Македонскиот туристички производ претставен на интернационалниот саем за туризам JATA во Токио, Јапонија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 25-ти до 28-ми Септември, 2014 година ја промовираше Македонија на интернационалниот саем за туризам JATA во Токио, Јапонија 2014 година.

На овој саем втора година по ред учествува и Република Македонија во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со што на мапата на светот се претстави како привлечна и сеуште неоткриена дестинација за Јапонските туристи.

АППТ организираше и изложба на фотографии од Македонија направени од познатиот јапонски фотограф Tatsuki Hironiko. Со оваа изложба успеавме да привлечеме голем број на посетители кои не останaa рамнодушни од новата атрактивна дестинација на Балканот и пошироко. Особено заинтересирани за културен, гастономски и вински тиризам како и кружни тури низ Балканот, вклучувајќи ја и нашата земја. За г-дин Tatsuki Hironiko АППТ организираше информативна тура низ Македонија во месец септемви, а во 2015 година во Токио ќе се организира изложба на фотографии од нашата земја.

Македонија успешно беше претставена како сериозен учесник во најважниот и еден од најголемите светски туристички саеми. Беа остварени средби со Asuko Sato и Taiki Chinju, претставници на JTB Grand Tours,INC како и со претставници на H.I.S.CО,LTD едни од најголемите тур оператори во Јапонија.

Интернационалната туристичка берза JATA годинава повторно беше форум за презентација на 151 земја/региони со приближно 1.817 штандови од 1.129 туристички организации и компании од областа на туризмот и рекорден број на посетители од 157,589. Интернационалниот саем за туризам во Токио е во организација на Japan Travel and Tourism Association (JTTA) и Japan Association of Travel Agents (JATA).

Japan Jata 1