По повод претстојниот христијански празник Велигден, екипите на Комуналец ги уредуваат и расчистуваат зелените и јавно-прометните површини на влезовите во Охрид, туристичките локалитети, стариот дел од градот, пофреквентните сообраќајници и многу други локации. „Тревниците се косат, расфрланиот отпад се расчистува, покрај коловозите се отстранува ниската вегетација, а јавните површини се метат. Во изминативе денови се уредени селата Подмоље, Горно Лакочереј, Косел и Лескоец, а во наредните денови ќе бидат опфатени и останатите села.“– информираат од претпријатието.
повеќе...Tag: комуналец
Во сабота акција за зелен отпад во реонот на улиците Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Маршал Тито и Охридати
Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на 12-ти април (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од реонот опфатен со границите на улиците: Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Маршал Тито и населба Охридати. Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата,…
повеќе...Нови цветни острови на градскиот кеј
Во тревниот дел од градскиот парк, на потегот од поранешното ПТТ одморалиште до угостителското училиште, ЈП „Охридски Комуналец“ засади 3 нови цветни острови. „Формирани се три мини-паркчиња каде се засадени околу 500 цветни садници , 50 декоративни и зимзелени грмушки и поставени се други декоративни елементи. Овие парковски решенија се дел од проектот на локалната самоуправа за формирање на 40 нови паркчиња на територијата на општина Охрид.“– информираат од претпријатието. Оттаму додаваат дека на овој потег, како и во Холандскиот Парк, отстранети се заштитните најлони од палмите кои беа засадени…
повеќе...Акција за подигање на зелен отпад У.З.1 „Стар Град“
Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид од месец април започнува со пролетниот циклус на акции за подигнување кабаст и зелен отпад. Месец април е резервиран за акциите за подгинување зелен отпад, а во мај и јуни ќе се подига кабаст отпад. Динамиката на подигнување е дефинирана во годишниот календар за работа за 2014 година и вообичаено акциите ќе се реализираат во саботите во различни делови од градот. Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре, 5-ти април (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување…
повеќе...Генералка на улица „Радојца Новичиќ“
Екипите на „Јавна хигиена“ темелно ги расчистуваат тротоарите, граничниците од коловозите и просторот околу тротоарите на ул. „Радојца Новичиќ“ , на потегот од амбулантата во оваа урбана зедница до влезот во с. Долно Лакочереј. „Ангажирани се 4 работници кои 3 дена го расчистуваа потегот од натрупаниот отпад во зимскиот период од наноси на песок и земја, се отстранува ниската вегетација и се подига расфрланиот отпад. Од овој реон подигнати се околу 5 м3 земја, песок, трева, хартија и пластика.“- информираат од претпријатието.
повеќе...Акција за расчистување на месноста Грашница
По налог на Општинскиот инспекторат Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведува акција за расчистување на потегот од под Калето, околу комплексот згради на ул.„Крум Точко“, кај фудбалското игралиште во месноста Грашница, вливот на река Грашница во Охридско Езеро и кај амбулантата „Воска“. „Ангажирани се пет работници кои го расчистуваат расфрланиот комунален отпад (пластика, најлон кеси, хартиени отпадоци и др.) и мини-депонијата од градежен шут кај амбулантата. Апелираме до граѓаните ваквите грди слики да не се повторат, зошто несовесното однесување на поединци остава трајни последици по степенот на хигиена на целиот град, а со…
повеќе...Нова фарба на клупите и корпите за ситен отпад
Согласно Програмата за работа на Ј.П.„Охридски Комуналец„ за 2014 год., со доаѓањето на пролетта, се интензивираа активностите за дотерување и освежување на градот пред туристичката сезона. Во рамките на проектираните активности за одржување на јавно-прометните површини и јавните добра, на градскиот плоштад се изврши фарбање на клупите и корпите за ситен отпад, а кај дел од нив се изврши санација, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
повеќе...Генералка на „Железничка„ и „15-ти Корпус„
Со официјалното завршување на зимскиот режим на сообраќај, Ј.П. „Охридски Комуналец“ пристапи кон темелно расчистување на магистралните сообраќајници „Железничка“ и „15-ти Корпус“, кои во текот на зимскиот период беа одржувани од страна на „Македонија пат“. Коловозот и околниот простор детално се расчистуваат од абразивните средства, што ќе овозможи понатамашно полесно одржување на овие сообраќајници, вклучувајќи и машинско чистење.
повеќе...Расчистен потегот од Св.Богородица Каменско до пресекот со улицата „Кирил и Методиј“
Денес екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведоа акција за расчистување на потегот од црквата Св.Богородица Каменско до пресекот со улицата „Кирил и Методиј“. Се расчистуваше поширокиот дел од шумскиот појас од расфрлан комунален и кабаст отпад, како и градежен шут и собрани се 5м³ отпад. Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги спроведува овие вонредни активности по претходно добиен налог од Општинскиот инспекторат.
повеќе...Охрид ќе се вклучи во акцијата „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“
Во акцијата на Министерството за животна средина „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“ што ќе се одржи на 21- ви март (петок) со активности на Одделението за заштита на животната средина и Одделението за образование, ќе се вклучи и општина Охрид. Локалната самоуправа во содејство со ЈП „Охридски комуналец“ ќе организира граѓанска акција, во која на претходно определени јавни парковски површини ќе се засадат рози, а во основните училишта ќе се организираат продажни изложби на рачно изработени предмети. Во дворовите на основните училишта, во рамките на акцијата, ќе…
повеќе...