Акција за кабаст отпад „Гоце Делчев“ (бараки) на 25-ти мај

Ј.П. „Охридски Комуналец“ -Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 25.05.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  во населба „Гоце Делчев“ (бараки). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.

повеќе...

Акција за расчистување во Велгошти

Денеска екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведуваат широко-опфатна акција за средување на с.Велгошти. Се коси тревата покрај коловозот, се дотерувааат зелените површини, се расчистува натрупаниот и расфрлан отпад, а јавните површини се метат. Исто така рачно се расчистува речното корито на Велгошка река  од пластика и расфрлан градежен шут. Со ваквите активности ќе се продолжи и во останатите делови од Охрид и приградските населби.

повеќе...

Интензивно се уредуваат зелените и јавни површини

Веќе трет ден екипите на „Јавна Хигиена“ и „Јавно Зеленило“ интензивно работат на повеќе локации за уредување на зелените површини во градот и приградските населби, како и чистење на јавно прометните површини. По иницијатива на Локалната самоуправа, а во соработка со другите јавни претпријатија од градот се коси ниската вегетација, се кастрат гранки, се метат површините и се подига отпад од следните локации:  во стариот дел од градот ул. „Кузман Капидан“; просторот околу МЈП „Проаква“ – Охрид; потегот од магистралниот пат Охрид-Св.Стефан и с.Пештани.

повеќе...

Акција за подигнување на кабаст отпад „Билјанини Извори“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 18.05.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  во населба „Билјанини Извори“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.

повеќе...

Се расчистува отпадот кој плива по каналот „Билјанини Извори“

Деновиве екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ интензивно го расчистуваат каналот „Билјанини Извори“ од натрупаниот отпад. Заради специфичноста на теренот отпадот од езерските води се расчистува рачно со помош на чамци при што се ангажирани 4 вработени. Во должина на целиот канал пливаат големи количини трска, пластика, хартија и друг вид отпад, при што се очекува да се подигнат 10 м³ отпад.

повеќе...

Акција за кабаст отпад „Стар Град“ и „Центар“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 11.05.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во населба „Стар Град“ и реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Маршал Тито“ и населба „Охридати“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на тел.046/265-353 со наведување на локацијата,…

повеќе...

Акција за зелен отпад во населба „Гоце Делчев“

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 27.04.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.)  од населба „Гоце Делчев„ (бараки). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Во месеците мај и јуни…

повеќе...

Акција за зелен отпад од населба „Билјанини Извори“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 20.04.2013 година (сабота) ќе организира акција за подигнување на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.)  од населба „Билјанини Извори“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефон 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го…

повеќе...

Повторно кражба на цвеќиња во градскиот парк

Во текот на изминатиот ден украдено е сезонско цвеќе (околу 30 садници очиња и кранфилчиња) кои се засадени во градскиот парк пред хотелот „Ривиера“ и покрај пешачката патека пред Центарот за култура „Григор Прличев“. Штетата од страна на екипите на „Паркови и зеленило“ е веднаш санирана и засадени се нови садници, но загрижува фактот што оваа појава континуирано се повторува и се деградираат градските паркови и  цветните катчиња. Се апелира до надлежните служби за поголема присутност и надзор над зелените површини, и секако апел до граѓаните за поголема грижа кон…

повеќе...

Акција за подигнување на зелен отпад

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре, 13.04.2013 год. (сабота) ќе организира акција за подигнување на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.)  од реонот опфатен со улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Маршал Тито“ и населба „Охридати“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефон 046/265-353 со наведување на локацијата,…

повеќе...