Свети литургии за празниците Св.мч-ки Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија и Собор на сите македонски светители

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30ти септември (петок), во катедралниот храм „Св.Софија“ – Охрид, со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“.

SofijaVeraNadezLjubov

На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско кичевски г.Тимотеј (Едноцрквие).

На 2ри октомври (недела), во катедралниот храм „Света Софија“- Охрид, со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на сите македонски светители“ на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА.

CrkvaSvod

По завршувањето на литургијата – ќе следи промоција на книгата „Св.Климент Охридски“ – (хагиографија и химнографија).

На овој ден богослужба ќе има само во црквата Св. Софија – Едноцрквие.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.