Старец од Охрид извршил полов напад врз седумгодишно девојче

Вчера во 13:10 часот во ПС Охрид, В.М. (32) од Охрид пријавила дека истиот ден околу 12:30 часот Т.Т. (73) извршил полов напад врз нејзината седумгодишна ќерка. Додека детето се враќало од училиште по ул.„Св.Климент Охридски“, ја викнал сторителот и извршил полови дејствија врз истата. Т.Т. е приведен и задржан во ПС Охрид, за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Нова кривична за осуденик кој додека бил во бегство извршил разбојништво во златарница

СВР-Скопје, Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар, до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицето И.С. (31) од Куманово поради основано сомнение дека извршил кривично дело “разбојништво“ предвидено и казниво по чл.237 од КЗ на РМ. Имено, на 18.12.2015 година со намера да се стекне со противправна имотна корист пријавениот инаку осудено лице кој се наоѓал на издржување казна затвор во КПУ затвор Куманово – отворено одделение во Крива Паланка, додека бил во бегство од затворот, извршил кривично дело разбојништво при што одзел 16 златни…

повеќе...

Отишол да собира печурки и не се вратил

Денес во СВР-Охрид А.А.(19) пријавила дека вчера (3ти јуни) од домот излегол нејзиниот татко Р.А.(48) упатувајќи се кон с.Ботун за да собира печурки и истиот не се вратил. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

повеќе...

Три лица повредени во сообраќајка кај Требеништа

Две лица се здобија со лесни, а едно со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што денес во 12 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот помеѓу селата Горенци и Требеништа. Тешката сообраќајната незгода се случила при разминување помеѓу патничко моторно возило марка „Опел корса“ со струшки регистарски таблици кое се движело во правец од Охрид кон Кичево и возило „Хундаи“ со охридски регистарски ознаки кое сообраќало во обратен правец. Во момент на разминување на двете возила, дошло до судар со предните страни од автомобилите.…

повеќе...

СВР Охрид поднесе кривични пријави за повеќе лица кај кои била пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Б. (31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 29.02.2016 година од страна на полициски службеници извршен е претрес во викенд куќа во с. Љубаниште на пријавениот при што се пронајдени 0,21 грама наркотична дрога марихуана, 16,92 грама семки канабис и два куршуми. СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П. (28) од Кавадарци поради постоење основи…

повеќе...

Ограбена канцеларија во Струга

Вчера во Полициската станица – Струга било пријавено дека на 29/30.05.2016 година во периодот од 21.45 до 09.30 часот, во деловна канцеларија на ДООЕЛ„Г Компани“ во Струга, сопственост на Т.Г. (43) од Струга, непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел метална каса во која имало 85.000 денари, 300 евра, 200 долари, 500 лева, две златни белезгии и еден пиштол, по што го напуштил местото на настанот. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот…

повеќе...

Ја малтретирал малолетната сопруга – го нападнала со нож

На 28.05.2016 година околу 02,10 часот во ПС-Кичево, од страна на МЦ-Кичево телефонски било пријавено дека кај нив бил донесен Џ.С.(19) од Кичево, со повреда од нож во вид на расекотина во пределот на слабината и левата надлактица, кој по укажаната лекарска помош бил пренесен во МЦ-Гостивар, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во УЦ-Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кичево, при што било констатирано дека околу 01,30 часот во Кичево на ул„М.Јовески“ Џ.С.кој бил во алкохолизирана состојба започнал расправија со 16 годишна малолетничка…

повеќе...

Лажна дојава за експлозивна направа во автомобил во Струга

Нема експлозивна направа која може да предизвика општа опасност поставена во патничко моторно возило во Струга. Ова го констатираа стручни полициски тимови од анти-тероризам при СВР Охрид и полициски службеници од полициската станица во Струга, при денешните активности во Струга по добиена информација за можна поставена направа во патнички автомобил на улицата „Јово Стефаноски Риле“ во Струга. Во полициската станица во Струга, денес во 09 часот и 30 минути добиена е информација дека во патнички автомобил марка „Нисан Примера“ со бугарски регистарски ознаки, има направа која може да предизвика општа…

повеќе...

Кривична пријава за две лица поради обљуба врз немоќно лице од Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „обљуба врз немоќно лице“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против албанскиот државјанин А.Ч.(30) со привремен престој во Охрид и К.К. (51) од Кичево. Пријавените во периодот од 19-ти до 20-ти овој месец, во куќа сопственост на К.К. во Кичево, злоупотребувајќи ја нејзината душевната растроеност извршиле обљуба врз 19 годишно душевно болно лице од Охрид. Оштетената, на 19-ти мај оваа година беше пријавена за исчезната, по што СВР Охрид презеде мерки за нејзино пронаоѓање. На 20-ти мај во 22 часот…

повеќе...

Тројца прилепчани осомничени за тешки кражби

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Д.М.(25), З.М.(33) и К.П.(28) сите од Прилеп поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела – “тешки кражби во обид“ предвидени и казниви по чл.236 вв член 19 од КЗ на РМ. На истите од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од по осум дена. Пријавените на 11-ти овој месец, во претпладневните часови на подрачје на Кисела Вода, поточно во стан на ул. „Марко Цепенков“ го извршиле првото кривично дело. Откако дошле до станот и се увериле дека…

повеќе...