Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2014 се издадени 169 одобренија за градење што е за 6.1% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 933 421 илјади денари што е за 28.2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 126 (74.6%) се наменети за објекти од високоградба, 18 (10.6%) за објекти од нискоградба и 25 (14.8%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 169 објекти,…
повеќе...Tag: градба
Груевски: Градбата на трите автопатишта силен импулс за македонската економија
Градбата на трите автопатишта во Македонија е силен импулс за економијата. Се наоѓаме во силна инвестициска активност која продуцира вработување, раст на БДП и работа за градежната индустрија, а преку неа и на многу други индустрии кои се поврзани. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по доделувањето решенија за легализација на бесправно изградени објекти во општина Кисела Вода. „Покрај трите автопатишта Кичево-Охрид, Демир Капија-Гевгелија и Скопје-Штип истовремено се проширува експресниот пат Велес-Кадрифаково и целосно и темелно се реконстурира автопатот Велес-Скопје што е речиси како градба на…
повеќе...Ќе се уриваат дивоградби во стариот дел, почнувајќи од „Мостот на желбите“
Граѓани кои живеат во Месна Заедница „Стар град“ се пожалија до Општина Охрид дека некој изградил дополнителен крак на „Мостот на желбите“. Кракот не е предвиден во ниту еден план и е дивоградба, исто како и целиот објект кој е наречен „Мост на желбите“. „Инспекторатот излезе на терен и ќе отпочне со постапка за уривање на нелегално изградениот објект, за кој нема никаква дозвола, а покрај тоа за оваа дивоградба не постои никаков елаборат за сигурност ниту план по кој е граден. Објектот е и опасност за граѓаните бидејќи на…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески се запозна со новиот трговски шопинг и забавен центар во изградба на КАМ во Охрид
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес оствари работна посета на Трговскиот центар кој компанијата КАМ го гради во поранешната фабрика на „Отекс“ во Охрид. Од страна на првиот човек на КАМ Гоце Камчев, Бакрачески беше запознаен со визијата на проектот, кој ќе биде вистински регионален центар, насоките во кои ќе се развива целиот комплекс и со богатата понуда која ќе се нуди за охриѓани и гостите. Првиот човек на Охрид ја поздрави идејата и најави широка поддршка за непречено да се реализира целиот проект, во кој според првичната проекција ќе…
повеќе...