Стручниот Комитет на УНЕСКО разгледувајќи ја Номинационата Форма за прогласување на Охрид-Преспа за Биосферен резерват даде ПРЕПОРАКА и ОДОБРЕНИЕ до Интернационалниот Совет на УНЕСКО, ДА ГО ПРОГЛАСИ македонскиот и албанскиот дел на регионот Охрид-Преспа за Биосферен резерват заради неговото уникатно значење и вредности кои ги содржи. Стручниот Комитет исто така препорача во моментот штом грчката страна изрази волја да се приклучи кон Биосферниот резерват веднаш да стане дел од Прекуграничниот Биосферен резерват. „Првата вредност на оваа одлука е што Стручниот Комитет на УНЕСКО го одобрува Номинациониот Акт на кој долго…
повеќе...Tag: преспа
Концесии за стопански и рекреативен риболов
Владата под концесија ќе ги даде рибите од водите на Преспанското, Тиквешкото и дел од Охридското Езеро како и водите на шест акумулации и повеќе сливови на реки. Постапката е почната. Повикот е објавен пред десетина дена и се однесува на три концесии за стопански риболов и 25 за рекреативен риболов. Концесиите се даваат на рок од шест години, а ќе бидат за првпат распределени по електронски пат. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на прес-конференција со минситерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски рече дека ова придонесува кон економски развој…
повеќе...Активностите на Билатералниот секретаријат за заштита на сливот на Охридско Езеро – позитивен пример претставен во најновиот Водич за имплементација на Светската конвенција за прекугранични води
Активностите на Билатералниот секретаријат околу заштита на сливот на Охридско Езеро влегоа како позитивен пример во последното издание на официјалниот Прирачник на Обединетите нации за значајни прекугранични проекти како водич за имплементација на Светската Конвенција за прекугранични води. Во луксузното издание на Прирачникот на ООН на страна 37 покрај текстот за заштитата на Езерото и за воспоставените прекугранични институционални активности и цели, се наоѓа и фотографија на Охрид што е извонредна бесплатна реклама низ светот за градот и неговото природно и културно наследство . Покрај ова Билатералниот Секретаријат, пред тоа…
повеќе...