МКФ го продолжи рокот за пререгистрација во АД до 18 март

На барање на два клуба кои информираа дека ја отпочнале постапката за пререгистрација во АД, Македонската Кошаркарска Федерација го продолжува рокот за доставување на документи за завршена постапка за пререгистрација во АД до 18 март 2013 година. Суперлигата, како највисок степен на натпреварување, започнува на 20 март, исклучиво со клубовите кои ја имаат завршено постапката за пререгистрација и доставиле документи и Решение од надлежните државни институции (Централен Регистар и Агенција за млади и спорт) како потврда. Клубовите КК Лирија и КК Куманово, кои по првиот дел од Првенството обезбедија пласман…

повеќе...

Термини и локации за упис на млади таленти во кошаркарската паралелка

Термини и локации за селекција на млади таленти (машки и женски) за упис во кошаркарската паралелка во националната спортска академија 2013/14: 12 Март 2013 – 18:00 часот Битола – Спортска сала „Младост“ (За деца од Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Демир Хисар, Крушево)   13 Март 2013 – 19:30 часот Кавадарци – Спортска сала „Јасмин“ (За деца од Кавадарци, Неготино, Велес, Демир Капија)   19 Март 2013 – 18:00 часот Струмица – Спортска сала на Средно училиште „Никола Карев“ (За деца од Струмица, Гевгелија, Валандово, Делчево, Штип, Виница, Кочани, Радовиш,…

повеќе...

МЗТ Скопје 94-69 Задар

Актуелниот македонски шампион убедливо го совлада задар со 94-69, остварувајќи на 12 победа во дебитантската сезона во АБА лигата. Одличната игра во второто полувреме на избраниците на Алеш Пипан ја направи клучната разлика на мечот во Скопје. МЗТ Скопје Аеродром добро го почна натпреварот и преку Гечевски, Чековски и Дамјан Стојановски, кои ги постигнаа сите поени во првата четвртина, македонскиот состав по десет минути игра имаше високи 12 поени позитива (26-14). Иако во тие моменти изгледаше дека МЗТ ја има контролата, Задар успеа сепак да фати приклучок до полувремето и…

повеќе...

Значајна победа на Куманово против Кавала

Во трилер завршницата пред полните трибини на Куманово, избраниците на Љубислав Луковиќ ја совладаа Кавала со 94-92. Иако победата можеше да биде и многу поубедлива, овој нов успех на домашен терен сериозно ги приближува кумановци до Фајнл Фор турнирот во дебитантската сезона во Балканското друштво. Останува непоразен Куманово во својата сала и по ова трето коло од Топ Шест фазата во БИБЛ, со што македонскиот претставник се искачи на првата позиција на табелата со 4 победи и 3 порази. Домашниот тим претпазливо ја зголемуваше предноста во текот на првите три…

повеќе...

МЗТ Скопје поразен од Игокеа

И покрај тоа што лидерот на табелата во АБА лигата постојано одржуваше водство, натпреварот во Скопје имаше интересна и неизвесна завршница. Сепак, МЗТ не успеа да дојде до пресврт и го доживеа 11 пораз во 22 натпревар во дебитантската сезона во регионалното натпреварување. Уште од самиот почеток, користејќи ги проблемите со реализацијата на кошаркарите на МЗТ, Игокеа поведе со 8-2 и до крајот на натпреварот, во ниту еден момент не го препушти водството на противникот. Бакиќ, Гечевски и Чековски погодија во серија за МЗТ со што го изедначија резултатот, но…

повеќе...

Македонската надеж Оливер Двојаковски поканет на Џордан Кампот

Веќе втора година по ред, македонски млад кошаркар ќе учествува на еден од најпрестижните кампови за млади кошаркари во светот. Откако лани Андреј Магдевски доби шанса да работи со најдобрите, оваа година Кампот на Мајкл Џордан достави покана до 16-годишниот младински репрезентативец кој веќе две години игра за Кахасол Севиља, Оливер Двојаковски. Двојаковски, кој е роден на 26 јануари 1997 година, со своите игри за Кахасол, но и за младинската репрезентација на Македонија, го привлече вниманието на скаутите на најпрестижниот камп во светот, кои доставија понуда тој да учествува на…

повеќе...

Пораз на Куманово од Рилски Спортист

Не успеаа кумановци да дојдат и до вториот триумф по ред на гостински терен во регионалното натпреварување, откако загубија од Рилски Спортист во Бугарија со 88-75. Избраниците на Љубислав Луковиќ сепак остануваат на делба на врвот на табелата. Одличен, пред се офанзивен натпревар одигра домашниот состав во Самоков и остави малку шанси македонскиот претставник да се понадева на победа. Веќе докажано квалитетен пред своите навивачи, Рилски го помина речиси целиот натпревар во водство кое постојано го зголемуваше, за на крајот да слави и со високи 13 поени позитива. Комплетната прва…

повеќе...