На 2 септември завршува заштитната мерка за условен увоз на пченица од странство

Пазарот се стабилизира, се надминува предизвикот, и се создаваат услови за укинување на заштитната мерка за условен увоз на пченица од странство, и таа ќе се престане да важи на 2 септември годинава, соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Оваа одлука е донесена, објасни Ѓорѓиев, откако е оценето дека сериозно е стабилизиран пазарот со пченица. „Домашното производство е околу 95 отсто откупено со што се создадоа услови за повлекување на заштитната мерка“, изјави Ѓорѓиев. Тој информира дека Владата била информирана и дека финишираат процесите за стабилизација и на пазарот на…

повеќе...

Британски производители заинтересирани за влез на македонскиот пазар

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на билатералната средба со својот колега, британскиот министер за земјоделство и храна Дејвид Хит, во Лондон, ги повика бизнисмените од Обединетото Кралство да инвестираат во Македонија поради поволните услови што ги нуди, особено во земјоделството. „Нашите врати се отворени за инвестиции во производството или во откупно дистрибутивни центри за земјоделски производи за да ги пласираат на британскиот пазар“, рече Димовски на средбата. Осврнувајќи се на актуелните состојби во аграрот, Димовски нагласи дека Македонија ја усогласи легислативата согласно барањата на ЕУ и успеа…

повеќе...

Владата го услови увозот на пченица и брашно

Владата на Република Македонија донесе Одлука за воведување на мерката за заштита на пазарот на пченица и брашно, со врзување на количините на увоз на пченица и брашно со откуп на пченица произведена во Република Македонија. Мерката се воведува во согласност со одредбите од Законот за земјоделство и рурален развој (Член 46, став 4) за заштита на пазарот на меркантилна пченица и брашно од пченица и превенирање на  опасност од сериозни нарушувања на пазарот со овие производи кои можат да ги загрозат целите на националната земјоделска политика. Мерката треба да…

повеќе...

ЈП „Градски Пазар“ изврши проценка на ризик на работните места

Согласно Законот за безбедност и здравје при работа, ЈП „Градски Пазар“ спроведе активности при што изготви проценка на ризик на работното место, со изјава за безбедност, со што во целост се исполни оваа законска обврска. Со постапката беа опфатени сите работни места на вработените во јавното претпријатие и детектирани се ризиците што се јавуваат на работните места, а со ваквата заложба се отстрануваат и негативните последици по нивното здравје при извршување на секојдневните работни задачи. На овој начин вработените, работните задачи ќе ги извршуваат со најмал степен на ризик.

повеќе...

ЈП „Градски Пазар“ објави оглас за издавање под закуп на тезги на нови локации во Зелениот Пазар

Денеска ЈП „Градски пазар“ објави оглас за закуп на тезги на нови локации во Зелен Пазар на Булевар „Туристичка“, за продажба на земјоделски производи и бижутерија. Заинтересираните правни и физички лица за закуп на тезгите кои ги исполнуваат условите за закуп во пазарот, да се јават најдоцна до 01.07.2013 година (понеделник) во административните простории на ЈП „Градски Пазар“ Охрид. Дополнителни информации може да се добијат во просториите на ЈП „ГРАДСКИ ПАЗАР“ на Булевар „Туристичка“ 79 или на телефонот 046 266 600.

повеќе...

Дезинфекција на Градскиот пазар

Со цел превентивно да се делува во заштитата на здравјето на корисниците на услугите кои ги нуди јавното претпријатие „Градски пазар“, односно да се редуцираат и уништат причинителите кои штетат на човечкото здравје, стручни лица извршија дезинфекција, дезинсекција и дератизација на просторот определен за продажба на земјоделски производи. Со ваквата активност се преземаат превентивни мерки за спречување на појава од инсекти и глодари кои имаат епидемиолошко значење поради пренесување на заразни болести. Според Законот за заштита на населението од заразни болести, превентивна дезинфекција е задолжителна во здравствените установи, училишни, предучилишни…

повеќе...

Во Битола ќе се гради центар за откуп и дистрибуција на земјоделски производи

Создадени се сите предуслови за изградба на нов откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи во Битола. Со овој проект, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, уште еднаш се потврдува добрата соработка меѓу Владата и локалната самоуправа. „Целокупното земјоделско производство од Пелагонија ќе се откупува токму на оваа локација“, истакна Димовски кој присуствуваше на промотивниот настан. Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, голем е интересот за инвестирање во вакви проекти поради што во функција се става државното градежно земјиште. Комитетот за градежна експанзија овозможи да се…

повеќе...

Бакрачески: На ова место ние ветивме и ќе реализираме конечно изградба на еден современ покриен пазар

„Денес се наоѓаме пред уште едно грдо лице во градот, една многу неугледна глетка, со што го прави впечатокот на охриѓани и на туристите кои што доаѓаат во него многу неприсотен. Ова е место каде што долги години наназад градоначалникот и локалната самоуправа постојано ветуваа дека ќе изградат покриен зелен пазар. Ова е место каде што не се обезбедени ни минимум безбедносни услови за продажба на храна, ниту хигено-епидемиолошките, ниту санитарно-технички услови за продажба на истата“. – изјави кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески при денешната посета на…

повеќе...