Беше римски војвода во финикискиот град Триполис, во времето на царот Веспазијан. Родум од Елада, „растолит, снажен, крепок и храбар во битките.“ Царскиот намесник Адријан испрати еден одред војска за да го фати Леонтиј, зашто Адријан им беше јаросен противник и гонител на христијаните. Старешината на тој одред, Ипатиј, по пат се раболе од лута треска, па одредот мораше да го забави својот од. Една ноќ му се јави ангел Божји на Ипатиј, велејќи: „Ако сакаш да бидеш здрав, возвикни трипати кон небесата ти и сите твои војници: „Боже Леонтиев,…
повеќе...Tag: светец
Светите маченици Мануил, Савел и Исмаил (Петрови поклади)
Браќа по тело, Персијанци, од татко незнабожец и мајка христијанка. Крстени и воспитани во христијански дух. И како христијани беа високи чиновници кај царот Аламундар. Беа испратени кај царот Јулијан Отстапник да ги водат преговорите за утврдување на мирот меѓу персиското и грчко-римското царство. Царот Отстапник приреди некаква скверна свеченост за идолите во Халкидон. На таа свеченост царот и големците им принесуваа жртви на идолите. Персиските пратеници отсуствуваа од таа прослава. Царот ги повика и им нареди и тие да земат учество во свеченоста, да им принесат жртви на боговите.…
повеќе...Архиерејска литургија во манастирот „Свети Спас“ Лакочереј и во „Св.Наум“
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 13 јуни 2013 година (четврток), во манастирот „Свети Спас“ – село г. Лакочереј, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Вознесение Христово“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 16 јуни 2013 година (недела), во манастирот „Свети Наум Охридски“ – Охрид, ќе биде осветен параклисот посветен на свети Кирил и Методиј, и ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 8:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото…
повеќе...Со пригодна свеченост одбележан празникот Свети Кирил и Методиј
Општина Охрид со пригодна свеченост го одбележа денешниот ден, Денот на сесловенските просветители. Најпрво прославата започна со читање реферат за Св. Кирил и Методиј, во градскиот парк пред нивниот споменик. Свежо цвеќе положи делегација на Општина Охрид, претставици од Јавните претпријатија, како и претставници од основни и средни училишта од Охрид. Свеченоста продолжи со настап на инструментална нумера на виолинистот Петар Маркоски. Пред присутните се обрати секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески. „Моето обраќање токму тука на овој ден секако има уште поголема симболика. Особено ме прави горд фактот што…
повеќе...Во Куратица осветени темелите на црквата Св. Симеон Столпник
Со свечена литургија денеска во Куратица беа осветени темелите на црква посветена на Светиот Преподобен Симеон Столпник. Свет храм кој датираше од пред неколку децении на ова место, а кој со взаемна помош од месното население ќе биде повторно возобновен. На светиот чин покрај службата од страна на свештените лица, присуствуваа и голем број верници од Куратица и околината, каде после Црковниот обред беше служен и црковен ручек, во просториите на Основното училиште, од страна на Црковниот одбор. Ваквата заложба, како од страна на МЗ Куратица така и од месното население,…
повеќе...