Свикана триесет и третата седница на Советот на Општина Охрид

ЈА СВИКУВАМ триесет и третата седница на Советот на општина Охрид на ден 03.12.2014 година (среда) со почеток во 11,30 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот : Д Н Е В Е Н Р Е Д Усвојување на Записниците од 31-вата и 32-втората седница 1. Предлог Одлука за утврдување Нацрт Фискална стратегија и Развојни програми на општина Охрид за 2015 година. 2. Предлог Деловник за работа на Советот на општина Охрид. 3. Предлог Одлука за усвојување на Годишната Програма за работа…

повеќе...

Свикана вонредна седница на Советот на Општина Охрид

Советот на Општина Охрид, денеска со почеток во 15 часот ќе одржи вонредна седница. На вонредната, 32 седница, Советот ќе расправа единствено по предложената одлука за исплаќање на долгот на ОУ „Григор Прличев“ кон ЕВН за потрошена електрична енергија.

повеќе...

Одржана триесет и првата седница на Советот на Општина Охрид

На денешната седница на Советот на општина Охрид беа прифатени извештаите од работењето и остварените резултати на ЈП „ Охридски комуналец“ , ЈП „ Градски пазар“ , ЈП „ Нискоградба“ , ЈП „ Градски гробишта“ и ЈП „ Билјанини извори“ за периодот од 01.07. до 30.09. 2014 година, како и извештајот на РЕ „Водовод“ за периодот од 01.01. до 30.09.2014 година . Беа прифатени предложените одлуки за измените на развојните програми за оваа и за периодот 2014-2016 година за поттикнување на развојот на туризмот во општина Охрид, за локалниот економски…

повеќе...

Интерактивна промоција на конкурсот за групни јавни перформанси (flash mobs)

Младински Совет Охрид, тимот на Bezomrazno.mk и специјалниот гостин Пеце – Суперхикс ќе одржат интерактивната промоција на конкурсот за групни јавни перформанси (flash mobs), кои илустрираат позитивна порака против говорот на омраза. Промоцијата ќе се одржи денес (среда), во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 12.30 часот. „На настанот ќе поразговараме за говорот на омраза во јавната комуникација, ќе им помогнеме на потенцијалните грантисти да ги формулирате своите идеи за јавни групни перформанси преку практични примери, и секако, ќе одговориме на сите прашања поврзани со начинот на…

повеќе...

Заврши триесеттата седница на Советот на Општина Охрид

Советот на општина Охрид, на денешната седница  ги усвои извештаите за  реализација на програмите за периодот од 01.07 до 30.09. 2014 година, и тоа  за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот,  Програмата за поддршка на локалниот  економски развој,  Развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2014-2016 , Програмата за други комунални услуги, Развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2014-2016 година,Развојната програма за изградба на системи за водоснабдување 2014-2016 година, Развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување…

повеќе...

Во Трпејца ќе се избира Совет на месна заедница

Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа, Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ. На собирот ќе се врши избор на Совет на месна заедница. На 15.10.2014 (среда) со почеток во 17.00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Трпејца – с. Трпејца. Собирот ќе се одржи во основното училиште во с. Трпејца.

повеќе...

Заврши дваесет и деветата седница на Советот на Општина Охрид

Советот на општина Охрид, на денешната седница ги усвои извештаите за работењето и остварените резултати за првата половина од 2014 година на јавните претпријатија „ Охридски комуналец“ , „ Градски пазар“ , „ Нискоградба“ , „ Градски гробишта“ , „ Билјанини извори“ и Работната единица „ Водовод“ . Беа прифатени и годишните извештаи за работа и материјално- финансиското работење за учебната 2013/ 2014 година и програмите за работа за учебната 2014/ 2015 година на основните училишта „ Христо Узунов“ , „Григор Прличев“ , „ Св. Климент Охридски“ , „ Братство-…

повеќе...

Свикана дваесет и деветата седница на Советот на Општина Охрид

Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ДЕВЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ дваесет и деветата седница на Советот на општина Охрид на ден 30.09. 2014 година (вторник) со почеток во 11,30 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот :  Д Н Е В Е Н Р Е Д  Усвојување на Записник од 27-мата седница 1. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот oд работењето и остварените резултати на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид за…

повеќе...

Свикана дваесет и седмата седница на Советот на општина Охрид

ЈА СВИКУВАМ дваесет и седмата седница на Советот на општина Охрид на ден 22.08. 2014 година ( петок ) со почеток во 11,30 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот :  Д Н Е В Е Н Р Е Д Усвојување на Записник од 26-тата седница на Советот 1. Предлог статутарна Одлука за изменување на Статутот на општина Охрид. 2. Предлог Одлука за утврдување на листа за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина…

повеќе...

Локалниот економски совет расправаше за текот на туристичката сезона

Локалниот економски совет или такавиканиот „Совет на градски татковци“ заедно со претставници на угостителско- туристичките асоцијации, денеска на седницата, со која претседаваше градоначалникот Никола Бакрачески, расправаше за текот на годинашнава туристичка сезона. Во расправата беше анализирана актуелната состојба и беше договорено, ваква средба да се одржи и на крајот на главната туристичка сезона, за да може навреме да се почне градењето на стратегија за следната година. Беше оценето дека, според проценките на експертите, во наредниов период значително ќе се зголеми бројот, пред се на домашните и туристите од соседните земји…

повеќе...