Ј.П. „Охридски Комуналец” Охрид заедно со Локалната самоуправа спроведе акција за чистење и средување на приградските населби и плажите кои не се дадени под концесија. Со акцијата се спроведува косење, метење и отстранување на комунален отпад. Денес се вршеше косење и чистење во Лагадин на плажите кои не се дадени под концесија на потегот од хотел Лагадин до автокампот Елешец. Во претходните денови се изврши средување на селото и плажите во Трпејца и во Пештани. Во наредните денови ќе се изврши изврши уредување во Елшани, Лагадин, Коњско, населба Исток, Свети…
повеќе...Tag: комуналец
Акција за кабаст отпад Видобишта во сабота
Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 15.06.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во населба „Видобишта“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.
повеќе...Акција за расчистување во соработка со комуналната инспекција
Денес на улиците „Галичица“ и „Мирче Ацев“ се спроведе акција на Ј.П. „Охридски Комуналец” во соработка со комуналната инспекција за расчистување на територијата на општина Охрид. Се молат граѓаните во иднина одлагањето на градежниот шут да го пријават во Ј.П. „Охридски Комуналец” како би се спречило создавање на грда слика за градот.
повеќе...Во парковите започна засадувањето на летната цветна реколта
Деновиве екипите на „Паркови и зеленило“ започнаа со засадување на сезонско цвеќе од видовите: петунија, салвија, импатиенс, тагетес, винка, сардела и др. Со овие садници кои се од сопствениот расадник ќе се разубават парковите во летниот и есенскиот период, а планирано е да се украсат парковите со околу 30.000 садници. Со комбинацијата од бои, партерни елементи, украсни садници и декоративни саксии за цвеќа ќе се испратат нови цветни разгледници од Охрид овековечени во фотографиите на странските туристи.
повеќе...ЈП „Охридски Комуналец“ освои три пехари на 20-тата „Комуналијада“
Изминатиов викенд во „Еуро Хотел“ Струга се одржа јубилејната 20-та „Комуналијада“ 2013 год. На овие спортско рекреативни игри кои имаат натпреварувачки карактер учествуваа околу 500 натпреварувачи од комунални претпријатија од Македонија. Со Комуналијадата беа опфатени следните спортски дисциплини: мал фудбал, шах, стрелаштво, куглање, пикадо, влечење јаже, кошарка и пинг-понг, како и работни дисциплини: аранжирање резано свежо цвеќе, миење на јавни површини, изнесување смет и др. Ј.П. „Охридски Комуналец“ се врати со три освоени пехари и тоа: * второ место шах – жени. …
повеќе...Заврши неделата на животна средина
Во рамките на „Неделата на животна средина“ што ја организираше Секторот за урбанизам и заштита на животната средина се одвиваше акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“. На граѓаните на општина Охрид кои живеат на улиците „Гоце Делчев“ (десна страна) од пресекот со „Абас Емин“ (втор чинар) до пресекот со „Ариф Мустафа“ (десна страна) која оди до пресeкот со бул.„Туристичка“, делот од бул. „Туристичка“ од пресекот со „Ариф Мустафа“ до пресекот со „Абас Емин“ (десна страна), како и улиците „Петар Поп Арсов“, „Илија Дуданоски“, „Ѓоре Ѓорѓиоски“, „Пере Тошев“, „Стив Наумов“, и…
повеќе...Акција за кабаст отпад во населбите „Воска“ и „Даљан“
Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на 8-ми јуни (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во населбите „Воска“ и „Даљан“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.
повеќе...Недела на животната средина
Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни Светскиот ден на животната средина втората недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на животната средина“ во која ќе бидат опфатени повеќе активности. Целта на организирањето на оваа „Недела на животната средина“ е што повеќе да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина. Во текот на Неделата на животната средина предвидени се повеќе активности: 1. Ќе се реализира проектот „Цветни балкони – Цветен…
повеќе...Во сабота – акција за кабаст отпад „Христо Узунов“, „Карабегомала“ и „Горна Влашка Маала“
Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид, ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 01.06.2013 год.(сабота) ќе се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во населбите „Христо Узунов“, „Карабегомала“ и „Горна Влашка Маала“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го…
повеќе...Ј.П. „Охридски Комуналец“ со долг од 93.776.000 денари
Вршителот на должноста директор на општинското јавно претпријатие „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа, денеска пред јавноста ја образложи затекнатата финансиска состојба во претпријатието. При извршените анализи во овој период констатирано е дека вкупниот долг на ЈП „Охридски Комуналец“ изнесува 93.776.000 денари од кои 49.956.000 денари се обврски кон добавувачи, 16.491.000 денари обврски кон кредити, а за извршни судски обврски претпријатието долгува 27.329.000 денари. „Дел од овие обврски се наследени пред поделбата на јавното претпријатие која е направена без елаборат за економската оправданост и без делбен биланс“, – истакна в.д. директорката Скрческа.…
повеќе...