Богослужби по повод празниците Св.Петка и Св.Климент

По повод манастирската слава на манастирот „Света Петка“ – с. Велгошти, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека вечерва, 7 август 2012 година (среда), во манастирот „Света Петка“, с. Велгошти, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 19 часот. На 8 август 2011 година (четврток), во манастирот „Света Петка“, – с. Велгошти, ќе се служи света литургија, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, со почеток во 8:30 часот. Света архиерејска литургија,…

повеќе...

Акција за расчистување во Велгошти

Денеска екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведуваат широко-опфатна акција за средување на с.Велгошти. Се коси тревата покрај коловозот, се дотерувааат зелените површини, се расчистува натрупаниот и расфрлан отпад, а јавните површини се метат. Исто така рачно се расчистува речното корито на Велгошка река  од пластика и расфрлан градежен шут. Со ваквите активности ќе се продолжи и во останатите делови од Охрид и приградските населби.

повеќе...

„Тодор Александров“ чека промоција

Спортската сала во Велгошти го доби името „Тодор Александров“. Салата започна да се гради во 2002 година во непосреда близина на Основното училиште „Живко Чинго“. Во изминатата деценија истата никогаш не беше целосно завршена со градба, со што пропаѓаше поради својата недограденост, а беше и руинирана. Реконструкцијата на салата, Агенцијата за млади и спорт, ја започна на 21 септември 2012 година. Вредноста за реконструкцијата, санацијата и адаптацијата на спортскиот објект е 23,6 милиони денари, а финансиските средства Агенцијата за млади и спорт ги обезбеди преку Владата на Република Македонија. Спортската…

повеќе...