Пронајдена дрога во дом на охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А. (34) во Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 12.10.2016 година во Охрид бил извршен претрес на дом и помошни простории кои ги користи пријавениот и притоа биле пронајдени и одземени 3,85 грама марихуана.

повеќе...

Кривична за битолчанка поради фалсификување или уништување деловни книги”

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување или уништување деловни книги”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Б. (54) од Битола, со престој во Охрид. На 13-ти април оваа година, пријавената, неовластено се потпишала во деловната книга за евиденција на присутност за работа за 2017 година која, работодавачот ЈП „Македонски шуми-ПШС Галичица Охрид“ уредно ја водел. Тоа го направила утрото при евидентирање на присуството на работа, кога забележала дека за претходниот ден, не внесла потпис на местото определено за време на заминување од работа по што од…

повеќе...

Честитка од градоначалникот Бакрачески до Македонската полиција

По повод 7 мај, Денот на Македонската полиција, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, до припадниците на Министерството за внатрешни работи, упати честитка во која стои: „Денес кога Македонската држава е исправена пред нови предизвици, Вие како припадници на Министерството за внатрешни работи, ја имате одговорноста како и многу пати во минатото, да бидете последната брана за зачувување на мирот, безбедноста и правниот поредок на Република Македонија. Верувам дека и овој пат ќе бидете на висината на задачата со која безбедноста и сигурноста на сите граѓани ќе биде гарантирана. Граѓаните на…

повеќе...

Одржана општинската сообраќајно воспитна манифестација „Детски семафор 2017“

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, денеска успешно ја реализира општинската сообраќајно воспитна манифестација „Детски семафор 2017“. Севкупен победник е екипата од основното училиште „Кочо Рацин“ од Охрид кои, ќе бидат учесници и на Регионалното натпреварување „Детски семафор“ што овој месец ќе се одржи во Кичево. Најдобри резултати во женска и машка конкуренција постигнаа Снеже Змејкоска од основното училиште „Св.Климент Охридски“ и Владимир Јованоски од основното училиште „Кочо Рацин“. Тие се добитници на наградата велосипед. За освоено второ и трето место, награда велосипедска кацига, добија Анастасија Вељјаноска…

повеќе...

СВР Охрид го одбележа Денот на полицијата

СВР Охрид, ефикасно и ефективно се справува со сите видови криминалитет и има зголемена ефикасност во откривањето на казнените дела на целото подрачје, рече началникот на одделението за криминалистичка полиција во СВР Охрид, Игор Смилески, на денешната прослава по повод претстојниот 7 мај, денот на македонската полиција и денот на безбедноста. Во 2016 година регистрирани се 1564 казнени дела што претставува намалување за 16 проценти во однос на предминатата година, нагласи началникот Смилески. Тој кажа дека СВР Охрид регистрира намален број на тешки кражби за 15 проценти и бележи зголемена…

повеќе...

Охриѓанец со нож нападнал две лица

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б. (27) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при караница или тепачка”. На 15.03.2017 година во 15:45 часот на градскиот пазар во Охрид пријавениот започнал жестока вербална расправија со С.Ф. од с.Лескоец, охридско, при што му упатил и сериозни закани. Во еден момент, пријавениот извадил нож и замавнал кон С.Ф., но и кон Е.Ф. од истото село. После тоа, од страна на граѓани, ножот му бил одземен и предаден на полициски службеници.

повеќе...

Во сообраќајка повреден 34 годишен жител од Струга

На 03.05.2017 година околу 14.30 часот на локалниот пат с.Вишни-с.Радолишта, струшко, се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Т. (34) од Струга, поради неприлагодена брзина на движење спрема условите и состојбата на патот, изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна и излетал надвор од коловозот, во провалија. Во незгодата И.Т. се здобил со тешки телесни повреди. Истиот, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата за коскени заболувања Св.„Еразмо“ во Охрид, каде е задржан на лекување. Увид на местото на…

повеќе...

Пронајдена и одземена дрога од жител од Радолишта

ПС Струга поднесе кривична пријава против Д.Ш. (38) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 07.08.2016 година во Струга, на ул. „Маршал Тито“ бил извршен преглед над пријавениот при што биле пронајдени и одземени 3,53 грама марихуана, 0,5 грама мешавина од тутун и марихуана, 20 таблети со активна компонента бромазепам – медикамент од групата на бензодиазепини и нож на расклопување со сечило од 9 см. Пријавениот, марихуаната ја набавил за цена…

повеќе...

Кривична пријава за две лица кои фалсификувале пари

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување пари“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против С.Н. (53) од Скопје и И.И. (59) од селото Голем Папрадник општина Центар Жупа. На трети февруари оваа година, пријавените во Скопје во оптек пуштиле фалсификувана банкнота од 1000 денари со сериски број ВА 2334139. Сметајќи дека е оштетена, С.Н. му ја предал банкнотата од 1000 денари на И.И. кој пак се упатил во Народна банка каде сакал да ја замени. Тука било утврдено дека банкнотата е фалсификат по што од…

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец кој украл музички инструменти

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Ј.(33) од Охрид. Пријавениот, казненото дело го сторил на 23 јануари оваа година во вечерните саати од куќа на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид. Тој, откако констатирал дека во куќата нема никој, со подесен алат и со примена на физичка сила, ја отворил влезната врата, влегол внатре и од дневната соба одзел еден саксофон марка „Селмер-Прелуде“ во црн куфер во кој имало и усник за „Алт“-саксофон марка „Јаганисава“ и еден кларинет Буфетерц“ во…

повеќе...