Издавање на декларација и налог за плаќање по МПИН пресметка преку е-пошта или на електронски медиум

Од УЈП ги потсетуваат обврзниците дека МПИН пресметките за бруто-плата се доставуваат преку електронска пошта celaplata@ujp.gov.mk. По приемот и обработката на пресметките, Управата за јавни приходи издава Декларација и Налог за плаќање кои се доставуваат на електронската пошта на обврзникот, најдоцна во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата (види и Поднесување на пресметка и исплата на бруто-плата http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/645). Во случаите кога обврзникот не ги доставува пресметките на вообичаениот начин преку електронската пошта celaplata@ujp.gov.mk, односно пресметките ги доставува на електронски медиум (ЦД, УСБ и сл.) на шалтерите, УЈП врши обработка…

повеќе...

УЈП и овој месец организира обуки за сметководители

Среда, 02.03.2016 11:00 – Четврток, 17.03.2016 14:00, Берово, Гевгелија, Скопје, Битола, Прилеп, Свети Николе, Струга, Куманово, Виница, Струмица, Босилово, Крива Паланка, Радовиш, Ново Село, Штип, Делчево, Пробиштип, Кратово, Кочани, Охрид, Демир Хисар, Ресен, Крушево, Велес и Гостивар. Период: Од 2 до 17 Март 2016 година Локација: Берово, Гевгелија, Скопје, Битола, Прилеп, Свети Николе, Струга, Куманово, Виница, Струмица, Босилово, Крива Паланка, Радовиш, Ново Село, Штип, Делчево, Пробиштип, Кратово, Кочани, Охрид, Демир Хисар, Ресен, Крушево, Велес и Гостивар. Организатор: Управа за јавни приходи – Даночна академија Учество на обуката: Со регистрација, односно…

повеќе...

Доставата на декемвриските и јануарските решенија за РДТ ќе се врши во февруари

Се информираат обврзниците на радиодифузна такса дека поради потребата од дополнителни проверки на базите на податоци за РДТ и координативни активности со ЈП МРТ, доставата на декемвриските и јануарските Решенија за радиодифузна такса ќе се врши во месец Февруари, односно е веќе отпочната. Плаќањето на Радиодифузната такса за овие две Решенија (Декември и Јануари), граѓаните и фирмите потребно е да го извршат во најкраток можен рок од приемот на решенијата. Користете електронски сервиси за проверка и плаќање на Радиодифузна такса! Користете ја услугата е- РДТ https://etax.ujp.gov.mk за да вршите преглед…

повеќе...

Поднесување на даночни биланси „ДБ” И „ДБ-ВП” за 2015 година

Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ“) Доколку сте правно лице – резидент на РМ кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство или сте постојана деловна единица на странско правно лице која остварува добивка од вршење на дејност на територија на РM, имате обврска да поднесете Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”) до УЈП. Даночен биланс на вкупен приход (образец “ДБ-ВП”) Доколку сте мал или микро трговец кој извршува стопанска дејност (освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на игрите на среќа…

повеќе...

Истекува рокот за поднесување годишни извештаи и персонален данок и на барања за паушално оданочување на земјоделците

Денес истекува рокот за поднесување на Годишни извештаи за персонален данок и на Барања за паушално оданочување на земјоделците. Од УЈП потсетуваат дека согласно законот, даночните обврзници можат и денес/ 01.02.2016 година да ги поднесуваат Годишните извештаи ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ОЦО, ПДД/ГИ-ЗП (види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/546) и Барањата за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност ПДД-ПЗ (види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/543), бидејќи последниот рок за овие пријави беше вчера-недела/31.01.2016 година – неработен ден.

повеќе...

Бруто плата 2016 – најниска и највисока основица за пресметување на придонеси

Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2016 година изнесува 32.268 денари. Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2016 година (согласно член 15 и член 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување). Најниската основица за пресметка на придонесите за 2016 година изнесува 16.134,00 денари (50% од 32.268) Највисока…

повеќе...

УЈП: Поднесување на годишна даночна пријава до први февруари

Фирмите и работодавците, имаат уште неколку дена до истекот на законскиот рок за поднесување на: Годишен извештај на исплатувачот на приходи за бруто остварените приходи, платениот данок и придонеси и вкупно исплатените нето приходи (образец ПДД-ГИ); Годишен извештај за исплатени приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица (образец ПДД-ГИ/ОЗП); Годишен извештај за исплатени приходи при откуп на корисен цврст отпад од физички лица (образец ПДД-ГИ/ОЦО); Годишен извештај за корисниците на продажни места на зелените пазари (образец ПДД/ГИ-ЗП). *) Бидејќи последниот рок (31-ви Јануари) за поднесување на извештаите се…

повеќе...

Во тек е поднесување на годишната даночна пријава и пријавување на приходи во УЈП

Кој има обврска да поднесе Годишна даночна пријава (ГДП)? Задолжително поднесете Годишна даночна пријава (образец ПДД-ГДП) најдоцна до 15-ти Март 2016 година, доколку во измината 2015 година, сте оствариле дополнителни приходи, односно освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, сте оствариле и приходи од: кирии (издавање на имот – закуп или подзакуп); авторски права; индустриска сопственост; исплатена дивиденда; капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот; добивка од награднa игрa во износ поголем од 5.000 денари; приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски…

повеќе...

Обуки за сметководители за јануари 2016 година

Понеделник, 11.01.2016 – Среда, 27.01.2016, Ново Село, Куманово, Виница, Василево, Радовиш, Пехчево, Свети Николе, Штип, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Струмица, Босилово, Берово, Кратово, Битола, Велес, Гевгелија, Прилеп, Валандово… Период: Од 11 до 27 Јануари 2016 година Локација: Ново Село, Куманово, Виница, Василево, Радовиш, Пехчево, Свети Николе, Штип, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Струмица, Босилово, Берово, Кратово, Битола, Велес, Гевгелија, Прилеп, Валандово, Кавадарци, Неготино, Крушево, Охрид, Демир Хисар, Струга, Кичево, Скопје и Ресен. Организатор: Управа за јавни приходи – Даночна академија Учество на обуката: Со регистрација, односно најава на наведеното…

повеќе...

Земјоделци – Не заборавајте да поднесете барање за паушално оданочување за 2015 година

Доколку приходот од земјоделска дејност во 2015 година не надминува 1.300.000 денари, имате можност данокот на доход да го плаќате паушално. Без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување ви овозможува персоналниот данок да го плаќате еднаш во годината и да немате дополнителни трошоци за водење на деловни книги. Како да се регистрирате за паушално оданочување? Најдоцна до 31 јануари 2016 година на шалтерите на УЈП поднесете: 1. образец “УЈП-РДО/З“ – Пријава за регистрација на обврзници кои остваруваат приходи…

повеќе...