Денес е празник посветен на Светите четиринаест илјади младенци маченици во Витлеем. Бидејќи мудреците од Исток не се вратија од Витлеем во Ерусалим за да му јават на Ирод за новородениот Цар, туку на заповед од ангел по друг пат заминаа за својата татковина, царот Ирод се разјари како лута ѕверка и нареди да се убијат сите деца на возраст до две години во Витлеем и во сета витлеемска околија. Оваа страшна царска заповед беше извршена буквално. Неговите војници некои деца ги убија со меч, други ги разбиваа врз камења,…
повеќе...Tag: христијанство
Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан
Tретиот ден од празникот Божик, православните христијани го празнуваат споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што тој е прв што настрадал за Христосовата вера. Светиот архиѓакон и првомаченик Стефан бил роднина на апостолот Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските области. Беше прв од Седумте ѓакони коишто Светите апостоли ги ракоположија и ги поставија на служба на грижа за сиромасите во Ерусалим. Затоа и го нарекоа архиѓакон. Со силата на својата вера вршеше големи чуда меѓу луѓето. Злобните Евреи се препираа со него,…
повеќе...Свети цар Давид и Свети Јаков, брат Господов
Денес е празник посветен на Свети цар Давид и Свети Јаков, брат Господов. Свети цар Давид Се празнуваат во неделата после Божик. За царот Давид, синот Јесеев, може да се дознае од Книгите Царства на Стариот Завет. Свети Јаков, брат Господов Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел на Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го за свој брат. Јаков…
повеќе...Собор на Пресвета Богородица
На вториот ден од Божиќ христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, којашто го роди Господ и Сапсителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува Нејзин собор, затоа што на тој ден се собираат сите верни за да ја прослават Нејзе, која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божиќ вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно ја прославуваше Пречистата Божја Мајка. За многу…
повеќе...Денес е Рождество Христово – Божик
Божик е најрадосен христијански празник. Бидејќи на овој ден, според христијанската вера се роди Божјиот Син, Исус Христос – Спасителот на светот, Божик е празникот на раѓањето на нов живот, празник на децата и на детството, родителството и создавањето. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат Грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат Јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божик на 7 јануари. Во повеќето земји во…
повеќе...Денес е Бадник – Коледе
Бадник или Коледе се нарекува денот пред раѓањето на Исус Христос (Божик), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6-ти јануари секоја година, а Божик на 7-ми јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости. Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24-ти декември. Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, особено поврзани со…
повеќе...Свети Наум Охридски
Главниот празник на Свети Наум Охридски се одбележува на 23 декември – по стар календар или 5 јануари по нов календар, а на 20 јуни по стар или 3 јули по нов календар е летниот празник или Собор на светителот. Свети Наум Охридски Чудотворец, бил средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Основач на манастирот на Светите Архангели, денешен Свети Наум. Роден е во првата половина на IX век. Св. Наум бил еден од основачите на Преславската книжевна школа и учител од…
повеќе...Светата великомаченичка Анастасија Одврзителка и другите со неа
Денес е празник посветен на Светата великомаченичка Анастасија Одврзителка и другите со неа. Оваа славна ревнителка на Христовата вера се роди во Рим во дом богат и сенаторски, од татко паганин и мајка христијанка. Уште како млада се приврза со љубов кон Господ Исус, а во Христовата наука ја раководеше благочестивиот учител Хрисогон. Принудена од татко ѝ стапи во брак со некој незнабожечки велепоседник Публиј. Под изговор на женски болести никако не сакаше да влезе со него во телесна врска. За ова мажот ѝ горчливо ја мачеше со затвор и…
повеќе...Светата маченичка Јулијанија и шестотини и триесетте маченици со неа
Светата маченичка Јулијанија и шестотини и триесетте маченици со неа Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабожци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Свршеник ѝ беше некој сенатор Елевсиј. За да го одврати од себе Јулијанија му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го достигне…
повеќе...Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец
Денес е празник посветен на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец. Овој свет маж е наречен Богоносец затоа што постојано во срцето и на јазикот го носел името на живиот Бог. Преданието уште вели дека е наречен Богоносец и зашто него го зел на раце воплотениот Бог Исус Христос. Во времето кога Господ ги учеше своите ученици на духовен живот според евангелските заповеди, зеде едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Оној којшто ќе се смири и ќе стане како ова дете, тој е најголем во царството небесно“ (Матеј 18,…
повеќе...