – БиХ, Заечар – Србија, Софија – Бугарија и Охрид – Македонија. Покровителство е на меѓународните фотографски асоцијации: ФИАП, ПСА и УПИ, а организацијата на националните фотографски сојузи и фото- клубови. Изложбата ја отвори Претседателот на Советот на Општина Охрид,…

повеќе...