Тим на Меѓународниот монетарен фонд предводен од Џесмин Рахман од утре до 8 јули ќе престојува во Скопје со цел спроведување на Годишниот преглед на македонската економија. Како што соопшти ММФ, тимот на крајот од Мисијата ќе соопшти прелиминарни оценки и ќе го подготви целосниот извештај, кој ќе биде дискутиран на состанок на Извршниот борд на ММФ, чиј датум ќе биде објавен дополнително. Посетата на тимот на ММФ е дел од редовните активности на Меѓународниот фонд за следење на состојбите со економијата што се вршат во сите 188 земји-членки.
повеќе...Tag: ммф
Ставрески: ММФ забележа дека има напредок во намалување на невработеноста
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) нотираше напредок во намалувањето на стапката на невработеност во Република Македонија. Во извештајот „15 години транзиција Западен Балкан можности за наоѓање работа во однос на младите од регионот. Како причина за тоа се наведуваат инвестициите во образованието и ефектите од странските директни инвестиции.“ Фондот посочува дека младите во Македонија и Србија имаат многу поголеми. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој учествува на конференцијата организирана од ММФ во Виена за презентација на извештајот, истакна дека оценките на ММФ како најрелевантна финансиска институција се големо признание…
повеќе...ММФ го поздрави предвременото отплаќање на долгот
Меѓународниот монетарен фонд го поздрави предвременото враќање на кредитната линија за претпазливост за Македонија. „Ја поздравувам одлуката на Македонија за предвремено враќање на заостанатите обврски кон Фондот, што го покажува подобрениот пристап на земјата до меѓународните пазари на капитал. Со нетрпение очекуваме продолжување на блискиот и конструктивен дијалог со македонските власти“, изјави директорот на ММФ Кристин Лагард. Република Македонија предвреме ги исплати вкупните заостанати обврски кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во износ од 173,3 милиони долари. Овие обврски произлегуваат од средствата повлечени во рамките на Претпазливата ликвидна линија, одобрена во…
повеќе...ММФ: Македонската економија јакнe, растот од 3,5 отсто остварлив
Меѓународниот монетарен фонд очекува растот на македонската економија да зајакне и смета дека предвидниот раст од 3,5 проценти е остварлив. Растот на бројот на вработени и зголемените плати во јавниот сектор и пензии ќе ја поддржат потрошувачката, додека инвестициите ќе се поттикнат со крупните инфраструктурни проекти во јавниот сектор. Ова го истакна шефот на Мисијата на ММФ Ивана Владкова Холар по двонеделните разговори со претставници на Владата, Народната банка и приватниот сектор во Македонија. Посочи дека странските директни инвестиции, изградбата на автопатиштата и реализацијата на крупни инфраструктурни проекти се очекува…
повеќе...ММФ: Да се зголеми старосната граница за пензија во Албанија
Меѓународниот монетарен фонд на почетокот на месецов на Албанија и даде заем од околу 330 милиони евра, но бара албанската влада да ја зголеми старосната граница за одење во пензија. „ММФ бара мажите да одат во пенизја на 67 годишна возраст, наместо на 65 колку што е сегашната граница, а жените на 65 наместо на 63години“, пренесува порталот „Албеу“. Според ММФ, актуелната тежина на пензиите врз државниот буџет е голема и може и понатаму да ја отежни ситуацијата, поради ниските придонеси за осигурување и неприкажувањето на реалната плата од страна…
повеќе...