Денес е празник, посветен на Рождеството на Пресвета Богородица – Мала Богородица. Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко Ѝ беше од племето Давидово, а мајка Ѝ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се…
повеќе...Tag: мпц
Свети Јован, архиепископ Новгородски
Свети Јован, архиепископ Новгородски Беше најпрво свештеник, а потоа, од 1162 година, епископ во Новгород. За време на својот живот изгради седум цркви. Имаше видение на Пресвета Богородица и необична сила над демоните, коишто дури ги принудуваше и да му служат. Чудесно го сочува Новгород од нападот на седумдесет и двајца кнезови. Страдаше од искушенијата ѓаволски, но со силата на крстот и молитвата сите ги совлада. На старост се повлече во манастир, прими схима и мирно се упокои во Господ на 7 септември, 1185 година.
повеќе...Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил
Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил Во Фригија имаше едно место наречено Хони („нурнување“) недалеку од Ерапол; и на тоа место извор со чудотворна вода. Кога Светиот апостол Јован Богослов со Филип го проповедаше Евангелието во Ерапол, тој погледна на она место и прорече дека таму ќе се отвори извор на чудотворна вода од која многумина ќе добијат исцеление и дека тоа место ќе го посети великиот Божји Архистратиг Михаил. Наскоро потоа ова пророштво се исполни, се отвори извор којшто заради својата чудесна сила се прочу на сите страни.…
повеќе...Светиот свештеномаченик Вавила
Светиот свештеномаченик Вавила Овој голем и прекрасен човек, ако може да биде наречен човек, како што се изразува Свети Јован Златоуст за него, беше архиереј во Антиохија во времето на скверниот цар Нумеријан. Нумеријан заклучил мир со некој варварски цар којшто бил многу поблагороден и помирољубив од самиот Нумеријан. Во знак на својата искрена желба за траен мир, варварскиот цар го даде своето помало синче на дворецот кај царот Нумеријан за да се воспитува таму. Еден ден Нумеријан со свои раце го закла тоа невино детенце и им го принесе…
повеќе...Свети Јован Постник, патријарх Цариградски
Свети Јован Постник, патријарх Цариградски Се празнува и на 30-ти август. Најпрво беше златар, па по Божја Промисла, а заради својата голема добродетелност беше посветен за свештеник. Како млад Свети Јован еднаш одеше со некој стар монах, Евсевиј, од Палестина. Одеднаш му дојде глас на Евсевиј од некого невидлив: „Авво, не оди од десната страна на великиот Јован!“ Вака гласот Божји ја навестуваше велката служба на којашто Јован наскоро требаше да биде повикан. После блажениот Евтихиј, Јован беше избран за патријарх Цариградски. Никако не сакаше да прими, но беше застрашен…
повеќе...Почеток на црковната година
Почеток на црковната година Првиот Вселенски Собор определи црковната година да почнува на 1 септември. Месецот септември кај Евреите беше почеток на граѓанската година (Исх. 23, 16), месец на собирање на плодовите и принесување жртви на благодарност кон Бога. Во времето на ова празнување Господ Исус влезе во синагогата во Назарет и ја отвори книгата на Пророкот Исаија и ги прочита зборовите: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза за да им благовестам на бедните, Ме испрати да лекувам скрушени по срце, да им проповедам на заробените отпуштање…
повеќе...Празник на појасот на Пресвета Богородица
Празник на појасот на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија. Овој ковчег никогаш не се отвараше, с ѐ до времето на царот Лав Мудриот (886 г. – 912 г.). Сопругата на Лав, царицата Зоа, душевно се разболе, и според некое таинствено видение посака врз неа да го положат појасот на Пресвета Богородица. Царот го помоли патријархот, па…
повеќе...Светите Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски
Светите Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски Александар учетсвуваше на I Вселенски Собор во Никеја, наместо престарениот патријарх Митрофан, когошто потоа го наследи. Kога некои философи сакаа да се препираат со него за верата, на едниот од нив му рече: „Во името на мојот Господ Исус Христос ти заповедам да замолкнеш!“ И во тој миг философот онеме. Со својата молитва и на Ариј тој му го прекина животот. Се упокои на возраст од деведесет и осум години, во 340 година. Свети Јован Постник управуваше со Црквата во времето на злиот…
повеќе...Светиот маченик Анастасиј (Спасо) Радовишки
Денес е празник посветен на Светиот маченик Анастасиј (Спасо) Радовишки . Момче од Радовиш, од Струмичката епархија во Македонија. Учеше занает во Солун. Турците го присилуваа да се потурчи, а тој одлучно ги одби. За ова беше мачен и најпосле го обесија на 29 август, 1794 година.
повеќе...Отсекувањето на главата на Св.Јован Крстител
Денес е Отсекување на главата на Св.Јован Крстител. Ирод Антипа, синот на стариот Ирод, убиецот на Витлеемските младенци во времето на раѓањето на Господ Исус, беше господар на Галилеја во времето на проповедта на Свети Јован Крстител. Овој Ирод беше оженет со ќерката на арапскиот кнез Арета. Но бидејќи зол изданок од зол корен, Ирод ја протера својата законска жена и незаконски ја зеде за сожителка Иродијада, жената на својот брат Филип, којшто сѐ уште беше жив. Против ова беззаконие стана Свети Јован Крстител и силно го изобличи Ирод. Ирод го…
повеќе...