Воскресение Христово – Втор ден

Православните верници го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово во саботата на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, по што, вчера и денеска, се одржуваат воскресенски литургиии. Велигден е спој на верата и традицијата негувана од памтивек. Почнува на Велики четврток пред изгрејсонце, кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол…

повеќе...

Утрена зо Златоустова литургија во сите парохиски цркви за втор ден Велигден

Утре, по повод Втор ден Велигден ќе се служи утрена со Златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:30 часот. Архиерејска литургија ќе има во црквата „Св. вмч. Ѓорѓи“ – Струга.

повеќе...

Вечерна со Василиева литургија по повод Велика сабота

По повод Велика сабота, утре ќе се служи Вечерна со Василиева литургија во црквите „Св.Богородица“- Каменско и „Св. вмч. Ѓорѓи“ со почеток во 8:30 часот.

повеќе...

Велики Петок

Велики Петок, (или Велипеток, Распет петок) е ден кога е распнат Исус Христос. Одлуката за погубување на Христос на Велика среда ја донело Еврејското црковно собрание (Синедрионот). Исус Христос бил пронајден и уапсен кај Гетсеманската градина, по Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Велики петок. Ноќта Христос бил мачен и камшикуван за на крајот да биде изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја. Тој најпрвин изјавува дека не наоѓа никаква вина за која би можел да го осуди Христос. Но, фарисеите гледајќи дека Исус може да биде ослободен,…

повеќе...

Велика Среда

На Велика Среда, Црквата ги спомнува настаните околу предавството на Христа од страна на еден од дванаесетте апостоли, Јуда Искариот за триесет сребреници, како и помазувањето од страна на покајаната грешница. Имено, по Христовите беседи пред народот, како и јасното пророкување на тоа што треба да се случи, следи помазувањето на Христа од страна на една жена – грешница во Витанија, во домот на Симон прокажаниот, кого Христос претходно го излекувал. Тука треба да се направи разлика помеѓу помазувањето кое шест дена пред Пасха го извршила Марија, сестра му на…

повеќе...

Литургија и мало повечерие со канон по повод Велика среда

Утре, 27ми април на Велика среда, со почеток во 7:00 часот ќе се одржат Часови и Архиерејска Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско. Во 17:00 часот ќе има мало повечерие со канон во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 17 часот.

повеќе...

Велики Вторник

На Велики Вторник се споменува Господовото изобличување на книжниците и фарисеите, Неговите беседи и параболи изречени во Ерусалимскиот Храм, за данокот на кесарот, воскресението на мртвите, за Страшниот Суд, десетте девојки и талантите, Божественото достоинство на Месијата како и за најголемата заповед на Законот. На Утрената на овој ден се чита дел од Евангелието според Матеј, каде Господ не еднаш, ами седум пати ги разобличува книжниците и фарисеите, велејќи им „Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери“. Истовремено, Тој ги разобличува и садукеите (кои не верувале во воскресeнието) и закониците. Ова…

повеќе...

Велики Понеделник

Велики Понеделник е првиот ден на Страстната седмица. Во него, Црквата се потсетува на последните денови на Христос во Ерусалим, неговото влегување во Храмот и растерувањето на трговците од него, оти тоа е место за молитва, а не пазар. Христос на Своите ученици во повеќе наврати им зборува за Своето страдење кое Му претстои, како и крајот на времињата и Страшниот Суд. На Велики Понеделник Црквата говори и за Неговата беседа во Храмот, за злобните лозари, како и проколнувањето на бесплодната смоква, која го претставува јудејскиот собор, (во кој Исус…

повеќе...

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот. Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но…

повеќе...

Утре бдение по повод празникот Цветници

Од Дебарско – кичевската епархија информираат дека утре по повод празникот Цветници ќе има Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 17 часот. Во понеделник, на Велики Понеделник ќе се одржат Часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 7:00 часот. Истиот ден, со почеток во 17:00 ќе има Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско. WebOhrid

повеќе...