Света мироносица Саломија, Преподобен Козма евнух и Преподобен Антониј Римјанин

Света мироносица Саломија Мајката на Светите апостоли Јаков и Јован. Жена на Заведеј, а ќерка на праведниот Јосиф. Му служеше на Господ за време на Неговиот земен живот и се удостои да биде меѓу првовесниците на Неговото воскресение. Преподобен Козма евнух Монах од лаврата Фаранска. Многу учен во Светото Писмо. Толку ги ценел делата на Св. Атанасиј Велики што му велел на својот ученик: „Кога ќе слушнеш некој збор од книгите на Свети Атанасиј, ако немаш хартија запиши го на рака.“ На старост дојде во Антиохија кај патријархот Григориј (+584г.)…

повеќе...

Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

Православните христијани денес го слават Свети Стефан – летен. Кога злите Евреи го убија со камења Свети Стефан, го оставија неговото тело да го изедат кучињата. Но Промислата Божја сакаше поинаку. Телото на маченикот лежеше на отворено место под градот два дена и две ноќи, а втората ноќ дојде Гамaлиил, учителот на Павле, а потаен ученик на Христа, го зеде телото, го однесе на својот имот во Кафаргамала и овде во една пештера го погреба чесно. Во истата пештера Гамалиил го погреба и својот пријател Никодим, којшто плачејќи над Стефановиот…

повеќе...

Седумтемина Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар (Богородичен пост)

Денес е празник посветен на Седумтемина Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар (Богородичен пост). Сите пострадаа за чистата Израилска Вера од царот Антиох, од едни наречен Епифанос (просветлен), а од други Епиманис (безумен). Заради големите гревови во Ерусалим, особено заради грабањето колу архиерејската власт и злосторствата извршени при тие грабања, Бог допушти голема беда на Светиот град. Антиох сакаше да им го наметне елинското идолопоклонство на Евреите по секоја цена и сѐ вршеше во тој правец. Таа негова мисла ја помагаа и некои вероломни архиереи и други старешини ерусалимски.…

повеќе...

Пренос на моштите на Свети Климент Охридски

Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, кај што му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Во Охрид Свети Климент му подигна црква на Св. Пантелејмон.…

повеќе...

Вечерна богослужба и света литургија по повод празникот Св.Стефан

По повод празникот „Пренос на моштите на Св. архиѓакон Стефан“ во манастирот „Св. Стефан“ – Охрид утре (недела) со почеток во 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба. На 15ти август (понеделник) со почеток во 8:30 ќе се служи света божествена литургија. По тој повод манастирот Св.Стефан ги повикува сите православни верници на заедничко прославување на манастирската слава.

повеќе...

Свети Евдоким

Денес е празник посветен на Свети Евдоким. Роден во Кападокија од благочестиви родители, Василиј и Евдокија. Во времето на царот Теофил (829 г. – 842 г.) Евдоким беше млад офицер во војската. Но и како војник вложуваше секаков напор за да живее според евангелските заповеди. Непорочно ја чуваше својата чистота и одбегнуваше да зборува со која и да е жена освен со мајка му; беше милосрден кон бедните, грижлив во читањето свештени книги и уште погрижлив во молитвите кон Бога. Одбегнуваше суетни забави и празнословие. „Сред метежот и суетата на…

повеќе...

Светиот свештеномаченик Валентин

Денес е празник посветен на Светиот свештеномаченик Валентин. Беше епископ во италијанскиот град Интерамна. Го исцели болниот брат на римскиот трибун Фронтан. Кога се разболе Херимон, синот на познатиот философ Кратон, посоветуван од Фронтан Кратон го повика Валентин во Рим. Херимон беше сиот згрчен, така што главата му беше свиткана меѓу колената. Валентин се затвори во собата со болниот и цела ноќ ја мина во молитва. Утредента го изведе Херимон наполно здрав и го предаде на татко му. Тогаш се крсти Кратон со целиот свој дом и со своите тројца…

повеќе...

Светата маченичка Серафима

Девојка од Антиохија. Живееше во домот на една сенаторка Савина, којашто и ја приведе кон верата во Христа. Кога еден мачител на христијаните по име Вирил слушна за неа, нареди да му ја донесат. Пред него Серафима остана непоколеблива во верата, па тој нареди и ја фрлија во затвор, а потоа ѝ испрати некои момчиња за да преноќат со неа и да ја осквернат. Кога момчињата дојдоа пред затворската врата, Серафима Му се молеше во затворот на Бога. Пред вратата одеднаш застана пред нив ангел Господов со меч во рацете…

повеќе...

Светиот маченик Јулијан

Во времето на царот Антонин Свети Јулијан премина од Далмација во Кампанија Италијанска. Беше млад и убав младич, со сета душа предаден на Господ. На патот го сретнаа царски војници кои одеа да ги фаќаат христијаните. „Мир вам, браќа!“, им се обрати Свети Јулијан. По ваквиот поздрав и по кротоста на неговото лице, војниците заклучија дека е хтристијанин. Кога го прашаа, Јулијан им одговори: „Христијанин сум, родум од Далмација“. Уште отворено им призна и дека патува со цел да ги обраќа идолопоклониците кон единствениот жив Бог. Војниците бездушно го натепаа…

повеќе...

Свети Климент, архиепископ Охридски и Св. великомаченик Пантелејмон

Денес е празник посветен на Свети Климент, архиепископ Охридски и Светиот великомаченик Пантелејмон. Свети Климент, архиепископ Охридски; Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, кај што му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска…

повеќе...