Јапонија ќе отвори амбасада во Македонија

Во јануари 2017 година ќе биде отворена Амбасада на Јапонија во Република Македонија со седиште во Скопје. Ова беше најавено на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Попоски со амбасадорот на Јапонија за Република Македонија со седиште во Виена, Макото Такетоши. Како што соопшти МНР, при предавањето на писмото во кое се најавува официјалното отворање на јапонската амбасада во Скопје, министерот Попоски изразил благодарност за одлуката на Владата на Јапонија што ја одбра токму Република Македонија како локација за проширување на јапонската дипломатска мрежа. „Оваа одлука ги потврдува…

повеќе...

Расте интересот на Јапонија за Охрид

Советникот во Јапонската амбасада во Виена, која ја покрива и Република Македонија, Исаму Јамогучи, денес на негово барање, оствари средба со раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот, Зоран Рафтоски. Јапонскиот дипломат се интересираше за се поголемиот број јапонски туристи кои престојуваат на охридското крајбрежје и активностите на Јапонската владина агенција за меѓународна соработка (JICA) за заштита на Охридското езеро. Рафтоски на средбата ја истакна својата увереност дека, истражувањата на JICA ќе вродат со конкретна соработка за ревитализација на колекторскиот систем. Соговорниците се согласија дека покрај грантот што се очекува…

повеќе...

Расте заинтересираноста на јапонската влада за ревитализација и доградба на колекторскиот систем

Претставници на Јапонската владина организација за надворешна трговија (JETRO), со седиште во Виена, денеска беа примени од градоначалникот Никола Бакрачески. На средбата, беше презентирана технологијата на компанијата „Секи Суи Хемикал“ за изградба и одржување на колекторски системи. Претставникот на JETRO за Балканот, г.Хиро Фуми Оно истакна дека Јапонската влада е подготвена преку свои компании да инвестира во вакви системи, со претходно изработена физибилити студија. Тој исто така подвлече, дека наскоро се очекува од Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), да бидат објавени резултатите од студијата за колекторскиот систем на Охридското…

повеќе...

Македонскиот туристички производ претставен на интернационалниот саем за туризам JATA во Токио, Јапонија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 25-ти до 28-ми Септември, 2014 година ја промовираше Македонија на интернационалниот саем за туризам JATA во Токио, Јапонија 2014 година. На овој саем втора година по ред учествува и Република Македонија во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со што на мапата на светот се претстави како привлечна и сеуште неоткриена дестинација за Јапонските туристи. АППТ организираше и изложба на фотографии од Македонија направени од познатиот јапонски фотограф Tatsuki Hironiko. Со оваа изложба успеавме да привлечеме голем број на…

повеќе...

Јапонски компании заинтересирани за бизнис во Македонија

Македонија е земја со најниски трошоци за правење бизнис во Европа, има најнизок даночен пакет, поволна и образована работна сила, прави голем дел реформи во намалување на процедурите за бизнисмените и создава добра бизнис клима. Вака премиерот Никола Груевски ги повика јапонските потенцијални инвеститори добро да ги анализираат податоците и поволностите и да ја внесат Македонија во своите планови за ширење на капацитетите во Европа. Според него сите овие поволности, резултираат во последно време со одлуки на голем број компании да отворат свои капацитети во Македонија или да ги прошират…

повеќе...

Договорена соработка со Јапонија во здравствениот и железничкиот сектор

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (понеделник, 30.06.2014 година) оствари средба со Тоцео Тамута, претседател на бордот на директори на Jапан Реилвеј Ист (ЈРИ) Компани. Јапан Реилвеј Ист Компани е компанија која се занимава со бизнис во повеќе сфери, меѓу кои и железничкиот сообраќај и медицината, и која на годишно ниво остварува приход од 28 милијарди долари, а добивка од околу 2 милијарди долари. Премиерот Груевски ја посети и болницата која е во сопственост на ЈРИ, и која е особено успешна и позната во Јапонија во…

повеќе...