Исплатени 77,4 милиони денари субвенции за тутунарите

Министерството за финансии денеска исплати 77,4 милиони денари на 2.069 тутунари за реколтата од 2013 година. Како што соопшти Министерството за финансии, станува збор за доисплата за откупен тутун на оние тутунари кои имале проблем со трансакциските сметки и кај кои сега се надминати техничките пречки. „Министерството за финансии продолжува со редовната исплата на субвенциите за поддршка на земјоделието, како една од носечките гранки на македонското стопанство“, стои во соопштението.

повеќе...

Со дегустација ќе се утврдува квалитетот на македонските цигари и тутун

На меѓународен настан, за првпат во земјава  ќе се дегустираат цигари и тутун и ќе се утврдува нивниот квалитет. Од 3 до 6 јуни во Охрид ќе се одржи меѓународната манифестација за дегустација на тутун и преработки од тутун „ИТТА – Охрид 2014“ на која ќе се утврдува квалитетот на повеќе од 60 тутуни и тутунски преработки. За дегустацијата се пријавиле три тутунски компании од земјава и повеќе од 30 компании од Србија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, БиХ, Германија, Турција, Индија, Грција. Ќе се утврдува квалитетот на повеќе од 60…

повеќе...

Груевски: Влегувањето на „Филип Морис“ стабилност и сигурност за тутунарите

Влезот на „Филип Морис“ во Македонија, која е најголемата компанија, број еден во светот за производство на цигари, е сигнал до многу други инвеститори  дека во државата има добри услови и клима за бизнис. Ова го потенцира денеска премиерот Никола Груевски по промоцијата на нови пет тома од капиталната едиција „Македонски искушенија“. „Да се влезе во еден таков ланец значи сигурност, стабилност пред се за луѓето кои соработуваат со овој Тутунски комбинат, односно оние кои го продаваат тутунот – тутунарите“, рече Груевски. Појасни дека оваа американска компанија држи најголем дел…

повеќе...

Ставрески : Ќе им помогнеме на тутунарите да потпишат договори со откупувачите

Во целост им се исплатени субвенциите на тутунарите, а деновиве разговараме со откупувачите да ги потпишат договорите со производителите кои им ги ветиле, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. „Она што сега го правиме како дополнителен напор е да се издејствува откупните комбинати да потпишат договори со тутунарите согласно договорот што го постигнавме пред десетина дена“, истакна Ставрески.  Според него, државата нема да ги остави тутунарите сами да се справуваат со проблемот.  „До крај ќе инсистираме да се испочитува она што го ветија откупните претпријатија, дека ќе се…

повеќе...

Ставрески: Сите тутунари ќе го продадат тутунот за 2014

Околу 17 отсто помалку ќе тежи годинашната реколта тутун, но сите производители кои лани склучија договори за откуп, тоа ќе може да го сторат и во 2014-та. Со ова намалување на производството што  на средба го договорија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за земјоделство Љупчо Димовски, претставниците на тутунарите и откупните компании, заштитена ќе биде најранливата категорија производители која се занимава со оваа дејност од егзистенцијални причини и остварува максималне принос до 500 килограми. „Во оваа тешка ситуација кога сите се соочивме со сериозен проблем однадвор, најдовме…

повеќе...

Исплатени 599,6 милиони денари субвенции на 18.248 земјоделци

Министерството за финансии исплати 599,6 милиони денари субвенции на 18.248 земјоделци по повеќе основи. „Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство“, соопшти денеска ресорното Министерството. За мерката произведен и продаден тутун од реколтата 2013, како што е наведено во соопштението, исплатени се 398,5 милиони денари на 13.056 тутунари. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 60 денари за килограм произведен и продаден тутун. За полјоделски култури исплатени се 60 милиони денари на 1.665 полјоделци. Финансиската поддршка…

повеќе...

Министерството за финансии исплати 1,2 милијарди денари субвенции за тутун

Министерството за финансии исплати 1,2 милијарди денари субвенции за произведен и продаден тутун од реколтата 2013 на над 27 илјади земјоделци. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 60 денари од произведен и продаден тутун. Исплатени се субвенции на тутунарите кои предале тутун во десетте регистрирани откупни претпријатија како „Алајанс уан“, „Сокотаб Битола“, „Струмица Табак“, „Тутунски комбинат Прилеп“, „Центро тобако“, „Далија табак“, „Орбита табак“, „Пашоски“, „Томи-Мит Јака Тобако„ и „Кавекс Балкан“. Владата на Република Македонија со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од…

повеќе...

Груевски: Годинава се очекува стабилен откуп на тутунот и просечна цена 180 денари

Премиерот Никола Груевски оваа година очекува откупот на тутунот да биде стабилен, со соодветна динамика и без сериозни проблеми. „Остануваат субвенциите кои ние ги гарантираме и ги исполнуваме во изминатите години. Пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ и оваа Влада само во фантазиите можеше да се замисли само едно евро да се дава за килограм тутун. Некои луѓе мислеа дека тоа е недостижно, но тоа го постигнавме само во еден ден. Дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и ги смени работите и тоа години наназад се спроведува“, рече Груевски, одговорајќи на новинарско прашање по…

повеќе...