Поднесени пријави против напаѓачот на новинарот на ТВ Телма

На 20.10.2016 година околу 21,20 часот во Скопје, на ул. „Димче Мирчев“ пред главната капија на Министерството за внатрешни работи, Б.П.(29) од Скопје, вработен како новинар во ТВ Телма, бил физички нападнат од страна на К.П.(32) од Скопје, при што повеќе пати бил удиран со раце и нозе во пределот на главата и телото и му биле нанесени видливи повреди. К.П. бил приведен во ПС ОН Центар и по целосно расчистување на случајот поднесени му се прекршочни пријави по член 6 и член 12 од Законот за прекршоците против јавниот…

повеќе...

Министерот Спасовски на конференција „Напорите на Република Македонија во спротиставувањето на насилниот екстремизам- поглед на граѓанското општество“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваше на презентација на истражување на тема „Напорите на Република Македонија во спротиставувањето на насилниот екстремизам- поглед на граѓанското општество“, во хотелот Мериот во Скопје. Во продолжение интегрално го објавуваме обраќањето на министерот Спасовски. „Дозволете ми на почетокот да се заблагодарам на “Аналитика тинк тенк“ на поканата за учество на денешната презентација на едно истражување кое, според мене, е посветено на исклучително сериозна тема “Напорите на Република Македонија во спротивставувањето на насилниот екстремизам – поглед од граѓанското општество“. Тема која што без дилема…

повеќе...

Забранет влез во Македонија на 23 албански државјани кои збирале костени кај струшко Франгово

Вчера во 16.30 часот на подрачјето на струшко с.Франгово, кај м.в. „Фериште“, била забележана група на луѓе како берат костени, при што од страна на полициски службеници од ПС за ГН-Франгово, биле затекнати и приведени 23 лица-албански државјани. Кај лицата биле пронајдени 17 вреќи со костени, кои со потврда за привремено одземени предмети им се одземени и се наоѓаат во ПС за ГН-Франгово. На лицата им е изречена мерка „забрана за влез во Р.Македонија“ и во 21.00 часот биле предадени на ПС за ГП „Ќафасан“.

повеќе...

Притворени две лица кои сакале да прошверцуваат 40 килограми дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори,“, полициската станица од Струга, поднесе кривична пријава против Е.И.(26) од гостиварското село Лакавица и Б.Р.(34) од Гостивар. Нив, одредена им е мерка притвор во траење до 30 дена. На осми овој месец, околу 21 часот, при акција на криминалистичката полиција при СВР Охрид, во патнички автомобил „Порше Ка-ен“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Е.И. пронајдени се околу 4о килограми непозната зеленкаста тревкаста материја. Акцијата е изведена во…

повеќе...

Промовирани 654 кандидати за полициски службеници

Денеска во Центарот за обука во Идризово на пригодната свеченост беа промовирани 654 кандидати за полициски службеници кои успешно ја завршија едногодишната обука поделена во три образовни модули – сообраќај, јавен ред и мир и гранични работи. Министерот Оливер Спасовски им честита за постигнатиот успех во текот на напорната обука, која се завршува со нивно официјално влегување во системот на Министерството за внатрешни работи и им посака успех во натамошната кариера. „Вие денеска отворате едно ново поглавје во вашите животи. Какво ќе биде и што во него ќе “испишете“- во…

повеќе...

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Франција Кристиан Тимоние

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција Н.Е. Кристиан Тимоние. Министерот Спасовски му посака на амбасадорот Тимоние успешна работа во текот на неговиот мандат и изрази благодарност за досегашната помош и поддршка за нашата држава и конкретно за Министерството за внатрешни работи. Амбасадорот Тимоние го поздрави начинот на кој МВР и другите институции се справија со проблемот со мигрантите. Тој изрази надеж и дека во Македонија ќе се одржат фер и кредибилни избори и МВР ќе го даде својот комплетен придонес за…

повеќе...

Министерот Спасовски на Есенскиот состанок на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше обраќање на Есенскиот состанок на Парламентарното собрание на ОБСЕ 2016. Во продолжение интегрално го објавуваме обраќањето на министерот Спасовски. Проблематиката на миграцијата, особено сега во актуелниот глобален политички контекст е незаобиколен фактор кој очигледно мора да биде вкалкулиран во она што значи меѓународна соработка и дејствување. Со оглед на димензиите, но и тенденциите на постоечките миграциски движења, ОБСЕ со право, во рамки на формулираната тема – “Зајакнување на мерките за градење доверба и добро владеењево регионот“ – ја детерминираше и миграцијата како…

повеќе...

СВР Скопје – расветлени две кривични дела

СВР-Скопје, Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција-Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против С.И.(35) од Скопје поради постоење основано сомнение дека извршил две кривични дела и тоа едно кривично дело ,,кражба“ (џепна) предвидено и казниво по чл.235 ст.1 и едно кривично дело „навлегување во компјутерски систем“предвидено и казниво по чл.251 од КЗ на РМ при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 31.000 денари, за што од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. Имено пријавениот И.С.…

повеќе...

Тешко повреден велосипедист во сообраќајна незгода во Струга

Вчера околу 12:00 часот во Струга на ул.„Владо Малески“ случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Цитроен“Ц3 со скопски регистерски ознаки управувано од Т.Ѓ. (74) од Скопје и велосипед управуван од В.Т. (72) од Струга. Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на черепот и левата половина од горната вилица и крварење во главата) се здобил возачот на велосипедот, кој бил пренесен во МЦ-Струга, од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен во болницата Св.Еразмо-Охрид, каде бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот бил извршен од ЈО и увидна…

повеќе...

Прес конференција на директорот на БЈБ Митко Чавков

Бирото за јавна безбедност изминатиот месец по преземени мерки и активности реализираше голем број на случаи од различни области при што кривично се пријавени 28 лица поради постоење основи на сомнение дека сториле повеќе кривични дела. \ 1. НТ СО ДРОГА Најголем број од реализациите се од областа на недозволената трговија со дрога при што од страна на полициски службеници запленети се околу 106 килограми на наркотична дрога, од кои најголемиот дел е марихуана и во помали количества кокаин и хероин. При реализацијата на овие 9 случаи на недозволена трговија…

повеќе...