Во организација на Културниот центар “Кармен Силва“ од Синаја, Република Романија, од 11-17-ти септември се одржа меѓународната уметничка работилница – „Културна разновидност без граници во Синаја“. Одличните односи меѓу Охрид и Синаја, резултираа со покана со учество на нашите сограѓанки, Сања Фармакоска и Данче Наумоска, кои се претставија со своите креации во длабока резба и бакрорез. „На работилницата покрај нас учествуваа и уметници со свои рачни изработки од Велика Британија, Турција и домаќините од Синаја. Целата манифестација беше поддржана финансиски од европските фондови, а домаќините се потрудија нашиот престој и…
повеќе...Tag: oхрид
Министерот Попоски утре во Охрид на затворање на Летниот камп 2015 – „Ја сакам Македонија”
Утре министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, ќе го посети Летниот камп 2015 „Ја сакам Македонија” кој секоја година, традиционално, се одржува во Охрид, во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Во рамките на посетата, министерот Попоски ќе одржи предавање и ќе им додели благодарници на учесниците на истиот.
повеќе...Оглас бр. 02/2015 за прибирање на понуди за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема
Врз основа на член 79-81 од Законот за градење („Сл.весник на РМ“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13,163/13, 28/14,42/14, 115/14 и 149/14) член 34 од Статутот на општина Охрид и Одлуката за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2015 год. бр. 07- 4189/44 од 30.12.2014 год. („Сл.гласник на општина Охрид бр. 17/2014) Градоначалникот на Општина Охрид објавува: О Г Л А С Б Р. 02/2015 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ЛОКАЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ…
повеќе...