На продолжението на прекинатата триесет и деветта седница на Советот на општина Охрид беа усвоени програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2015 година, измените и дополнувањата на развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид во 2015 – 2017 година и одлуката за давање во закуп на недвижен имот. Беа усвоени извештајот за реализација на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2015 – 2018 за периодот од 01.01. – 31.03.2015 година, извештајот за реализација на…
повеќе...Tag: совет
Нов ценовник за паркирање за време на летните месеци
Советниците во Советот на град Охрид на денешната Седница ја изгласаа предлог одлуката за измени на ценовникот за паркирање возила во летниот период од годината во централното градско подрачје. Според градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, одлуката е апсолутно оправдана ако се земе во предвид фактот дека со неа битно ќе се придонесе во адекватно регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје чија фреквенција во летниот период од годината е за 7-8 пати поголема во однос на останатите периоди од годината а исто така ќе се придонесе и во зголемување на…
повеќе...Презакажана 40-та седница на Советот на општина Охрид
Од Локалната самоуправа информираат дека 40-та седница и продолжението на 39-тата седница на Советот на општина Охрид закажани за ден 11.05.2015 година (понеделник) со почеток во 11,00 часот, се презакажуваат за ден 12.05.2015 година (вторник) со почеток во 11,30 часот.
повеќе...Продолжението на 39-та седница на охридскиот совет ќе се одржи во понеделник
Од Локалната самоуправа информираат дека продолжението на 39-та седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи на 11-ти мај(понеделник), веднаш по завршувањето на 40-та седница која ќе се одржи истиот ден со почеток во 11,00 часот.
повеќе...Свикана четириесеттата седница на Советот на Општина Охрид
Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ четириесеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 11.05.2015 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот : Д Н Е В Е Н Р…
повеќе...Прекината триесет и деветтата седница на Советот на Општина Охрид
По четири саати расправа, 39 – седница на Советот на општина Охрид, беше прекината со само една помината точка од дневниот ред. Дебатата со спротивставени гледишта се водеше само околу точката за Предлог одлуката за поништување на постапката по огласот за воспоставување на договор за јавно приватно партнерство за модернизација, проширување и одржување на системот за јавното осветлување на општина Охрид. Во завршното обраќање пред советниците, градоначалникот Бакрачески истакна: „И покрај тоа што е спроведена кристално чиста постапка за јавно приватно партнерство, во која се испочитувани сите законски норми и…
повеќе...МСО организира локална дискусија за подобрување на актуелните политики за младинско вработување
Младински Совет Охрид, како регионална канцеларија на коалицијата на младински организации СЕГА, денес организира локална дискусија за подобрување на актуелните политики за младинско вработување. Локалната дискусија е дел од проектот „Креирање Ефективни Можности за младинско вработување“. На дискусијата ќе се работи врз основа на согледувањата од истражувањето за актуелните политики за младинско вработување на ЕУ и РМ, кое дава осврт и насоки за локалните дискусии за подобрување на системот за премостување на транзицијата од образование до вработување на младите. Петте насоки кои произлегуваат од истражувањето ќе бидат дискутирани од претставници…
повеќе...Закажана триесет и деветтата седница на Советот на Општина Охрид
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРИЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ триесет и деветтата седница на Советот на општина Охрид на ден 29.04.2015 година (среда) со почеток во 11,30 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот: Д Н Е В Е…
повеќе...Александар Николоски претседаваше со пролетната сесија на ПС на Советот на Европа
„Имам чест на мојот македонски јазик да ви посакам успешна работа“, на овој начин Александар Николоски го започна претседавањето на пролетната сесија на ПС на Совет на Европа, најстарото и најголемо парламентарнпо собрание во Европа со 318 пратеници од 47 земји. Иако официјални јазици за претседавање се англиски и француски Николоски ја искористи можноста на македонски да ги поздрави пратениците. Во јануари 2015 година, Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија, Александар Николоски беше избран за еден од потпретседателите на Парламентарното собрание за 2015 и 2016 година. Во текот…
повеќе...Заштита на личните податоци – клуч кон приватноста
На 3-ти април во малата сала на општина Охрид, на иницијатива на Локалниот совет на млади беше одржано двочасовно предавање од страна на претставник на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Предавањето беше од едукативен карактер, а во насока на институционално препознавање на Дирекцијата и претставување на иницијативите и активностите на овој орган за подигање на јавната свест кај младата популација. Имено, Дирекцијата за заштита на личните податоци сé повеќе активно се вклучува во активности поврзани со младите, особено во претстојните работилници за дискусија околу Националната стратегија за млади 2016-2025…
повеќе...