Засадени 30 бадеми во близина на Горна Порта

Благодарение на поволните временски услови ЈП „Охридски Комуналец“ секојдневно е на терен на повеќе локации во градот и пошироката околина, реализирајќи го проектот зацртан од градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, за создавање нови 40 зелени катчиња, кои секојдневно никнуваат и го красат Охрид. Денеска во присуство на градоначалникот Никола Бакрачески, пратеникот Александар Николоски, секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа, претставник од фирмата Левидиа Дооел, Јасмина Луканова и др. се уредуваше зацртаното зелено катче во близина на Горна Порта, каде заради зачувување на…

повеќе...

Секретарот Спасески на работен состанок со претставници на месните заедници

Во административната зграда во Косел, секретарот Димитар Спасески, придружуван од директорот на МЈП „Проаква“ Томе Паскалоски и директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ Елена Скрческа, оствари работен состанок со претставници од месните заедници од Косел, Лескоец, Опеница, Вапила, Ливоишта и Куратица. На состанокот беше разговарано за проблемите кои овие жители ги имаат во комуналната сфера и водоснабдувањето. Во наредниот период ЈП „Охридски Комуналец“ во соработка со месните заедници ќе отпочне акција за расчистување на дивите депонии, уредување  на зеленилото покрај патиштата, кастрење на дрвата и одредување на дополнителни локации за поставување…

повеќе...

Хортикултурно уреден просторот кај крстосницата „Питу Гули“ – „Марко Нестороски“

Според утврдената динамика од страна на општина Охрид за создавање  40 нови зелени катчиња на целата територија на општина Охрид,  Ј.П. „Охридски Комуналец“ хортикултурно го оплемени новоуредениот простор кој се наоѓа во УЗ. „Горна Влашка Маала“, во близина на чинарот, на аголот од крстосницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“. Засадена е трева, 150 сезонски цвеќа и 30 декоративни садници.

повеќе...

Се средува зеленилото на улицата „ Марко Цепенков“

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ по налог на општинскиот инспекторат ја санира  пешачката патека по улицата „Марко Цепенков“ на потегот од кружниот тек на улицата „Питу Гули“ до месноста „Стобекс“. Отстранети се делови од зелената жива ограда, гранки од дрвја и  диви жбунови  од приватните имоти кои го попречуваа движењето на пешаците  и  видливоста на сообраќајните знаци. Во одржувањето на зеленилото по јавно- прометните површини Ј.П. „Охридски Комуналец“ секојдневно се сретнува со проблеми  кои произлегуваат од одржувањето на оградите, дрвјата и жбуновите кои од приватните имоти се шират на јавните пешачки…

повеќе...

Исчистени дивите депонии покрај патот до село Рамне

Месната Заедница на село Рамне во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ денес изврши чистење на дивите депонии покрај патот до село Рамне. „Подигнати се околу 25  метри кубни отпад. Од денес па натака ќе се преземат прекршочни пријави кон несовесните граѓани кои ја загадуваат оваа територија. И во иднина Месната Заедница на село Рамне ќе ја продолжи соработката со ЈП  „Охридски Комуналец“. “- изјави за WebOhrid, претседателот на МЗ на село Рамне, Ристе Трајчески. Ангелче Андриоски

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ наредните денови продолжува со пролетното уредување на Охрид

Во наредните два работни денови, по барање на Локалната самоуправа, ЈП „Охридски Комуналец“ ќе ја реализира акцијата за уредување и расчистување на поширокиот зелен појас околу Спортско- рекреативниот центар „Билјанини Извори“, каде треба да се отстранат сите жбунови, трње и да се подигне расфрланиот комунален отпад. По иницијативата на локалната самоуправа за формирање нови 40 зелени катчиња, наредниве денови стручните служби на Охридски Комуналец ќе ги уредуваат зелените катчиња на ул. „Никола Карев“ и дворот на ОУ „Климент Охридски“.

повеќе...

Подигнати 30м³ тиња во близина на Холандскиот Парк

По налог на Опшинскиот инспекторат е извршено чистење на крајбрежниот појас по градскиот кеј (во близина на Холандскиот Парк). Поради нискиот водостој во овој дел од крајбрежниот појас се натрупани големи количини тиња, па пристапено е кон расчистување со багерување со употреба на специјална механизација. Подигнати се и транспортирани 30м³ тиња и друг вид отпад. Оваа активност Ј.П. „Охридски Комуналец“ ја спроведува согласно годишната програма за Јавна хигиена во доменот на вонредни активности.

повеќе...

Расчистена локацијата на „Булевар Туристичка“ која беше запоставена од сопствениците

Одржувањето на јавната чистота на јавно-прометните површини кои согласно законот за Јавна чистота се точно дефинирани, треба да ги одржува Ј.П.„Охридски Комуналец“. Од претпријатието велат дека секојдневно се соочуваат со проблеми кои произлегуваат од создавањето мини-депонии на приватни имоти. „Овие мини-депонии се наоѓаат на многу фреквентни локации и претставуваат неубава слика и опасност за сите граѓани.“ – велат од ЈП „Охридски Комуналец“. Денес, по налог на Општинскиот инспекторат се расчистуваше локацијата која е во приватна сопственост, (просторот беше целосно запоставен од сопствениците), а се наоѓа покрај најфреквентната сообраќајница во Охрид…

повеќе...

Се проширува патот за Елшани

Локалната самоуправа се грижи и за локалните патишта. Деновиве, Mесната Заедница Елшани во соработка со Општинскиот инспекторат и ЈП „Охридски Комуналец“ работи на расчистување и проширување на патот за Елшани.

повеќе...

Охридски Комуналец: Нека Вашите дворови и тераси бидат цветни во секое годишно време

Расадникот кој функционира како засебна работна единица во рамките на Ј.П. „Охридски Комуналец“ располага со голем асортиман саден материјал. „На граѓаните им овозможуваме да ги украсуваат и аранжираат своите дворови и тераси во секое годишно време. Во моментов покрај декоративните зимзелени, листопадни и украсни дрвја, располагаме и со цветен саден материјал од зимската и рано-пролетната цветна реколта. Располагаме со садници од видот хибридна виола (очиња) во одлична состојба и квалитет со разновиден колорит, потоа белис -перенис и каранфилчиња, кои се сега по намалени цени и пристапни за сите граѓани.“– велат…

повеќе...