До 15ти март се очекува над 400 илјади граѓани да поднесат годишна даночна пријава во УЈП

Од УЈП со апел до граѓаните да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот (15-ти Март 2017) за поднесување на Годишна даночна пријава (образец ПДД-ГДП), а со цел избегнување на метежи на даночните шалтери. Имено, заклучно со 13.02.2017 година, 51.616 граѓани ја исполнија својата даночна обврска, а во наредниот период се очекува уште над 350 илјади даночни обврзници да ги пријават приходите во УЈП, односно обврзниците кои во изминатата 2016 година освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, оствариле и други дополнителени приходи (види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/587). Граѓанинот…

повеќе...

УЈП со препораки за поднесување на ДДВ пријави и годишни извештаи преку е-даноци

Поради масовното поднесување на даночни пријави и годишни извештаи во овој период, а со цел да не се успорува системот е–Даноци се препорачува обврзниците да ги поднесуваат ДДВ-пријавите во текот на денешниот ден (краен рок) преку системот е-Даноци, а приоритет на Годишните даночни извештаи да дадат во наредните денови земајќи во предвид дека рокот за поднесување на истите е до 31 јануари 2017 година.

повеќе...

УЈП: Пријавете ги приходите од издавање под закуп на движен и недвижен имот

Од УЈП ги информираат граѓаните дека во рамките на Планот за управување со усогласеност со кој се таргетира издавањето под закуп на движен и недвижен имот, во наредниот период УЈП ќе спроведе низа активности, пред се од едукативен карактер, со цел зголемување на свеста и едуцираноста на даночните обврзници за нивните права и обврски, но и преземање на мерки за намалување на сивата економија насочени кон високо-ризичните даночни обврзници, каде УЈП има детектирано непријавување или нецелосно пријавување на остварените приходи од кирии. Пријавете ги приходите од издавање под закуп/подзакуп на имот…

повеќе...

Државната секретарка во МВР, Анастасија Илиеска, стана директорка на УЈП

Државната секретарка во МВР, Анастасија Илиеска, стана директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), потврдија од Владата за „Мета“. „По изборот на Кирил Миноски за министер за финансии, заради тековно извршување на функциите на институцијата, Владата одлучи директорот на подрачната единица на УЈП во Скопје, Петар Есмеров, привремено да биде назначен за вршител на должноста директор на УЈП. На минатата седница, Владата ја именуваше Анастасија Илиеска за директор на УЈП, а Петар Есмеров ќе продолжи да ја извршува позицијата директор на подрачната единица на УЈП-Скопје “– изјави портпаролот на Владата,…

повеќе...

Граѓаните да ги платат заостанатите долгови – УЈП ќе отпочне со присилна наплата на радиодифузната такса

Од УЈП ги повикуваат граѓаните кои имаат заостанати долгови за Радиодифузна такса, да извршат плаќање на оваа јавна давачка во најкусо време, бидејќи Управата за јавни приходи ќе отпочне со активности и постапки за присилна наплата. Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање на сметки и дополнителни трошоци, препорачуваат навремено да проверат дали имаат заостанати долгови, односно истите доброволно да ги платат. Како да проверите дали имате долгови за РДТ – УЈП доставува известување (опомена) до обврзникот секој месец, за износот на заостанатиот долг во Решението за РДТ. –…

повеќе...

Насоки за задршки од плата во МПИН-пресметка

Во насока на обезбедување на правата на работниците согласно одредбите од Законот за работни односи, Управата за јавни приходи ја зајакна контрола на нето платата за исплата на работникот (ефективно нето) во МПИН-пресметките. Имено, работникот има право на заработувачка – плата, во парична форма, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување. При исплатата, работодавачот мора да го почитува најнискиот износ определен со колективен договор, во согласност со закон, кој непосредно го обврзува работодавачот. Работодавачот може да го задржи исплаќањето на платата само во законски определените случаи. Со Законот…

повеќе...

Контакт Центарот на УЈП и Центарот за наплата на глоби и други јавни приходи со ново работно време до 18 часот

Од 1 Април 2016 година, Контакт центарот на УЈП и Центарот за наплата на глоби и други јавни приходи, лоцирани во Градскиот Трговски Центар (2-кат), работат со ново работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота. Со новото работно време се врши усогласување на достапноста на услугите кои ги нуди Управата за јавни приходи преку Регионалните дирекции и Даночните оделенија на УЈП. Корисни информации: – Соопштение „Од 1 октомври – Регионалните дирекции на УЈП со ново работно време до 18 часот“ од 12.09.2014 година…

повеќе...

Измени и дополнувања на Законот за финансиска дисциплина

Согласно измените и дополнувањата на Законот за финансика дициплина објавени во „Службен весник на РМ“, бр.215/15: 1. Се менува фазата во која овластените подносители се должни да поднесат Известување (образец МФ/УЈП) за пречекорување на законските рокови за плаќање. Управата за јавни приходи го спроведувa инспекцискиот надзор на деловните трансакции помеѓу економските оператори од приватниот сектор, кај кои е пречекорен законскиот рок за плаќање на обврските: – по добиено Известување МФ/УЈП од суд дека е донесена правосилна пресуда; – по добиено Известување МФ/УЈП од нотар дека е донесено правосилно и извршно…

повеќе...

Измени и дополнувања на одлуката за повластена даночна стапка за ДДВ

Владата на Република Македонија донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена даночна стапка на данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“,бр.31/16) од 22.01.2016 година, а со примена од 1 Март 2016 година. Со измените и дополнувањата на Одлуката проширен е опсегот на примена на повластената даночна стапка и тоа во делот на: -производи за човечка исхрана -производи што се употребуваат за исхрана на животни -бебешки производи и -училишен прибор Истовремено е прецизирано дека фолиите од пластична маса подлежат…

повеќе...

Утре е последен ден за поднесување на годишна даночна пријава

Утре/15 март е последен ден за поднесување на Годишните даночни пријава за остварени приходи на граѓаните во изминатата 2015 година! До 14.03.2016 година поднесени се вкупно 316 756 Годишни даночни пријави, од кои 1 530 се поднесени по електронски пат преку системот е-Даноци. Најголем број на даночни пријави се поднесени во Контакт центарот на УЈП и тоа 77 866. Во останатите даночни канцеларии по градови, бројот на поднесени ГДП е следен: За да се избегнат метежите, од УЈП препорачуваат, граѓаните кои се регистрирани корисници на е-Даноци своите пријави да ги…

повеќе...