Поради тоа што постоечката состојба на речното корито во потегот на селото Средоречие е доста тесно и плитко и обраснато со ниска и висока вегетација и делумно заполнета со наноси, деновиве сe спроведува акција за санација и расчистување на коритото на реката кај Средоречие. На овој дел од коритото се врши машинско отстранување на вегетацијата (капини и други нискостеблести и високостеблести растенија). Мерките се спроведуваат за да се заштити селото и полето од евентуално поплавување заради пораст на нивото на водотекот во престојниот период.
повеќе...Tag: средоречие
Градоначалникот Трајкоски изврши увид на изградбата на заштитниот ѕид во Средоречие
Градоначалникот на Општина Дебарца, Игор Трајкоски го посети селото Средоречие, со цел да направи увид до каде се градежните работи за изградбата на заштитниот ѕид на реката која за време на поплави се излева и го поплавува целото село. Градоначалникот продолжува да ги реализира ветувањата кои што ги даде во изборната кампања. Имено, Трајкоски како кандидат за градоначалник ги посети поплавените куќи и уште тогаш им најави на жителите дека со добивање на мандатот веднаш ќе се преземат потребните мерки за санација на овој проблем. За изградбата на овој заштитен ѕид…
повеќе...