Зачнувањето на Св. Јован Крстител Овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на Св. Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, коишто целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената уторба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со Свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господ Исус Христос. Преку Своите ангели Бог го објави раѓањето на Исак од бездетната Сара и…
повеќе...Tag: религија
Собор на сите македонски Светители
Светата Македонска Православна Црква во првата недела од месец октомври, со голема слава и чест го празнува споменот на сите македонски светители, кои со своите богоугодни дела имаат големо значење на само за македонскиот народ, туку и за целиот Христијански свет. Извршувајќи дела достојни за светители, тие се издигнаа кон боженствениот живот и Бог ги овенча со вечни венци на славата. Доколку некој упати поглед кон минатото со сигурност ќе види дека на територијата на Македонија во текот на вековите се раѓале и дејствувале голем број на Христови војници кои…
повеќе...Во Лагадин традиционално одбележан празникот Св. Софија, Вера, Надеж и Љубов
Традиционално верниците денес го одбележаа празникот посветен на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија во истомената црквичка во Лагадин. На големиот црковно народен собир присуствуваа голем број на верници, палеа свеќи, се молеа за здравје, среќа и благосостојба. Црквата во Лагадин пред 15 години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава на именденот на сите охриѓани кои ги носат имињата на маченичките. WebOhrid
повеќе...Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
Денес е празник посветен на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија. Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (софија – мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но…
повеќе...Свети литургии за празниците Св.мч-ки Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија и Собор на сите македонски светители
Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30ти септември (петок), во катедралниот храм „Св.Софија“ – Охрид, со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“. На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско кичевски г.Тимотеј (Едноцрквие). На 2ри октомври (недела), во катедралниот храм „Света Софија“- Охрид, со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на сите македонски светители“ на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во сослужение на останатите членови…
повеќе...Крстовден (Воздвижение на Чесниот Крст)
На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде што се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, којшто на Голгота го подигна царот Адријан. Царицата нареди и го разурнаа оној идолски храм, па копајќи во длабочина…
повеќе...Осветувањето на храмот на Христовото Воскресение
Денес се слави празникот посветен на Осветувањето на храмот на Христовото Воскресение. Кога Светата царица Елена го најде Господовиот Крст во Ерусалим, во таа прилика се задржа подолго во овој Свет град и изгради цркви во Гетсиманија, во Витлеем, на Елеонската Гора, како и на други прославени места од овоземниот живот и подвиг на Исус Христос. А на Голгота, каде што и го пронајде Чесниот Крст, започна да гради огромна црква под чијшто покрив се наоѓаше и самата Черепница каде што беше распнат Господ, како и местото каде што Го…
повеќе...Светиот свештеномаченик Автоном
Се оддалечи во времето на гонењето на Диоклецијан од Италија во Витинија Азиска, во местото наречено Сореос и таму долго време помина во христијански подвиг и изгради црква посветена на Светиот Архангел Михаил. Престојуваше во куќата на еден добар христијанин Корнелиј, когошто Автоном го посвети најпрво за презвитер, а потоа и за епископ. Недалеку од градот Сореос беше местото Лимна, населено само со незнабожци. Свети Автоном отиде во тоа место и набргу многумина ги просвети со Христовото Евангелие. Тоа ги озлоби незнабожците и тие еден ден јурнаа во црквата на…
повеќе...Светиот маченик Јулијан со четириесетмина другари
Светиот маченик Јулијан со четириесетмина другари Сите пострадаа околу 300 година. Прво беа мачени, па убиени со меч. Пред својата смрт, Св. Јулијан Го молеше Бога вака: „На оние што ќе земаат од правот мој, подај им, Господи, простување на гревовите и стивнување на страстите. Нивните полиња нека не ги напаѓаат ни штетни птици, ни скакулци, ни гасеници, ни други смртоносители, а мојот дух прими го во мир.“
повеќе...Светите маченици Македониј, Татијан и Теодул
Светите маченици Македониј, Татијан и Теодул Пострадаа за Христа во времето на Јулијан богоотстапникот, а во местото Мероса Фригиска. Беа луто мачени заради разорувањето на некоја идолска статуа. Ги печеа на железна леса с ѐ додека не Му ги предадоа душите на Бога. Додека ги гореа на оган овие храбри мажи му се потсмеваа на мачителот: „Нема да пробаш од нашето месо како е испечено?“ И уште велеа, како славниот ѓакон Леонтиј: „Сврти н ѐ на другата страна, зашто оваа веќе се испече!“ Гледајќи ги и слушајќи ги мачениците на…
повеќе...