Светиот апостол и евангелист Марко му бил сопатник и помошник на апостолот Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Кога Марко беше во Рим со Петар, верните го замолија да им ја запише спасоносната наука на Господ Исус Христос, Неговите чуда и Неговиот живот. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар. Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Мисир. Така тој беше првиот проповедник на…
повеќе...Tag: христијанство
Светите маченици Лука и Никола и Преподобна Елисавета
Светите маченици Лука и Никола Лука беше прекрасно момче и кројач по занает, пострада за Христа во 1546 година. Никола прими мачеништво за Христа во 1776 година. Преподобна Елисавета Во раната младост прими монашки чин во манастирот на Св. Козма и Дамјан во Цариград. Заради Христа и за спасението на својата душа живееше во тежок подвиг. Себеси се сметаше за невеста Христова, а овој свет за непостоечки. Од нејзината голема љубов кон Бога произлегуваше нејзината голема милосрдност кон луѓето, особено кон болните и страдалните. Со дарот што ѝ го даде…
повеќе...Источен Петок Балаклија
Првиот петок по Велигден се вика Источен петок Балаклија. Тој спаѓа во светлата недела, поради што некои го викаат и „светол“ петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, тој празник се вика и како благ петок. Со овој празник посветен на Пресвета Богородица и се оддава признание на мајката божја, затоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати…
повеќе...Свети Великомаченик Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден
Ѓурѓовден се празнува на 6ти мај. Тој се вбројува меѓу поголемите пролетни празници што го празнува не само христијанското, туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Житието вели дека Св. Ѓорѓи е роден во Кападокија, во Мала Азија, од богати, но чесни и побожни родители. Уште во детството останал без татко и мајка му заедно со него се преселила во Палестина каде што била родена. Таму го минал детството посетувајќи…
повеќе...Отслужена света архиерејска литургија за Светли четврток
Православните христијани денеска го одбележуваат Светли Четврток. По тој повод, во манастирот „Св. Јован Богослов“ -Канео во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.
повеќе...Светиот маченик Леонид
Денес е празник посветен на Светиот маченик Леонид. Таткото на Ориген. Пострада за Христа во Александрија во 202 година. Најпрво со царски указ му го одзедоа сиот имот, а потоа го осудија на смрт. Ориген му пишуваше на својот татко во затворот: „Не грижи се за нас и не го одбегнувај мачеништвото заради нас“ (т.е. заради децата).
повеќе...Утрена со Златоустова литургија за Источен петок – Балаклија и Ѓурѓовден
На 6ти мај (петок) на Источен петок – Балаклија и на празникот посветен на Св.вмч. Ѓорѓи – Ѓурѓовден ќе се служи утрена со Златоустова литургија во црквите „Св.Богородица“-Каменско, и „Св.вмч.Ѓорѓи“-Охрид со почеток во 7:30 часот.
повеќе...Светиот маченик Теодор и другите со него
За верата Христова пострада во Перга Памфилиска во времето на царот Антонин. Теодор беше млад и со убаво лице. Кога намесникот на таа област го избра заедно со други момчиња, за да ги испрати на служба во царскиот дворец, Теодор се спротивстави и изјави дека тој е христијанин. За ова беше мачен со разни маки, а потоа фрлен во оган. Но од земјата изби вода и го угаси огнот. Намесникот ова им го припишуваше на некои Теодорови магии. А маченикот му рече: „Ова не е дело на мојата сила, туку…
повеќе...Отслужена света литургија во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга
Денес, на вториот ден од Воскресението Христово, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Васко Голабоски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодно слово, во кое се задржа на Воскресението Христово, како централен настан во животот на Црквата и на секој човек, и се помоли на Воскреснатиот Христос, тој да се всели…
повеќе...Утрена со Златоустова литургија за трет ден Велигден
Утре, трети мај, по повод трет ден Велигден ќе се служи утрена со Златоустова литургија во сите парохиски цркви со почеток во 8:30 часот. За Варош, во црквата „Св. врачи Козма и Дамјан“- Охрид.
повеќе...