Преподобен Теодор Осветен

Денес е празник посветен на Преподобен Теодор Осветен. Ученик на Свети Пахомиј. Роден и воспитан како незнабожец, но како млад дојде до познание на вистинската вера, се крсти и кога чу за Свети Пахомиј, побегна во манастирот тајно од своите родители. Свети Пахомиј го замонаши и го засака заради неговата необична ревност и послушност. Кога дојде мајка му да го вика да се врати назад, тој не сакаше да ѝ се јави, туку се молеше на Бога за неа, за да ја просветли и неа со вистината. И навистина, мајката…

повеќе...

Свети Ахил, епископ Лариски

Свети Ахил, епископ Лариски Овој голем јерарх и чудотворец беше роден во Кападокија. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор, на којшто ги посрами еретиците како со својата ученост така и со светоста, предизвикувајќи голем восхит. Зеде Свети Ахил еден камен и им викна на ариевците: „Ако Христос е создание Божјо, како што велите вие, речете од овој камен да потече елеј?“ Еретиците молчеа и се чудеа на таквата покана од светителот. Тогаш Свети Ахил повторно рече: „А ако Синот Божји е рамен на Отецот, како што веруваме ние, нека потече елеј…

повеќе...

Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува, дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија (“Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 2 јуни 2017 година (петок), Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

повеќе...

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Свети Леонтиј е роден во Струмица, поранешен Тивериополис, од богати и благочестиви родители. На Крштението го добива името Лав. Штом научи да чита почна да ги изучува Светото Писмо и житијата на Светиите, a во душата му се роди желба да стане монах. По смртта на родителите се повлече на една осамена гора, каде што почна да се подвизува, а потоа замина за Цариград, каде што стапи во манастирот на Пресвета Богородица, наречен Птелидион, тука примајќи монашки потстриг. Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и…

повеќе...

Светиот маченик Александар

Словенин. Осумнаесетгодишен војник во војската на царот Максимијан. Одрече да ја изврши царевата наредба за чествување на римските идоли, заради што му беше предаден на капетанот Тиверијан: или да го посоветува да се откаже од Христа или да го мачи и да го погуби. Бидејќи сите совети му беа залудни, Тиверијан го зеде со себе, го поведе низ Македонија кон Цариград, каде што и самиот мораше службено да оди. Во секое место низ коешто ќе поминеа Александар беше луто мачен, но секаде излегуваа пред него христијаните молејќи го за благослов…

повеќе...

Вознесение Христово – Спасовден

Славниот и светол ден на Вознесението Христово, скоро во целиот православен свет е наречен Спасовден (празник на спасителот). Денот никогаш не го менува, секогаш се празнува во четврток, точно на четириесеттиот ден од Воскресението на Господ Исус Христос. Тоа е стар празник, востановен уште од времето на апостолите. Во првите векови на христијанството се празнувал заедно со празникот Светата Педесеттница, а од четвртиот век започнал да се празнува посебно. Спасителот на светот, Господ Исус Христос, секогаш со зборови и дела ги поткрепувал Неговите ученици во ширењето на вистината за Неговата…

повеќе...

Свечено одбележан Денот на Светите Кирил и Методиј

Со положување на цвеќе пред споменикот на Светите Кирил и Методиј, денеска, свечено беше одбележан 24. Мај денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј. Делегации на Општина Охрид, општинското средно училиште што го носи името на просветителите, сите останати воспитно образовни институции, здруженија на граѓани и политички партии, се поклонија и положија свежо цвеќе пред споменикот на браќата. Традиционално на овој ден, градоначалникот Никола Бакрачески, на учениците од општинските основни и средни училишта што освоиле награда на државни или меѓународни натпревари, им врачи пригодни награди. Претходно градоначалникот Бакрачески присуствуваше…

повеќе...

Концерт во чест на Св. Кирил и Методиј во црквата Св. Софија

Како дел од чествувањата на Св. Кирил и Методиј, во црквата Св. Софија во Охрид, на 27-ми мај (сабота) ќе се одржи концерт на растечка генерација македонски пијанисти. Концерот ќе се одржи под уметничко раководство на проф. д-р Ана Гацева и проф. м-р Даниел Чуркоски. Во рамки на концертот, воведна реч ќе има проф. д-р Димитар Пандев, а ќе настапат и актерот Јован Цветкоски и сопранот Галина Куценко. Во сабота во 19:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на Св. Кирил и Методиј во градскиот парк, а во 19:30 часот…

повеќе...

Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни

Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј , како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (познат и како Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во православната македонска и општо во сесловенската историја. Во првата половина на IX в. словенските земји на Балканот биле своевидно јаболко на раздор меѓу…

повеќе...

Пренос на моштите на Свети Николај, Чудотворец Мирликиски

Пренос на моштите. Во времето на царот Алексеј Комнен и на патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради навалата на муслиманите на Ликија. Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се пренесат во тој град. Во она време градот Бари беше православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на Светителот се случија многу чуда, како од допирот на моштите така…

повеќе...