Жител од Исланд заработи кривична поради „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.О. (22) од Исланд поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ во обид. На 20.04.2017 година пријавениот неовластено навлегол во е-маил комуникација, изготвил фалсификувана фактура и со менување на лажни банкарски податоци, создал услови паричните средства во износ од 4.725 евра уплатени од страна на Т.Д. (45) од Охрид, наместо да бидат пристигнати на сметката на неговиот деловен партнер од Р.Србија, биле уплатени на банкарската сметка на пријавениот.

повеќе...

Стружанец украл пари во куќа на ул. „Кузман Јосифоски Питу“

НК КР Струга поднесе кривична пријава против Д.М. (31) од Струга поради постоење основи ан сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Во периодот од 08 до 14.07.2017 година во куќа на ул. „Кузман Јосифоски Питу“ во Струга, сопственост на С.Л. (59), пријавениот со оригинален клуч, пронајден под чергата пред влезната врата, влегол внатре и одзел 700 евра, 5.500 денари и 22 американски долари.

повеќе...

Приведени седум лица поради нарушување на јавниот ред и мир на плажа во Охрид

Седум лица се приведени во СВР Охрид, по нарушувањето на јавниот ред и мир со употреба на опасно орудие, што вчера во 10 часот и 50 минути се случи на плажа во комплексот „Горица-3“ во Охрид. Приведувањето на пет од нив е извршено откако претходно, на неколку одделенија во Општата болница во Охрид им е пружена неопходната медицинска помош. Најверојатно поради, подолг временски период нерешени меѓусебни недоразбирања, нарушувањето, најнапред се случило помеѓу две помали групи по што набрзо на местото на настанот пристигнуваат униформирани полициски службеници кои, веднаш започнале со…

повеќе...

Жител од Лабуништа починал додека бил на гости во Охрид

Синоќа во 22:30 часот во Полициската станица во Охрид од страна на лекар од Медицинскиот Центар – Охрид, пријавено е дека во куќа на ул. „Гоце Делчев“ во Охрид, констатирана е смрт кај Ќ.Ф (62) од село Лабуништа-Струга. Истиот бил на гости кај Б.Б (51) каде му се слошило и паднал на подот. Увид е извршен од страна на увидна екипа при СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

повеќе...

Туристи се пожалиле на труење од храна што ја конзумирале во струшки хотел

Вчера околу 09:35 часот во Полициската станица во Струга, од Медицински Центар Струга било пријавено дека во Интерното одделение биле донесени: Е.Б од Холандија, М.Т и А.А двете од Израел, кои биле сместени во хотелот „Изгрев“. Истите се пожалиле на труење од храна што ја конзумирале во хотелот. По укажаната лекарска помош, истите се пуштени на домашно лекување. Запознати се Јавен обвинител и Државен санитарен инспекторат.

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец кој со нож и секира ја повредил мајка си

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.С.(43) од Охрид. Пријавениот, казненото дело го сторил на седми мај оваа година околу 21:00 часот во семејната куќа на улицата.,,Даме Груев” во Охрид каде, во видно алкохолизирана состојба започнал вербална расправија со неговата мајка барајќи и пари. Откако оштетената му одговорила дека нема пари, пријавениот земал нож во рацете и крајно агресивен и упатил сериозни закани по нејзиниот живот. Потоа го отфрлил ножот и земал секира по што, физички ја нападнал ударајќи…

повеќе...

Ограбен маркет во Охрид

На 07.07.2017 година околу 04:20 часот во Охрид на ул.„Димитар Влахов“ во маркет „Теди“, непознато маскирано лице со закана со пиштол извршило разбојништво врз вработената, при што одзело сума на пари од околу 60.000 денари од дневниот промет. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Во Охрид реализиран проектот „Улогата на полицијата во демократизацијата на општеството“

„Улогата на полицијата во демократизацијата на општеството“, е насловот на проектот што викендов во Охрид се реализираше во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Оддел Македонија. На денешните завршни сесии, ќе биде извршена презентација на тема „Односот на полицијата со јавноста на ниво на локална заедница“-дефинирање на основните поими и осврт на законската рамка во Република Македонија како и осврт на полициската организација и нејзиниот однос со јавноста во Република Македонија. Меѓу другите, во рамките на проектот беа направени и осврти по темите „Основни човекови права и слободи“, „Предизвици на…

повеќе...

Кривична пријава за две лица поради бесправно градење

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.И. (82) од струшкото село Подгорци и А.Е. (56) од селото Калишта. Пријавениот С.И. нелегално односно без одобрение, на катастарска парцела 595 во селото Подгорци започнал со градба на ограда со должина од 6,90 метри и висина од 0,35 метри. Второпријавениот А.Е. со нелегална градба отпочнал на катастарска парцела 407/1 во струшкото село Калишта со должина од 55м +24м, а во површина од 1281 метри квадратни. Од страна на градежна инспекција…

повеќе...

Стружанец со чекан нападнал продавач

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против О.С. (34) од Струга. На 25-ти април годинава, пријавениот, во продавницата за електо-материјали во Струга, предизвикал караница со сопственикот на продавницата и ја загрозил неговата сигурност. Настанот се случил околу 13 часот кога, сега пријавениот влегол во продавницата за електо-материјали „Солун“ лоцирана на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга. Притоа, побарал бакарен кабел со должина од околу 400 метри за монтирање на терен со ветување дека…

повеќе...