Ќе биде ли изграден паркингот во Лешани ветен уште пред 2 години?!?

До нашиот медиум пристигнаа реакции од мештаните во Лешани кои очекуваат да биде изграден ветениот паркинг кај манастирот „Сите Светии“- Си Свети. Информациите говорат дека на местото означено и планирано за паркинг однесена е само песокта. „Очекуваме да се реализира ветеното, а патем и забелешка дека преполнетиот контејнер кој стои до несудениот паркинг треба барем редовно да се празни. Тоа, секако е должност и задача на Комуналното претпријатие на општината Дебарца.“ – велат во дописот загрижените граѓани од Дебрца, кои ни испратија и неколку фотографии од пред манастирот „Сите Светии“ во Лешани.

повеќе...

Градоначалникот Трајкоски ги најави проектите за канализациони мрежи во Велмеј, Лешани и пречистителна станица во Грко Поле

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски денес одржа прес-конференција, на која ги најави проектите за реализација на канализациони мрежи во Велемеј, Лешани и пречистителна станица во Грко Поле. „Изградбата на системот за фекална канализација во село Велмеј ќе се состои од главен крак, колектор кој поминува низ средината на селото и кој ќе ги прифаќа останатите секундарни краци. Должината на канализационата мрежа изнесува Л=9354 м . Во овој проект предвидени се вкупно 237 ревизиони и каскадни шахти. Секундарните краци ќе се поставени на начин, да ги зафаќаат отпадните води од…

повеќе...

Исчезнатото девојче од Лешани пронајдено е мртво во атарот на Велмеј

На 02.01.2014 година од страна на увидна екипа од СВР Охрид во содејство со ОЈО извршен е увид во атарот на село Велмеј, охридско, во врска со пронајден леш на 01.01.2013 година при што утврдено е дека се работи за четиринаесет годишното девојче од село Лешани кое на 12.11.2013 година беше пријавено за исчезнато.

повеќе...

Претставници од Центарот за социјална работа и од Општина Дебарца ќе остварат средби со жителите од Велмеј и Лешани

Претставници од Центарот за социјална работа Охрид и претставници од Општина Дебарца утре ќе остварат средби со жителите на село Велмеј и село Лешани. На средбата жителите ќе бидат запознаени за проектот на отворени денови за социјалната заштита во руралните средини.  Овој проект има за цел да обезбеди информирање на жителите од руралните средини за правата и услугите од социјалната заштита. Со проектот ќе се овозможи рано откривање и ран третман за жителите, кои се изложени на социјален ризик како и ублажување на штетните последици, се со цел поголема достапност…

повеќе...

Целосно конзервирана и реставрирана црквата „Сите Светии“ во с.Лешани

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците и музеј – Охрид ја завршија целосната конзервација и реставрација на црквата „Сите Светии“ која се наоѓа во манастирскиот комплекс во село Лешани, во областа Долна Дебарца, Охридско. Проектот, финансиран од Министерството за култура, се одвиваше во пет фази и опфати заштитно-конзерваторски работи на архитектурата на црквата заради намалување на негативните влијанија на влагата во и околу објектот, како и санација на археолошките ѕидови. Извршена е и конзервација на фрескоживописот кој поради интензивната влага во изминатиот период беше доведен во сериозна опасност.…

повеќе...