Спектакуларниот квартет „Бонд“ на 53тото издание на Охридско Лето

Ако минатата година, атракција беа двете чела, овојпат се очекува публиката да бара билет повеќе за концертот на светската атракција, спектакуларниот квартет „Бонд“ кој доаѓа во Македонија првпат, по седумгодишни преговори. На 27 Јули, сабота,  концерт на светската атракција, гудачки квартет составен од четири талентирани, креативни и атрактивни девојки. „После седум години преговарање, работа, труд и трпение, конечно големата атракција БОНД на 53тото издание на Охридско Лето. Изминатите години имаше неколку обиди концертот на БОНД да се реализира во Скопје, но ваква светска атракција заслужува да биде претставена за прв…

повеќе...

Охридско Лето ја претстави атрактивната понуда за оваа година

Квалитетната, уникатна, атрактивна и возбудливата програма за овогодинешното издание на Охридско Лето. Фестивалот повторно ќе биде домаќин на најголемите, најславните и најуспешните,  најавија селекторите на Охридско лето на денешната пресконференција во Охрид.  Според првите луѓе на фестивалот ако  по ѕвездите се паметат фестивалските изданија, оваа се најавува  големо соѕвездие од големи уметнички имиња кои ќе понудат врвни креации и несекојдневни уметнички доживувања за фестивалската публика. „Минатата година имавме успешно издание а годинава најавуваме спектакуларно лето. Заедно со поддршката на Министерството за култура,новата градска управа на Охрид и градоначаликот Никола Бакрачески,…

повеќе...