Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи ја започна оперативната акција „Којот“, при што беше разбиена криминална група на подрачјето на Велес, Неготино, Гевгелија и Скопје. Во текот на минатата ноќ па се до утринските часови извршени се претреси на дом и други простории на 24 локации во Велес, Неготино, Гевгелија и Скопје кај повеќе лица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Разбојништва, Лажно претставување, Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, Криумчарење…
повеќе...Tag: мвр
Заменик Министерот Нухиу го посети привремениот граничен премин „Свети Наум“
По повод користењето на привремениот граничен премин Македонија – Албанија „Свети Наум“, за 2016 година, Заменик Министерот Агим Нухиу вчера го посети истиот. Целта на овој граничен премин е имплементација на договорот за преминување на државната граница по воден пат Охрид – Поградец и престој на територијата на Република Македонија и Република Албанија.
повеќе...Чавков: Ќе се преземат мерки за безбедноста на македонските граѓани кои престојуваат во Турција
„МВР ја следи состојбата во Турција и е во постојан контакт со МНР и во координација со безбедносните сили,“ истакна денеска ресорниот министер Митко Чавков. Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на плажата во Сливница, тој посочи дека ќе преземат мерки за безбедноста на македонските граѓани кои во моментот престојуваат во Турција. „Будно ги следиме состојбите во Турција. Во текот на денешниот ден имаме координација со безбедносните служби и ќе произлезат одредени заклучоци во однос на превенирање или преземање на наши активности во однос на безбедност на нашите граѓани…
повеќе...Министерот Чавков присуствуваше на манифестацијата „Летен хепенинг 2016“ во преспанскиот регион
Денес на плажата „Конект“ на Преспанското Езеро министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков присуствуваше на манифестацијата „Летен хепенинг 2016“ , кој се реализира во рамките на проектот „Безбедно на нашите плажи’“. Целта на овој проект е да се подигне свеста на посетителите на туристичките места за самозаштита од кражби, да се делува превентивно, како би се намалил бројот на кражби на вредни предмети на плажите, како и провални кражби од возила, камп-приколки и бунгалови во туристичките населби во Преспанскиот регион на Општина Ресен, како и зајакнување на довербата помеѓу…
повеќе...Во пресрет на безбедносните закани и предизвици, МВР ќе се засили со нови 600 полициски службеници
Во ова турбулентно време секојдневно сме сведоци и се соочуваме со специфични предизвици кои бараат сериозен пристап и потполна посветеност. Ризиците од безбедносни закани и тероризам, мигрантската криза како глобален предизвик чиј втор бран се очекува во наредните месеци, бараат соодветен ангажман кој ние како Министерство за внатрешни работи, без никакви компромиси мораме да го задржиме во континуитет гарантирајќи ја и понатаму безбедноста и сигурноста на граѓаните на Република Македонија, велат од МВР. „Како резултат на овие предизвици со кои се соочува не само нашата земја и земјите во регионот,…
повеќе...Oперативна акција „Лотос“
Министерството за внатрешни работи ја реализираше оперативната акција „Лотос“, при што беше сузбиена криминална структура од подрачјето на Велес чиј организатор освен што и самиот продавал наркотични дроги на уживатели и дилери, воспоставил и мрежа на препродавачи низ повеќе градови во Македонија. Имено кон крајот на 2015 година, по добиени оперативни сознанија за лица кои препродавале наркотични дроги хероин и марихуана, како и синтетичка дрога амфетамин беа преземени мерки и активности за обезбедување на материјални докази. Во рамки на ацијата која траеше до рано изутринава беа извршени претреси во дом…
повеќе...Заменик Министерот Агим Нухиу го посети граничиот премин Табановце
Заменик Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, вчера го посети граничиот премин Табановце, со цел од блиску да се види спроведувањето на планот и новата методологија на работењето на граничните премини. Од планот, реално, се очекува да се намали времетраењето на вршење на контрола на патни исправи, зголемување на квалитетот на вршењето на тековните обврски, како и унификација и вклопување на граничните контроли со земјите на ЕУ.
повеќе...Две години од хеликоптерската несреќа кај Струмица
Денес, делегација на Министерството за внатрешни работи, заедно со семејствата на трагично загинатите пилоти Драги Мицев, Иљо Лопатички, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков во хеликоптерската несреќа што се случи на 10ти Јули 2014 година кај Струмица, одадоа почит на спомен обележјето во Аеродромската база ,„Брест“ во Петровец.
повеќе...Уапсени четири лица во продолжението на акцијата „Ќелија“
Министерството за внатрешни работи по спроведена сеопфатна истрага поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против С.Р.(26), Б.С.(32), Б.Г.(23), Е.У.(36), Ф.И.(31) сите од Скопје, М.М.(38) од Тетово и С.И.(27) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело учество во „терористичка организација“, односно припадник или тој што помага на било кој начин по член 394-а став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија. По спроведените претреси на дом и други простории, по наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје, на седум…
повеќе...Исчезна 75 годишен кичевчанец
Синоќа во 21:30 часот во Полициската Станица – Кичево, Т.М.(1991) од Кичево, пријавила дека на 03.06.2016 година во 11:00 часот од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот дедо З.С. на возраст од околу 75 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
повеќе...